Спорт
Реал и Барса со напаѓачки формации во „ел калсико“
Жозе Мурињо на денешната прес конференција, во пресрет на „ел класико“, не се појави пред новинарите. Тој пред медиумите го испрати својот помошник Аитор Каранка.
Жозе Мурињо на денешната прес конференција, во пресрет на „ел класико“, не се појави пред новинарите. Тој пред медиумите го испрати својот помошник Аитор Каранка. Асистентот на Португалецот изјави дека и во дербито Реал ќе игра во формација 4-3-3. Инаку, Мурињо, особено по минатогодишниот дебакл и поразот од 5:0, за дерби дуелите со Барса знаеше да ја промени тактиката и да одигра нешто позатворена варијанта. „Ќе играме во формација 4-3-3, во нападот ќе бидат Ди Марија, Роналдо и Игуаин или Бензема, додека пред нив би требало да играат Кака или Езил и Дијара или Кедира, единствено сигурен во средниот ред е Чаби Алонсо. Сакаме да ја играме нашата игра и не не интересира кој е нашиот противник, тоа го покажавме и во Амстердам, каде игравме со полна сила, иако го имавме обезбедено првото место во групата. Реал се наоѓа во одлична форма, така што некоја посебна тактика за мечот со Барселона не подготвуваме“, рече на прес конференцијата Каранка. Весникот „Ас“ најави дека двата тима формациски ќе играат 4-3-3, а составите на двата тима изгледаат вака.Реал: Касиљас – Дијара, Серхио Рамос, Пепе, Марсело – Чаби Алонсо, Кедира, Езил – Ди Марија, Кристијано Роналдо, Игуаин.Барселона: Валдез – Дани Алвеш, Маскерано, Пике, Абидал – Бускетс, Чави, Иниеста – Фабрегас, Алексис Санчез, Меси. крај/as.com/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал го обнови интересот за Де Хеа
Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа повторно е во плановите на Реал Мадрид. Искусниот 33-годишен голман, кој е без тим од минатото лето кога му истече договорот со „црвените ѓаволи“, повторно се поврзува со Реал, кој сака да го донесе во своите редови, пишува „Релево“.
Де Хеа требаше да дојде во Реал минатото лето, по повредата на Тибо Куртоа, но на крајот клубот на општо изненадување реши да го позајми Кепа Аризабалега од Челзи.
Сепак, тој не успеа да ги импресионира клупските челници, по завршувањето на сезоната ќе се врати во Челси, а се очекува да си замине и Андриј Лунин, кој сезонава брани во врвна форма.
Луни бара нов клуб каде што ќе биде прва опција, бидејќи не сака да му биде резерва на Куртоа. Прашање е дали Де Хеа ќе се согласи да биде резервен голман.
Спорт
Ларкин од еден се сели во друг крај на Истанбул
Шејн Ларкин е еден од кошаракрите чии договор истекува на крајот од сезоната.
Американецот, пет сезони го носи дресот на Ефес. Со овој клуб освои две титули во Евролигата.
Ларкин ја има најголемата плата во Евролигата. Годишно тој заработува четири милиони евра.
Прашање е дали Ефес ќе му понуди нов договор на 31-годишниот Американец.
Наводно, целата ситуација внимателно ја следат од другиот крај на Истанбул. Фенербахче е заинтересиран да го донесе Ларкин од наредната сезона.
Фенербахче не е единствениот клуб кој покажува интерес за Ларкин, но според медиумите води во трката за неговиот потпис.
Оваа сезона Ларкин има 17 поени по натпревар, 5,2 асистенции, три скока и 1,1 украдена топка.
Спорт
Ѓоковиќ: Горан е член на семејството, пријател
Ден по веста дека Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ ја прекинаа соработката, српскиот тенисер тренираше во Белград, во Кошутњак со Ненад Зимоњиќ.
Хрватските медиуми во Белград, се обидоа да добијат дополнителни одговори, зошто тенисерот и тренерот ја прекинаа соработката.
Ѓоковиќ се подготвува за Мастерсот во Монте Карло.
Српскиот ас не сакаше да дава дополнителни коментари на актуелната тема, но љубезно им се заблагодари на сплитските новинари.
„Сега не можам ништо да коментирам, извинете што нема да ви го дадам тоа што го барате, но ви благодарам што дојдовте. Добредојдени сте да останете овде, но јас и Горан ја завршивме нашата соработка. Ја видовте објавата, така што…“, рече Ѓоковиќ и додаде.
„Горан е член на семејството, пријател засекогаш и така ќе биде. Професионално едноставно се разделивме, направивме историски резултат – најтрофејниот играч и тренер досега, па мислам дека се е кажано во тоа смисла“.