Контакт

Спорт

Русија, Норвешка, Шпанија и Ангола во четвртфиналето на СП

Објавено пред

Сао Паоло, 12.12.2011 (Макфакс) – На Светското првенство за ракометарки, кое се одржува во Бразил, познати се првите репрезентации кои ќе играат во четвртфиналето.

На Светското првенство за ракометарки, кое се одржува во Бразил, познати се првите репрезентации кои ќе играат во четвртфиналето. На првите четири осминафинални пресметки немаше ниту едно изненадување, Русија го совлада Исланд со 30:19 и во следната рунда ќе играат со победникот од натпреварот помеѓу Шведска и Франција. Норвешка лесно се справи со Холандија победувајќи со 34:22, норвежанките во четвртфиналето ќе играта со победникот од дуелот Романија-Хрватска. Ефикасен натпревар одиграа Ангола и Јужна Кореја 30:29, додека Шпанија во дербито на оваа фаза ја победи Црна Гора со 23:19. Вечерва со одигрувањето на преостанатите осминафинални дуели ќе бидат познати сите четвртфиналисти, на програмата се дуелите Романија-Хрватска, Бразил-Брег на Слонова коска, Франција-Шведска и Данска-Јапонија. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Челси е без пола тим во Минхен, Баерн заврши работа уште во Лондон

Објавено пред

Се очекува вечерашниот реванш меч од осминафиналето во ЛШ меѓу Баерн Минхен и Челси на „Алијанц арена“ да биде само формалност, а во прилог на тоа одат две поткрепи.

Баерн речиси 100% ја заврши работата уште на првиот меч во Лондон, славеше победа со 3-0 со головите на Левандовски и два на Габри. Втората неповолност за тимот предводен од Френк Лампард е што вечерва нема да може да смета на дури 9 фудбалери – Пулишиќ, Аспиликуета, Педро, Жоржињо, Маркос Алонсо, Гилмор, Лофтус-Шик, Ван Гинкел и Мусонда.

Ако на тоа се придодаде дека ниту Канте не е 100-отстотно подготвен, а голманот Кепа Аризабалага се пресели на клупата за резерви, станува јасно дека шансите за „сините“ да го поминат германскиот шампион се само теоретски.

Од друга страна, Баерн влегува полн со оптимизам во мечот затоа што ја освои двојната круна во Германија и сега атакува кон „пехарот со големите уши“.

Победникот од овој дуел, кој се игра вечерва во 21 часот, во четвртфиналето ќе се судри со подобриот од дуелот Барселона – Наполи.

Прикажи повеќе...

Спорт

Варан по најлошиот меч во кариерата: Им се извинувам на сите!

Објавено пред

Трагичар во синоќешниот пораз и елиминација на Реал Мадрид уште во осминафиналето во ЛШ беше францускиот дефанзивец Рафаел Варан. Тој беше директен виновник за двата гола на „граѓаните“. Неговите грешки знаеја како да ги казнат и Стерлинг, и Хесус.

По мечот на „Итихад“ разочарувањето кај еден од најдобрите дефанзивци во светот беше големо.

„Сакам да им се извинам на сите, ја преземам одговорноста за сето тоа што се случи. Овој пораз е моја вина и жал ми е поради соиграчите кои дадоа се од себе. На ова ниво на натпреварување, грешки како моите скапо се плаќаат“ рече Варан по мечот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Екс-напаѓач на Јунајтед доаѓа во Црвена Звезда за 2 милиони евра

Објавено пред

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Италијанецот Федерико Македа (28) најверојатно ќе биде нов играч на белградска Црвена Звезда. Српските медиуми пренесуваат дека „црвено-белите“ за Македа ќе издвојат 2 милиони евра, а останува само да се „испеглаат“ сите формалности од договорот со грчки Панатинаикос.

Македа за екипата каде предводник е Дејан Станковиќ би требало да потпише двегодишен договор со 500.000 евра по сезона плус бонусите кои можат да достигнат и до 300.000 евра. Тоа значи дека српскиот шампион за италијанскиот фудбалер би можел да издвои 1.6 милиони во наредните две сезони.

Македа има понуди и од Саудиска Арабија, но тој сака да остане во Европа. Италијанецот сака преку Звезда да се избори за трансфер во некоја поголема европска екипа.

Минатата сезона за ПАО постигна 12 гола.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ11 минута

Жени од Македонија, Албанија и Косово пронајдени во угостителски објект, сопственикот осомничен за трговија со луѓе

Десет женски лица од Македонија, Албанија и Косово биле пронајдени во угостителски објект во село Добридол, Гостивар. Сопственикот на објектот...

