Спорт
Мејси и Самарџиски одат понатаму во Евро купот

Вечерва, со натпреварите од шестото коло, заврши првата во кошаркарскиот Еврокуп.
Вечерва, со натпреварите од шестото коло, заврши првата во кошаркарскиот Еврокуп. Македонската кошарка, во наредната рунда ќе има двајца свои преставници, Предраг Самарџиски (Лијетувас Ритас) и Џеремаја Мејси (Локомотив Кубан), додека Лукоил Академик на Дамјан Стојановски ги заврши натпреварите. Лукоил, за кој поради повреда не настапи Стојановски, во рамките на Д групата, загуби од директниот конкурент Асвел во Вилебран, по продолжението резултатот беше 69:68. Пласман понатаму, по продолженијата, избори и Арис, кој во рамките на Ц групата, го победи Рудупис со 96:86. Покрај Асвел и Арис, пласманот меѓу најдобрите 16 го заврија Банвит и Локомотив Кубан. Рускиот тим загуби со 79:55, а Џеремаја Мејси постигна 9 поени имаше и 4 скока. Сепак Мејси првиот дел од Еврокупот го заврши како најдбар стрелец со просек од 22,8 поени по натпревар. Високата победа го лансираше Банфит на второто место, додека Гран Канарија ги заврши натпреварите. Лијетувас Ритас на Предраг Самарџиски го сочува максималниот ефект, литванскиот тим како гостин го победи Азомваш 67:74. Самарџиски на паркетот мина 16 минути и имаше 2 поени, 6 скока, 2 асистенции и 4 урадени топки. Лијетувас Ритас заедно со Химки и Спартак Санкт Петербург фазата по групи ја заврши со максимален ефект, шест победи во истот толку натпревари. Пласман меѓу 16 најдобри екипи во Евро купот изборија: Химки, Спартак, Лијетувас Ритас, Гравлен, Будуќност, Крка, Алба, Рига, Доњецк, Валенсија, Бенетон, Нимбурк, Локомотив Кубан, Банвит, Арис и Асвел. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барди дебитираше, минимални порази за Трабзонспор и за Динамо Загреб

Енис Барди го имаше своето деби во дресот на Трабзонспор на гостувањето против Копенхаген во плејофот за ЛШ. Тој влезе во игра во 58.минута, а неговиот тим загуби со 2:1. Клаесон и Лерагер донесоа предност за Копенхаген, а Трабзонспор намали со голот на Бакасетас во 79.минута.
Динамо Загреб загуби на гости кај Бодо-Глимт со 1:0. Стрелец на победничкиот гол за норвешкиот тим беше Амал Вилијам Пелегрино во 37.минута од мечот.
Глазгов Ренџерс и ПСВ Ајндховен ремизираа 2:2.
Спорт
Валтер Мацари ќе седи на клупата на Мароко на СП во Катар

Селекторската позиција на Мароко по заминувањето на Вахид Халилхоџиќ треба да ја преземе Валтер Мацари. Италијанскиот стратег, како што откриваат медиумите на Апенините, од синоќа е во таа земја на преговори.
Негов последен ангажман беше на клупата на Калјари.
Мацари нема искуство во водење на репрезентации, а најуспешен беше како тренер на Наполи со кој го освои Купот на Италија во сезоната 2011/2012. Една сезона подоцна, тој го предводеше Наполи до титулата вицешампион на Италија.
Мароко на Светското првенство во Катар ќе игра во групата Ф со Белгија, Канада и со Хрватска.
Спорт
Интер без Мхитарјан во наредните три седмици

Италијанскиот калчолигаш Интер потврди дека ерменскиот репрезентативец Хенрик Мхитарјан заработил повреда и засега останува надвор од тимот. 33-годишниот играч од средниот ред беше доведен во клубот минатиот месец од Рома.
Мхитарјан беше меѓу замените на гостувањето кај Лече во првото коло од новата сезона во Серија А, но влезе во игра во 57. минута на местото на Марсело Брозовиќ.
По мечот, сепак, стана јасно дека Ерменецот има истегнување на мускулот и ќе се опоравува меѓу две и три седмици.
Минатата сезона во тимот на Рома, Хенрих Мхитарјан забележа 44 натпревари, на кои постигна пет гола и забележа девет асистенции.