Спорт
Ватерполистите поразени во Германија

Македонската ватерполо репрезентација забележа пораз од Германија, во својот прв натпревар, во Б групата, во Светската лига.
Македонската ватерполо репрезентација забележа пораз од Германија, во својот прв натпревар, во Б групата, во Светската лига. Германија, во Берлин, ја порази Македонија со 8:5, пред се благодарение на играта во првиот дел. Германците првите два четвртини ги добија со 2:1 и 3:1, второто полувреме заврши нерешено 3:3 (2:2 и 1:1). Германија сега води на табелата во Б групата, „панцерите“ имаат четири бода, Хрватска е втра со два бода, а Македонија е трета без освоен бод. Следниот натревар во Светската лига Македонија ќе го одигра на 5. јануари, кога во Скопје ќе гостува Хрватска.Натпреварите во Светската лига се еден вид на подготовки на Македонија за настап на ЕП, кое од 16-29 јануари ќе се одржи во холандскиот град Ајндховен. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Илон Маск го купува Манчестер Јунајтед?

Милијардерот Илон Маск го разнесе интернетот со твит дека планира да го купи Манчестер Јунајтед. Извршниот директор на компанијата „Тесла“ напиша два последовни твита на кои пишуваше:
„Ја поддржувам левата половина на Републиканската партија и десната половина на Демократската партија!
„И јас исто така планирам да го купам Манчестер Јунајтед, добредојдени сте.
To be clear, I support the left half of the Republican Party and the right half of the Democratic Party!
— Elon Musk (@elonmusk) August 16, 2022
Сепак, Маск е познат по објавувањето на вакви шеговити твитови, па во овој момент не е јасно колку сериозни се неговите намери. Во моментов, мнозински сопственик на Манчестер Јунајтед е американскиот милијардер Малколм Глејзер, кој поседува 75% од акциите на клубот.
Веднаш дојде и потврдата дека сепак засега се работи за шега.
„Не, тоа е долгогодишна шега на Твитер. Нема да купувам спортски клуб“, дополни Маск.
„Црвените ѓаволи“ лошо ја стартуваа сезоната во Премиерлигата, а оваа година нема да бидат дел и од Лигата на шампионите.
Спорт
Барди дебитираше, минимални порази за Трабзонспор и за Динамо Загреб

Енис Барди го имаше своето деби во дресот на Трабзонспор на гостувањето против Копенхаген во плејофот за ЛШ. Тој влезе во игра во 58.минута, а неговиот тим загуби со 2:1. Клаесон и Лерагер донесоа предност за Копенхаген, а Трабзонспор намали со голот на Бакасетас во 79.минута.
Динамо Загреб загуби на гости кај Бодо-Глимт со 1:0. Стрелец на победничкиот гол за норвешкиот тим беше Амал Вилијам Пелегрино во 37.минута од мечот.
Глазгов Ренџерс и ПСВ Ајндховен ремизираа 2:2.
Спорт
Валтер Мацари ќе седи на клупата на Мароко на СП во Катар

Селекторската позиција на Мароко по заминувањето на Вахид Халилхоџиќ треба да ја преземе Валтер Мацари. Италијанскиот стратег, како што откриваат медиумите на Апенините, од синоќа е во таа земја на преговори.
Негов последен ангажман беше на клупата на Калјари.
Мацари нема искуство во водење на репрезентации, а најуспешен беше како тренер на Наполи со кој го освои Купот на Италија во сезоната 2011/2012. Една сезона подоцна, тој го предводеше Наполи до титулата вицешампион на Италија.
Мароко на Светското првенство во Катар ќе игра во групата Ф со Белгија, Канада и со Хрватска.