Спорт
Рубин мина во 1/16 финалето на ЛЕ, Тотенхем испадна
Скопје/Нион, 15.12.2011 (Макфакс) – Заврши фазата по групи во фудбалската Лига Европа, во групите А, Б и Ц. Рубин, по нерешениот резултат со ПАОК и се придружи на екипата од Солун во нокаут фазата, додека Тотенхем ги заврши натпреварите.
Заврши фазата по групи во фудбалската Лига Европа, во групите А, Б и Ц. Рубин, по нерешениот резултат со ПАОК и се придружи на екипата од Солун во нокаут фазата, додека Тотенхем ги заврши натпреварите. Во групите Б и Ц патниците меѓу 32-те најдобри екипи во ова натпреварување беа познати уште во минатото коло, така што дуелите од последната рунда не решаваа ништо. Група А: ПАОК-Рубин 1:1, Шамрок-Тотенхем 0:4 Табела: ПАОК 12, Рубин 11, Тотенхем 10, Шамрок 0 Група Б: Хановер-Вроскла 3:1, Копенхаген-Стандард 0:1 Табела: Сандард 14, Хановер 11, Копенхагебн 5, Вроскла 2Група Ц: Хапоел Тел Авив 2:0, ПСВ Ајндховен-Рапид Букурешт 2:1Табела: ПСВ 16, Легија 9, Хапоел 7, Рапид 3. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Педри и Де Јонг ќе бидат подготвени за ПСЖ
Фудбалерите на Барселона, Педри и Френки де Јонг, најверојатно ќе се вратат во тимот за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
„Педри и Де Јонг се повредија на почетокот на месецот на мечот против Атлетик Билбао (0:0) во шпанското првенство, но се опоравија и би можеле да бидат во тимот за дуелот во Париз“, пишува „Мундо депортиво“.
Според оовј извор, Педри веќе почнал сам да тренира, а Де Јонг се уште е на рехабилитација, но наскоро ќе почне да тренира. Лекарскиот тим на Барселона е уверен дека тој ќе биде подготвен за натпреварот против ПСЖ на 10 април.
Андреас Кристенсен и Роналд Араухо имаат проблем со ситни повреди и најверојатно поради претпазливост ќе го пропуштат претстојниот првенствен натпревар во Барселона против Лас Палмас.
Спорт
Тренер на Лестер доби отказ – бил во врска со фудбалерка од тимот
Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внатрешна истрага било откриено дека го прекршил кодексот на однесување.
Британските медиуми објавија дека Кирк е под истрага за наводна врска со фудбалерка од тимот.
Кирк првично беше суспендиран, а сега е отпуштен, со што заврши неговиот двегодишен престој во клубот.
„По опсежни внатрешни дисциплински постапки и почитување на индивидуалната приватност, Вили го прекрши кодексот на однесување до степен што ја прави неговата позиција неодржлива“, велат од клубот.
Тој му се приклучи на Лестер во јули 2022 година како спортски директор и ја замени Лидија Бедфорд на клупата четири месеци подоцна. Лестер моментално е деветти на табелата во англиската лига.
Спорт
И Манчестер јунајтед го сака Дани Олмо
Манчестер jунајтед влезе во трката за потписот на шпанскиот репрезентативец Дани Олмо.
Неодамна на пријателскиот натпревар со Брзил во Мадрид постигна гол во меч кој заврши без победник (3:3).
Олмо, во јуни минатата година го продолжи договорот со Лајпциг до летото 2027 година, но тоа не значи дека ќе остане таму до крајот на договорот.
Во јуни ќе може да се активира откупната клаузула во висина од 60 милиони евра.
За него претходно беа заинтересирани Манчестер сити, Челзи, Тотенхем и Реал Мадрид, а од неодамна во трката влезе и Манчестер Јунајтед.
На „Олд Трафорд“ парите за трансферот ќе соберат од продажба на играчи кои веќе немаат место во тимот. Прашање е дали Олмо ќе ги избере „црвените ѓаволи“, бидејќи се уште не се сигурни дали ќе играат во Лигата на шампионите наредната сезона.