Спорт
Македонија доби организација на Европски шампионат во мотокрос
На 9-ти и 10-ти декември во Констанца, Романија, на годишниот конгрес на Балканската мото унија (БМУ) на Мотoциклистичка федерација на Македонија (МФМ) едногласно и’ е доделена организацијата на првиот натпревар од Европскиот шампионат во мотокрос.
На 9-ти и 10-ти декември во Констанца, Романија, на годишниот конгрес на Балканската мото унија (БМУ) на Мотoциклистичка федерација на Македонија (МФМ) едногласно и’ е доделена организацијата на првиот натпревар од Европскиот шампионат во мотокрос. што е најзначаен натпревар досега во организација на МФМ, со оглед на тоа што федерацијата постои само четир години.Традиционално МФМ ќе биде организатор на натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотокрос кој е закажан за 29 април 2012 година на патеката Милци крај Гевгелија. Во календарот на оваа дисциплина има вкупно осум натпревари, а натпреварот во Македонија е втор по ред.На 10пти во Констанца декември се одржа и свеченото прогласување на најдобрите во 2011 година. Одличните настапи во текот на целата сезона, на Гоце Томовски му го донесоа третото место во најсилната МХ1 класа во отворениот Источно-Европски шампионат во мотокрос. Тоа е првпат МФМ и Македонија освоија и одличје во екипен пласман. Ендуро репрезентација на Македонија го освои второто место на „Купот на нациите“ за што и беше доделен вицешампионскиот пехар. Покрај тоа, дел од наградите додели и преставникот на МФМ, Деан Блажевски.На конгресот во Коснтанца присуствуваа седум федерации од вкупно 13 членки, а Мотоциклистичката федерација на Македонија ја претставуваа Деан Блажевски и Владимир Карчицки. Уште еден претседателски мандат на БМУ доби Богдан Николов од Бугарија, додека едногласно беше продолжен мандатот на членот на Управниот одбор од МФМ, Зоран Наумовски. Свои претставници МФМ ќе има во комисиите за мотокрос, брзински мотоциклизам на кружни патеки, супермото и ендуро./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.