Контакт

Спорт

Вардар заслужено до есенската титула

Објавено пред

Скопје, 12.12.2011 (Макфакс) – По пет месеци, и одиграни 18 кола, заврши есенскиот дел од првенството во Првата македонска лига (ПМФЛ).

dobivaj vesti na viber

По пет месеци, и одиграни 18 кола, заврши есенскиот дел од првенството во Првата македонска лига (ПМФЛ). Стартот на пролетниот дел од сезоната 2011/2012 од првото место ќе го започне  Вардар, екипа која сеуште не ја има почувствувано горчината на поразот во првенствените натпревари. „Црвено-црните“ есента ја завршија со 13 поебеди и пет нерешени средби и гол разлика 31:7. Единствениот пораз Вардар го доживеа во реванш четвртфиналната пресметка, во купот, со 11.Октомври (1:2), но тој пораз не го спречи пласманот на вардарци во полуфиналето. Вардар одигра пет средби во Купот на Македонија, забележа четири победи и еден пораз. Лидерот во првенството е заслужено на оваа позиција, избраниците на Илчо Ѓоргиоски, имаа константана форма, победуваа против „помалите“ тимови, а не загубија натпревар против директните конкуренти за титулата. Вардар го има најдобриот напад, заедно со Шкендија, и најдобрата одбрана во лигата, заедно со Металург, а Филип Ивановски со 14 погодоци е лидер на листата на стрелците. Во пролетниот дел Вардар ќе стартува со пет бода повеќе во однос на Металург и осум во однос на Шкендија. Токму Металург и Шкендија, според прикажаното и бодовната залиха ќе им бидат единствени конкуренти на „црвено-црните“ во борбата за титулата. Металург полусезоната ја заврши со само еден пораз, од Шкендија во Тетово, екипата на Ѓорѓи Христов, кој го наследи Жикица Тасески, првиот дел го финишираше со убедливата победа од 6:0 над Охрид. Шкендија, актуелниот првак, по 18 рунди, има осум бодови помалку од Вардар и три од Металург. Шкендија во есенскиот дел запиша четири порази (сите во првите десет кола) и тука е причината што екипата од Тетово не е поблиску до Вардар на табелата.  Како сега стојат работите 11.Октомври, Турново, Тетекс, Работнички, Напредок и Охрид ќе се борат за опстанок. Изненадувачки е што во ова друштво се наоѓа Работнички, кој во летните месеци и приреди толку многу радост на домашната фудбалска јавност. Можеби успешниот настап во квалификациите за Лига Европа, и подоцна, допинг аферата, е причината што младиот состав на дебармаалци го загуби ритамот и формата. Серијата од осум последовни порази го сместија Работнички,, во конкуренција на 12 екипи, на деветтата позиција.  Пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ ќе стартува на 3.март следната година, Вардар во 19-то коло ќе го пречека Тетекс, додека конкурентите Металург и Шкендија ќе гостуваат во Кратово, кај Силекс, односно во Штип кај Брегалница.  крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Објавено пред

Дисциплинскиот судија во Серија А експресно ги одреди казните за играчите кои синоќа беа исклучени на натпреварот помеѓу Милан и Интер во 33. коло од Серија А. Интер славеше со 2.1 и ја обезбеди титулата на пет кола до крајот на сезоната.

dobivaj vesti na viber

Капитенот на Милан, Давиде Калабрија, доби црвен картон во 97.минута, откако го удри без топка Давиде Фратези. Тој е суспендиран на два натпревари.

Во петтата минута од судиското надополнување дојде до тепачка помеѓу играчот на Милан, Тео Ернандез и играчот на Интер, Дензел Дамфрис, по што и двајцата добија црвени картони. Тие ќе пропуштат еден натпревар.

Дисциплинскиот судија им изрече и парични казни од по 10.000 евра.

Прикажи повеќе...

Спорт

Покетино: Лукаку е играч на Челси

Објавено пред

Ромелу Лукаку, во целост ја оживеа кариерата во Рома. Клубот има можност да го откупи неговиот договор, но прашање е дали има пари да вложи во трансферот на Белгиецот.

dobivaj vesti na viber

Лукаку не успеа да се наметне во Челси, самиот побара да замине, а неколку пати изјави дека нема намера да се враќа во Лондон. Минатата сезона ја мина во Интер, а оваа е во Рома.

За статусот на курпулентниот Белгиец проговори и тренерот на сините, Маурисио Покетино.

„Тој е играч на Челзи, па ќе обрнеме внимание на него. Ваков став во овој момент има клубот, но се уште немаме донесено никаква одлука“, изјави Покетино.

Лукаку оваа сезона постигна 18 гола на 41 натпревар за Рома во сите натпреварувања.

Прикажи повеќе...

Спорт

Инзаги по освојувањето на титулата: Неверојатно чувство, момците се исклучителни

Објавено пред

Со победата од 2:1 над градскиот ривал Милан, фудбалерите на Интер синоќа ја освоија 20. титула во италијанската Серија А и ја сошија втората ѕвезда над грбот на својот клуб.

dobivaj vesti na viber

Интер ја круниса доминантна сезона во Италија и на пет кола до крајот има 17 бода повеќе од Милан.

„Нероаѕурите“ беа убедливи во текот на целата сезона, на 33 натпревари претрпеа само еден пораз, и тоа на домашен терен од Сасуоло.

Тренерот Симоне Инзаги конечно стигна до Скудетото во неговата трета сезона во Интер.

Едвај ја задржа работата на крајот од првата сезона, кога во финишот на сезоната 2021/2022. му ја предаде титулата на Милан, но минатата сезона го одведе Интер до финалето на Лигата на шампионите, а сега ја освои Серија А.

„Неверојатно е чувството, постигнавме нешто извонредно. Има многу протагонисти во овој успех. Пред се, играчите, исто така и директорите, а потоа и Стивен Жанг, за се што ни овозможи на ова патување. Моите мисли одат и кај моето семејство, сопругата и децата, родителите… Мојата мана е што понекогаш не можам да ја напуштам работата и да ја носам дома, но моето семејство е основата на сè“, рече Инзаги.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија2 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија4 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија6 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија7 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет7 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија8 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет8 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија8 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет8 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија22 часа

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија23 часа

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија24 часа

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија1 ден

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија1 ден

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија1 ден

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...

Македонија1 ден

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу бргу од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

„Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека...