Спорт
Крис Пол е нов играч на ЛА Клиперс
Лос Анџелес, 15.12.2011 (Макфакс) – НБА лигата го трејдуваше Крис Пол од Њу Орлеанс во ЛА Клиперс, што значи дека од оваа сезона, еден од најдобрите плејмејкери во лигата ќе игра заедно со првиот пик од драфтот во 2009 година, Блејк Грифин.
НБА лигата го трејдуваше Крис Пол од Њу Орлеанс во ЛА Клиперс, што значи дека од оваа сезона, еден од најдобрите плејмејкери во лигата ќе игра заедно со првиот пик од драфтот во 2009 година, Блејк Грифин. Во целата размена, во која Пол беше главна звезда, беа вклучени уште четворица кошаркари, од Клиперси во Њу Орлеанс заминаа Ерик Гордон, германскиот репрезентативец Крис Кејман, Ал-Фарук Амину и првиот пик на Минесота од првата рунда на овогодишниот драфт. Крис Пол има 26 години, тој е четирикатен „Ол стар“ играч, а во минатата сезона во просек постигнуваше по 18,7 поени и 9,8 асистенции по натпревар. Со доаѓањето на Пол, ЛА Клиперси формираа еден интересен двоец, бидејќи Грифин во минатата сезона, негова прва во лигата, имаше просечни по натпревар 22,5 поени и 12 скока. Од трејдот кој го испрати во Њу Орлеанс не е задоволен Ерик Гордон. „Луѓето од раководството ми зборуваа дека ќе останам во ЛА. Но повеќе не знаете на кого да му верувате. Малку мие тешко да го проголтам ова, но јас сум само кошаркар. Нема да се лутам“, изјави Гордон. Трејдот кој Крис Пол го однесе во Клиперси ја заклучи срамната недела за НБА лигата, која започна со големата размена на ЛА Лејкерси, Хјустон и Њу Орлеанс, според која Пол требаше да заврши во Лејкерси, но комесарот на лигата, Дејвид Штерн го блокира трејдот, откако на него се жалеа неколку НБА тимови. крај/б92/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино
Лошата сезона на Челзи кулминација доживеа синоќа на „Емирати“. Челси беше прегазен со 5:0 од градскиот ривал Арсенал.
Медиумите, а по нив и навивачите, за дебаклот го обвинија менаџерот Маурисио Покетино.
Револтираните навивачи на „сините“, како што пренесува „Фудбал инсајдер“, бараат аргентинскиот стручњак под итно да добие отказ.
Челси, досега има 13 победи, односно победи во една третина од натпреварите во Премиер лигата, премалку со оглед на вложувањата пред стартот на првенството.
Спорт
Судот одлучува за фантомскиот гол на Јамал? Лапорта ќе поднесе тужба против РФЕФ
Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради, како што смета, неправдата на Ел Класико.
Ова значи дека судот треба да пресуди дали топката по ударот на Ламине Јамал ја минала гол-линијата.
Барселона, во неделата, доживеа пораз во Мадрид од Реал (3:2).
Фантомскиот гол на Ламине Јамал се уште е тема на шпанските медиуми, но и ситуација од која не се откажуваат во канцелариите на „Камп Ноу“.
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта фи побара од РЕФЕ снимките од ВАР собата (видео и аудио комуникацијата). п
Федерацијата го одби барањето и соопшти дека нема да направи исклучок за Барселона. Сега Барселона сака да добие дозвола видео-записот да му го предаде судот. Лапорта побара и да се повтори Ел Класико.
Во шпанскиот шампионат нема гол-технологија, а ВАР сметаше дека топката не ја минала линијата со полн волумен.
Спорт
Капитенот реши да си замине од Атлетик Билбао
Икер Муниаин реши да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната.
Легендарниот офанзивец по освојувањето на Купот на кралот сфати дека тоа е најдобриот момент да се збогува со својот сакан клуб, по цели 20 години.
Муниаин е секако дете на клубот, а во академијата на Атлетико пристигна како 11-годишник и ќе замине втор на листата на одиграни натпревари, досега 557, но нема да го престигне недопирливиот Ќоп Ирибара, кој одигра 614.
Но, Муниан реши да си замине во вистински момент, има 31 година, конечно го освои Копа дел Реј, претходно Суперкупот на Шпанија во 2015 и 2021 година.
Нема намера да остане во Шпанија, голема е веројатноста да ја напушти и Европа, иако се уште нема донесено конечна одлука за тоа.
Својата одлука Муниаин веќе им ја соопштил на соиграчите и раководството на клубот, за до крајот на сезоната достојно да се збогуваат од навивачите и од „Сан Мамеш“.
Инаку, Муниан дебитираше за првиот тим уште на 30 јули 2009 година против Јанг Бојс и постигна 75 гола за Атлетик.
Погледнете го неговото емотивно видео кое го најавува неговото заминување од Атлетик Билбао…