Спорт
Играчот што одби поткуп ќе дебитира за Италија

Најпопуларен фудбалер во Италија, во моментов е Симоне Фарина, играч на второлигашот Губио.
Најпопуларен фудбалер во Италија, во моментов е Симоне Фарина, играч на второлигашот Губио. Зошто е овој 29-годишен фудбалер толку посебен? Неодамна на Фарина му била понуден сума од 200.000 евра за да ги убеди соиграчите, пред сите дефанзивците и голманот, да му дозволат на противникот да постигне погодоци, онолку колку што му е потребно. Лицето кое го контактирало Фарина е Алесандро Замперини, а натпреварот за кое било скроено сценариото е куп дуелот помеѓу Чезена и Губио. Фарина, сепак, ги одбил понудените пари, го пријавил Замперини во полиција, која веднаш потоа ја покрена втората фаза од операцијата „Последен облог“. Во полициската акција беа уапсени неколкумина фудбалери под сомнение дека учествувале во местење на натпревари. Што се однесува до Фарина, тој „преку ноќ“ стана вистински херој на нацијата, а поради својот потег, доби повик од селекторот на Италија Чезаре Прандели, за настап на пријателскиот натпревар со САД, во февруари следната година. „Мислам дека тоа што го направи е многу храбро, и сега нам ни е редот да го поддржиме“, рече Прандели. Потегот на Фарина го поздрави и голманот на Јувентус Џиџи Буфон. „Ме радува што се случи вакво нешто. Се согласувам со претседателот на Губио дека ова што го направи Фарина е нешто што треба да биде нормално во светот на спортот“, вели Буфон. крај/sportal.rs/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Радукану ја „збриша“ Серена Вилијамс во Синсинати

Една од најдобрите тенисерки во историјата Серена Вилијамс го одигра последниот меч во Синсинати. Таа беше поразена на самиот старт од Ема Радукану, а мечот траеше само еден час и пет минути.
Првиот сет ѝ припадна на Радукану со 6:4 во гемови, а потоа ја збриша Серена Вилијамс со 6:0 во вториот сет.
Серена Вилијамс најави дека заминува во пензија, а последниот насташ ќе го има на УС Опен.
Спорт
Мајката на Рабио ќе му го растури и трансферот на „Олд Трафорд“?

Трансферот на Адриен Рабио од Јувентус во Манчестер јунајтед би можел да пропадне откако мајката на играчот, а воедно и негова менаџерка Вероника ги постави нејзините барања пред Англичаните. Имено, ексцентричната госпоѓа Рабио раководи со кариерата на Адриен и во негово име преговара со клубови. Иако Јувентус и Јунајтед се договорија за обештетување од 17 милиони евра, а самиот Адриен сакаше да замине во Јунајтед, Вероника ги налути челниците на англискиот клуб.
Таа за синот побарала годишна плата од околу 10 милиони евра, а на тоа не сакале да се согласат во Манчестер. Адриен не е во плановите на Јувентус и сакаше да се испроба во Премиер лигата и да стане важен играч за врска во тимот на Ерик тен Хаг. Се чинеше дека трансферот е блиску до реализација бидејќи Јувентус веќе се договорил за доаѓањето на замената на Рабио, тоа е Леандро Паредес од ПСЖ.
Сепак, Рабио би можел да остане уште една година во Јувентус, со кого има договор до 30 јуни 2023 година.
Рабио мораше да го напушти ПСЖ, неговиот матичен клуб, поради неговата мајка. Пред три години му истече договорот со францускиот шампион, па тој замина во Јувентус како слободен агент. Му претходеше драма во режија на мајката и менаџерка Вероника. Откако се скараа со сите во Париз, во која Рабио му беше забранет пристап во соблекувалната освен непосредно пред натпреварите, таа го отфрли Тотенхем дека е „под нивото на Адриен“.
Зимата 2019 година се договорија со Барселона, но со неверојатно барање го нарушија трансферот кој практично беше договорен.
Исто така, додека тој играше за ПСЖ, таа веруваше дека нејзиниот син треба да заработува колку и Килијан Мбапе.
Спорт
Илон Маск го купува Манчестер Јунајтед?

Милијардерот Илон Маск го разнесе интернетот со твит дека планира да го купи Манчестер Јунајтед. Извршниот директор на компанијата „Тесла“ напиша два последовни твита на кои пишуваше:
„Ја поддржувам левата половина на Републиканската партија и десната половина на Демократската партија!
„И јас исто така планирам да го купам Манчестер Јунајтед, добредојдени сте.
To be clear, I support the left half of the Republican Party and the right half of the Democratic Party!
— Elon Musk (@elonmusk) August 16, 2022
Сепак, Маск е познат по објавувањето на вакви шеговити твитови, па во овој момент не е јасно колку сериозни се неговите намери. Во моментов, мнозински сопственик на Манчестер Јунајтед е американскиот милијардер Малколм Глејзер, кој поседува 75% од акциите на клубот.
Веднаш дојде и потврдата дека сепак засега се работи за шега.
„Не, тоа е долгогодишна шега на Твитер. Нема да купувам спортски клуб“, дополни Маск.
„Црвените ѓаволи“ лошо ја стартуваа сезоната во Премиерлигата, а оваа година нема да бидат дел и од Лигата на шампионите.