Топ19 минути

Возач удрил во велосипедист и избегал

Скопјанец на возраст од 24-години била префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди здобиени од сообраќајна незгода. Од МВР...

Македонија46 минути

Казнети 378 лица за неносење маска

Полицијата казнила 378 лица за неносење заштитна маска во текот на изминатиот ден. „Во текот на изминатото деноноќие (07/08.08.2020 година)...

Свет1 час

Во последните 24 часа во светот над 270.000 нови случаи на коронавирус

Во светот во последните 24 часа се регистрирани вкупно 278.291 нови случаи на коронавирус, а починале 6.815 лица, објави Светската...

Свет1 час

Рекорден број нови случаи на коронавирус во Јапонија

Во Јапонија во изминатите 24 часа се потврдени најголем број случаи на дневно ниво од почетокот на епидемијата на коронавирус....

Македонија2 часа

Деветнаесет години од нападот кај Карпалак во кој беа убиени 10 војници

Денеска се одбележуваат деветнаесет години од нападот врз конвојот на АРМ во кој беа убиени десет воени резервисти кај месноста...

Свет14 часа

(Видео) Најмалку 16 лица загинаа, а 123 се повредени во авионот кој се преполови во Индија

Најмалку 16 лица загинаа, а 123 повредени во авионската несреќа на „Ер Индија експрес“ што излета од пистата и се...

Свет15 часа

Седумгодишно момче почина од вирусот во САД – немало други болести

Седумгодишно момче кое почина од Ковид-19 е најмладата личност којашто го загибила животот од од оваа болест во американската држава...

Свет15 часа

Сè повеќе млади луѓе умираат од Ковид-19, кои се причините за тоа?

Високиот крвен притисок, дијабетес, дебелина и возраст се покажаа како најчести причини зошто некои пациенти не го преживуваат Ковид-19. Станува...

Свет17 часа

(Видео) Авион со 190 патници излета од писта во Индија и се преполови

Авион на „Ер Индија експрес“ со 191 патник од Дубаи се излизга од пистата и се преполови на аеродромот „Кожикоде“...

Топ18 часа

Велешанец исчезна во водите на Вардар при обид да спаси екипа на ЕВН

Полицијата трага по маж од Велешко кој со трактор се обидел да извлече возило на ЕВН, но бил повлечен од...

Македонија20 часа

Малиот Илче од Охрид, кој беше напуштен од родителите, по десет дена лекување, ја напушти Детската клиника

По десетина дена лекување на Детската клиника, 11-годишниот Илче од Охрид, кого родителите го напуштија, ја напушта болницата здрав и...

Свет21 час

Либанскиот претседател не исклучува надворешна вмешаност во експлозијата во Бејрут со ракета или бомба

Претседателот на Либан, Мишел Аун, не ја отфрла можноста за надворешна вмешаност во катастрофалната експлозија во главниот град Бејрут велејќи...

Свет22 часа

Првата вакцина против Ковид-19 во светот ќе биде регистрирана во Русија следната недела

Русија ќе ја регистрира својата прва вакцина против коронавирусот на 12 август, рече рускиот заменик-министер за здравство, Олег Гриднев, пренесува...

Македонија22 часа

Девојка пријавила дека била сексуално вознемирувана додека полагала возачки испит

Девојка, која полагала возачки испит, пријавила во Хелсиншкиот комитет дека била сексуално вознемирувана од еден од членовите на комисијата. Случајот...

Македонија22 часа

Хелсиншкиот комитет: Газди им дале 50 отсто помала плата на мајки на деца до десетгодишна возраст

Една од родовосензитивните мерки за справување со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, кои ги донесе Владата, e ослободувањето од работни...

Македонија23 часа

Ивица Коневски поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот градоначалник на Аеродром и член на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски....

Свет24 часа

Германија воведе задолжително тестирање на коронавирус на аеродромите

Бројот на заразени со коронавирус во Германија многу загрижувачки расте, најверојатно и поради големиот број повратници од ризични земји, пишува...

Свет24 часа

Пронајдена слабата точка на коронавирусот

Научниците од Универзитетот во Канзас ја открија слабата точка на коронавирусот „САРС-КоВ-2“. Порталот „Сајенс дејли“ известува дека експертите тестирале терапевтско...

Свет1 ден

Истражување: 60 отсто од излекуваните од Ковид-19 развиваат антитела

Уште на почетокот на јули виролозите од Медицинскиот универзитет во Виена известија дека само половина од заболените и излекуваните од...

Досие