Спорт
Наполи и Пандев против Челзи, АПОЕЛ и Трчковски го извлекоа Лион
Репрезентите на Македонија во елитното фудбалско натпреварување – Лигата на шампиони, Иван Тричковски (АПОЕЛ Никозија) и Горан Пандев (Наполи), ги добија своите осмина финални противници.
Репрезентите на Македонија во елитното фудбалско натпреварување – Лигата на шампиони, Иван Тричковски (АПОЕЛ Никозија) и Горан Пандев (Наполи), ги добија своите осмина финални противници. Денешната жрепка, во седиштето на УЕФА, во Нион, посака АПОЕЛ да игра против Олимпик Лион, додека Наполи во дербито ќе вкрсти со Челзи. АПОЕЛ на првиот меч ќе гостува во Лион, додека Наполи во првиот дуел ќе му биде домаќин на Челзи. Осмина финалната жрепка, покрај дуелот Наполи-Челзи, донесе уште една италијанско-англиска пресметка, најпривлечниот дуел во оваа фаза ќе го одиграат Милан и Арсенал. Актуелниот европски првак Барселона за противник во осмина финалето го доби Баер Леверкузен, додека Реал Мадрид за пласман во четврт финалето ќе се бори со ЦСКА Москва. Осмина финални двојки во Лигата на шампиони:Олимпик Лион-АПОЕЛНаполи-ЧелзиМилан-Арсенал Базел-Баерн МинхенБаер Леверкузен-БарселонаЦСКА Москва-Реал МадридЗенит-БенфикаОлимпик Марсеј-ИнтерПрвите осмина финални натпревари на програмата ќе бидат на 14/15 односно на 21/22 февруари 2012, додека реваншите ќе се одиграат на 6/7 односно 13/14 март. крај/макфакс/uefa.com/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
И Аргентинец ќе суди на ЕП во Германија
Европската фудбалска федерација (УЕФА) го објави списокот на судии на кои смета за претстојното Европско првенство во Германија.
Најмногу претставници, по двајца имаат Англија, Италија, Франција и Германија. Од судиите од регионот, во Германија ќе го видиме само Славко Винчиќ од Словенија, кој ќе работи заедно со неговите помошници Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ.
Словенија ќе има претставници и во ВАР-собата, Нејц Кајтазовиќ (како ВАР судија), Раде Обреновиќ и Јуре Прапротник (како помошни ВАР судии или четврти судија).
Меѓу ВАР судиите ќе бидат и Ирфан Пељто и Сенад Ибришимбеговиќ од Босна и Херцеговина.
Факундо Тељо од Аргентина доби специјална покана врз основа на соработката на УЕФА и КОНМЕБОЛ.
Судии на ЕУРО:
Ентони Тејлор, Мајкл Оливер (Англија), Марко Гуида, Даниеле Орсато (Италија), Даниел Зиберт, Феликс Цвајер (Германија), Клемон Турпан, Франсоа Летексиер (Франција), Дани Макели (Холандија), Шимон Марчињак (Полска), Артур Диас (Португалија), Иштван Ковач (Романија), Иван Крузлиак (Словачка), Славко Винчиќ (Словенија), Хесус Хил Манзано (Шпанија), Глен Ниберг (Шведска), Сандро Шерер (Швајцарија) и Халил Умут Мелер (Турција) + Факундо Тељо (Аргентина).
Спорт
Коман го пропушта Евро 2024
Кингсли Коман (27), крилниот напаѓач на Баерн го повреди адукторот во 49. минута од првенствениот меч со Келн (2:0), го напушти теренот на носилки бидејќи не можеше да застане на десната нога, а се испостави дека станува збор за сериозна повреда.
Требаше да паузира неколку недели, а се испостави дека францускиот репрезентативец ќе го пропушти ЕП во Германија, дознава „Лекип“.
Магнетна резонанца утврди дека закрепнувањето ќе трае подолго од очекуваното, а од самиот почеток беше јасно дека сезоната за него е завршена, но имаше индикации дека ќе се опорави за ЕП, со оглед на тоа што селекторот на триколорите, Дидие Дешам сериозно сметаше на него.
Франција го игра воведниот натпревар против Австрија во Дизелдорф.
Инаку, Коман поради претходни повреди оваа сезона веќе пропушти 13 натпревари во сите натпреварувања, а на тоа ќе додаде уште најмалку шест, во зависност од тоа дали Баерн ќе се пласира во финалето на Лигата на шампионите.
Коман, роден во Париз, ги помина сите младински селекции на Франција, а за сениорската селекција дебитираше во 2015 година. Досега има 55 настапи со осум постигнати голови.
Спорт
Емери уште три години во Бирмингем
Раководството на Астон Вила реши да го задржи тренерот Унаи Емери. Клубот на шпанскиот тренер му понудил нов, тригодишен договор.
Вила од „јо-јо“ тим, повторно стана релевантна сила во англискиот фудбал. Оваа сеозна се бори за место во Лигата на шампионите и трофејот во Конференциската лига. Не е изнендување што управата сака да го задржи Емери кој е најзаслужен за овие резултати.
Емери и се приклучи на Вила во октомври 2022 година, кога тимот се бореше за опстанок. На крајот од таа сезона со тимот избори место во Конференциската лига, во кое оваа сезона стигна до полуфиналето.
Во лигата жестоко се бори со Тотенхем за четврто место и пласман во Лигата на шампионите. Откако Емери ја презеде Астон Вила, само Манчестер Сити, Ливерпул и Арсенал имаат освоено повеќе бодови во Премиер лигата.
Унаи Емери е поранешен тренер на Алмерија, Валенсија, Спартак Москва, Севилја, Пари Сен Жермен, Арсенал и Виљареал.