Спорт
Мурињо: Реал е најголем, но мојата страст е Премиер лигата
Жозе Мурињо, во божикното интервју, кое му го даде на Себастијан Коу, за време на емисијата „Today“ на BBC, повторно откри дека негова основна цел е да се врати во Премиер лигата.
Жозе Мурињо, во божикното интервју, кое му го даде на Себастијан Коу, за време на емисијата „Today“ на BBC, повторно откри дека негова основна цел е да се врати во Премиер лигата. „Среќен сум што сум дел од Реал. Тоа за мене е фантастично искуство. Веројатно го предводам најдобриот клуб во историјата на фудбалот и тоа е шанса која не се пропушта“, рече Португалецот, кој не пропушти да ја каже својата главна страст. „Моја страст сепак останува англискиот фудбал. Мојот следен чекор ќе биде враќање во Премиер лигата, и доколку тоа е можно, долготраен престој“. На претседателот на Организациониот одбор на Олимписките игри во Лондон и некогаш прославениот атлетичар, Мурињо му призна дека планира до крај да го одработи договорот со Реал, што значи дека на Островото нема да пристигне пред 2014 година. Мурињо откри и дел од својата фудбалска филозофија: „Како и во сè друго и во фудбалот е најважна емоционалната интелигенција. Една работа е да шутирате пенал во пријателски натпревар при резултат 5:0, а сосема друга е шутирање пенал, во последната минута во финален натпревар во Лигата на шампиони или на Светско првенство. Секогаш се обидувам своите фудбалери да ги подготвам најдобро што можам, но на крајот сè останува на нив самите. Тие во клучните моменти, на теренот ги носат одлуките. Не знам дали во поединец постои божја дарба, но сигурен сум дека има играчи кои прават разлика. Секогаш го анализирам колективот, но јасно е дека секој играч е единка, затоа оваа работа е толку привлечна.“Еден од најдобрите светски тренери во поновата фудбалска историја се потсети и на анегдота од младоста. „Имав професор по филозофија. Беше многу стар. Тогаш се прашував зошто учам работи, за кои сметав дека се непотребни. Кога тој ме праша дали сакам да бидам фудбалски тренер, одговорив потврдно. Потоа ми рече: „Доколку фудбалски тренер учи само за фудбалот, никогаш нема да ја совлада фудбалската наука“. Тогаш ме натера добро да размислам и мислам дека ја создаде базата на мојот пристап кон тренерската работа.“ крај/dnevnik.hr/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
УЕФА го суспендира Емилијано Мартинез
Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, поради суспензија ќе го пропушти првиот полуфинален натпревар од Конференциската лига против Олимпијакос, потврди Европската фудбалска унија (УЕФА).
Мартинез, во четвртокот, во реваншот од четвртфиналето против Лил доби жолт картон во 39. минута, а втор жолт картон при изведувањето на пенали поради неспортско однесување кон домашните навивачи.
Аргентинскиот голман не беше исклучен, бидејќи жолтите картони во текот на натпреварот не важат во пенал серијата.
Сепак светскиот првак со Аргентина доби суспензија. УЕФА го казни Мартинез бидејќи во пенал-серијата константно ја провоцираше домашната публика.
Астон Вила по изведувањето пенали го победи Лил со 4:3, а Мартинез одбрани два пенали, во првата и петтата серија им одбрани на Бенталеб и Андре.
Првиот натпревар од полуфиналето на Конференциската лига меѓу Астон Вила и Олимпијакос ќе се одигра на 2 мај во Бирмингем, а реваншот седум дена подоцна во Грција.
Спорт
Барселона сака да го врати Олмо
Дани Олмо, веројатно ќе го напушти Лајпциг во летниот преоден рок. Шпанскиот репрезентативец има откупна клаузула од 60.000.000 евра, сума која за богатите клубови не претставува никаков проблем.
Меѓу заинтересираните екипи се Манчестер јунајтед, Баерн и Барселона, од чија младинска школа потекнува Олмо.
Шпанецот оваа сезона одигра 22 натпревари за Лајпциг, постигна осум гола и забележа пет асистенции.
Како јуниор од Барселона премина во Динамо Загреб, како дел од трансферот на Ален Халиловиќ, а потоа за 29 милиони евра се пресели во Лајпциг.
Спорт
Ферстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18.место
Макс Ферстапен по победата во спринтот, доминираше и во квалификациите во пресрет на трката за Големата награда на Кина. Апсолутната доминација на Ред Бул ја потврди Серхио Перез кој трката ќе ја стартува од второто место.
Актуелниот светски првак со време 1:33.660 ја освои 37 пол-позиција во кариерата, а на Ред Бул му ја донесе јубилејната 100. победа во квалификациите.
Зад возачите на Ред Бул, од вториот ред трката ќе ја започнат Фернандо Алонсо (Астон Мартин и Ландо Норис (Мекларен).
Во Топ 10 место изборија Оскар Пјастри (Мекларен), двоецот од Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц, односно Џорџ Расел (Мерцедес), Нико Хулкенберг (Хас) и Валтери Ботас (Заубер).
Во квалификациите потфрли Луис Хамилтон. Седумкратниот светски првак, откако спринт трката ја заврши на второто место, во квалификациите заврши на 18.место.
Траката за Големата награда на Кина, утре ќе започне во 9 часот по македонско време.