Спорт
Војдан Стојановски и Елена Раденковиќ кошаркари на годината

Војдан Стојановски, во машка и Елена Раденковиќ, во женска конкуренција, се прогласени за најдобри во 2011 година, во изборот на Кошаркарската федерација на Македонија.
Војдан Стојановски, во машка и Елена Раденковиќ, во женска конкуренција, се прогласени за најдобри во 2011 година, во изборот на Кошаркарската федерација на Македонија. Стојановски, годината ја започна со одличните партии во дресот на Фени индустри, ја освои шампионската титула и пехарот во БИБЛ конкуренцијата, продолжи како дел од репрезентацијата во историскиот резултат на ЕП, а годината ја финишира со одличните партии во дресот украинскиот тим Черкаски Мавпи. Војдан, во Литванија, во дресот на репрезентацијата во просек постигнуваше 7,7 поени по натпревар, а имаше уште 3,7 скока и 1,7 украдени топки. Во вториот дел од сезоната, во украинскиот Черкаски Мавпи, Војдан има уште подобра статистика, со 14,8 поени по натпревар тој втор стрелец на тимот, зад своето име уште запишува 4,5 скока и 2,6 асистенции. Елена Раденковиќ е најдобра во женска конкуренција, таа во минатата сезона го предводеше тимот на Вигор до освојувањето на шампионската титула. Сосема очекувано селекторот на кошаркарите Марин Докузовски е најдобар тренер во машка конкуренција, признанието за тренер на годината во женска конкуренција го доби Перо Стамески. Новиот миленик на македонската публика, Лестер Бо Мекејлеб, ја доби наградата за најдобар македонски кошаркар во странство. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Флорентино Перез: „Златната топка“ е за Бензема, убаво е Барса да биде силна

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез искажа задоволство од најновиот трофеј на „кралскиот клуб“. Синоќа тимот на Карло Анчелоти го освои Суперкупот на Европа со победата од 2:0 над Ајнтрахт Франкфурт.
„Лани имавме успешна сезона и овој Суперкуп многу не радува затоа што може да биде најава за нови успеси во сезоната што е на прагот. Анчелоти одлично го води тимот и новата сезона ја започнуваме со оптимизам. Бензема е незапирлив и нема сомнение дека ја заслужи Златната топка“, изјави Флорентино Перез.
Претседателот на „кралскиот клуб“ имаше убави зборови и за големиот ривал Барселона.
„Барселона е еден од најважните клубови во светот и важно е да се врати на своето ниво. Тоа ќе биде добро за сите, за целиот светски фудбал“, изјави првиот човек на Реал Мадрид.
Спорт
КК Пелистер го доведе Американецот Рајл Овенс

Македонскиот кошаркарски прволигаш Пелистер го договори првото странско засилување за новата сезона. Нов член на клубот е Американецот Рајл Овенс. Станува збор за 25-годишен американски бек, кој доаѓа од Грузија. Минатата сезона имал просек од 14,3 поени, 4,4 скока и 2,2 асистенции.
Пред Овенс раководството клубот ги договори домашните кошаркари Двојаковски, Јовановски и Ристевски.
Битолскиот тим оваа сезона ќе настапува и во втората по ранг конкуренција во АБА.
Спорт
Кирјос го елиминира Медведев на стартот на Мастерсот во Монтреал

Австралиецот Ник Кирјос го совлада Русинот Данил Медведев со 2:1 во сетови (6:7, 6:4, 6:2) на стартот на Мастерсот во Монтреал. Двајцата тенисери одлично сервираа во првиот сет, Кирјос го имаше единствениот брејк и сет поен при 5:4, но Медведев го спаси. Победникот во првиот сет беше решен со тај-брејк во кој подобар беше светскиот тенисер број еден кој на Австралиецот му дозволи само два поени.
Кирјос подобро го започна вториот сет и стигна до брејк на стартот. До крајот на сетот, финалистот на Вимблдон го сочува својот сервис и стигна до израмнување во сетови.
Кирјос го направи првиот брејк и во третиот сет освојувајќи го петтиот гем, но Медведев возврати. Сепак, Австралиецот направи нов брејк и го комплетираше мечот.
Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек од Полска убедливо ја елиминира Австралијката Ајла Томљановиќ со 6:1, 6:2 на турнирот во Торонто. Чешката тенисерка Каролина Плишкова се пласираше во осминафиналето на турнирот во Торонто, откако во два сета, со 6:1, 6:1 ја совлада Американката Аманда Анисимова.