Спорт
Перо Антиќ најдобар кај Олимпијакос

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Македонија, одигра извонреден меч за Олимпијакос и беше најзаслужниот за победата на неговата екипа над Нанси од 74:79.
Капитенот на кошаркарската репрезентација на Македонија, одигра извонреден меч за Олимпијакос и беше најзаслужниот за победата на неговата екипа над Нанси од 74:79.
Антиќ, во отсуство на повредениот Спанулс, го предводеше својот тим со 20 поени, 4 скока и 3 асистенции. Со оваа победа Олимпијакос го освои првото место во А групата, во евролигашката конкуренција.
Во оваа конкуренција пласман во Топ 16 изборија Фенербахче и Билбао, со победите на Канту, односно Каха Лаборал.
Вистинска драма се случи во Ц групата, каде се решаваше последниот патник во Топ 16. Армани победи во Белград против Партизан со 66:72 и го освои четвртото место во групата. Партизан ќе одеше понатаму и со пораз, но тој да беше изразен со помалку од четири коша.
Група А:Билабо-Каха Лаборал 77:72Канту-Фенербахче Улкер 76:83Нанси-Олимпијакос 74:79
Табела: Олимпијакос 6-4, Фенербахче 6-4, Канту 5-5, Билбао 5-5, Каха Лаборал 5-5, Нанси 3-7
Група Ц:Анадолу Ефес-Реал Мадрид 66:75Партизан-Армани 66:72Шарлроа-Макаби 69:86
Табела: Реал 8-2, Макаби 7-3, Ефес 5-5, Армани 4-6, Партизан 4-6, Шарлроа 2-8. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шок за Барселона: Манчестер Сити бара 100 милиони фунти за Бернардо Силва

Англискиот првак Манчестер Сити бара огромна сума за продажба на играчот од средниот ред, Бернардо Силва. Барселона го сака Португалецот и „граѓаните“ се подготвени да го пуштат да се пресели на „Камп Ноу“, но само доколку добијат 100 милиони фунти, откриваат медиумите на Островот.
Не е тајна дека самиот Бернардо Силва сака да се пресели во Барселона. Тоа јасно им го кажал на сопствениците на „граѓаните“. На „Етихад“ сепак знаат дека тој е премногу вреден играч за тимот, а покрај тоа, евентуалната зделка ќе се случи во последните денови од преодниот рок, кога на клубот ќе му биде тешко да најде соодветна замена за него.
Со моментната финансиска ситуација во која се наоѓа Барселона, каталонскиот клуб нема шанси да плати толкава цена за 28-годишниот Португалец.
Бернардо Силва дојде на „Етихад“ од Монако во 2017 година за 70 милиони, евра плус дополнителни бонуси. Во изминатите 6 сезони, тој стана клучен играч на Сити, забележувајќи 253 настапи, со 48 гола и 50 асистенции во сите натпреварувања.
Спорт
Теодор Симиќ потпиша за Игокеа, а како позајмен ќе игра за Борац Бања Лука

Македонскиот кошаркарски бисер Теодор Симиќ, кој по четири години во Барселона донесе одлука да замине од каталонскиот клуб, потпиша договор со Игокеа, која во моментот ја предводи довчерашниот македонски селектор Драган Бајиќ.
Талентираниот центар потпиша четиригодишен договор со тимот од Лакташи, а во првата сезона ќе настапува за Борац Бања Лука кој игра во АБА 2 лигата.
Спорт
Деле Али ќе го засили Бешикташ?

Повремениот англиски репрезентативец Деле Али е пред трансфер во турскиот гигант Бешикташ. Тој доаѓа на позајмица, а ќе има годишна плата од 2,2 милиони евра годишно, откриваат турските медиуми.
Деле Али не успеа да ја пронајде некогашната форма и во Евертон, па менаџерот Франк Лампард е подготвен да му дозволи да замине во гигантот од Истанбул.
Во неговите најдобри денови, Деле Али беше цел на Барселона и на Реал Мадрид.