Контакт

Спорт

Ѓоковиќ најдобар европски спортист

Објавено пред

Осумнаесет европски новински агенции, го избраа најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, за спортист на годината во Европа.

dobivaj vesti na viber

Осумнаесет европски новински агенции, го избраа најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, за спортист на годината во Европа. Изборот го организира Полската новинска агенција (PAP), а Ѓоковиќ во изборот победи со 163 поени, зад него се пласираа двократниот Формула 1 шампион, Германецот Себастијан Фетел, и неговиот сонародник, кошаркарот Дирк Новицки, кој ја освои титулата во НБА лигата со Далас, а беше прогласен за МВП на финалната серија. Ѓоковиќ имаше неверојатна сезона, во 2011 година тој забележа 70 победи, освои три титули на Грен слем и пет трофеји на Мастерс турнирите. Зад тројцата најдобри се најдоа повеќекратната светска првенка во скијачко трчање, Марит Бјерген, пливачката Федерика Пелегрини, победничката на Вимблдон Петра Квитова, фудбалерот Кристијано Роналдо, победникот во Светскиот куп, во алпско скијање Ивица Костелиќ, а во најдобрите десет се и Чави Ернандез, фудбалерот на Барселона и тенисерот Роџер Федерер. Меѓу агенциите кои гласаа, меѓудругите беа француската AFP, германската DPA, рускиот Itar Tas, португалската LUSA, босанската FENA и хрватската HINA. крај/б92/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Швајни: Само Ридигер е дефанзивна класа, другите не се играчи за ова ниво

Објавено пред

Германија доживеа уште едно мундијалско фијаско. Слично како и на минатото СП во Русија, селекцијата на четирикратниот светски првак не успеа да ја мине првата фаза. Сензационалната победа на Јапонија над Шпанија (2:1) ги елиминираше Германците од СП.

dobivaj vesti na viber

Јавноста е шокирана и разочарана, поради што само се редат критиките до селекторот Ханси Флик и неговите избраници.

Бастијан Швајнштајгер кој беше дел од шампионската генерација која во 2014 година ја освои светската титула, Мундијалот во Катар го работи како стручен коментатор.

Популарниот Швајни проблемот на Германија го лоцираше во дефанзивната линија. Според него Германија во тој дел од тимот не поседува вистински квалитет.

„Во одбраната имаме само еден дефанзивец со највисок квалитет, тоа е Тони Рудигер. Останатите се на пристојно ниво за Бундеслигата“, изјави Швајншајгер.

Флик на СП, во одбраната, покрај Ридигер најчесто ги користеше Зуле, кој трпи најмногу критики, односно Шлотенберг и Раум.

Прикажи повеќе...

Спорт

Јунајтед ќе ја активира клаузулата во договорот на Рашфорд

Објавено пред

Фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед размислува да ја продолжи соработката со напаѓачот Маркус Рашфорд.

dobivaj vesti na viber

Според „Дејли Мирор“, клубит ќе ја активира клаузулата која стои во договорот на Рашфорд. Јунајтед има опција автоматски да го продолжи договоорт за уште една година.

Во тој случај, тој ќе биде спречен да преговара со потенцијален нов клуб бидејќи неговиот актуелен договор истекува во летото 2023 година.

Рашфорд на 19 натпревари оваа сезона постигна осум гола и забележа три асистенции. Англија се пласираше во осминафиналето на Мундијалот, а тој постигна три гола.

 

Прикажи повеќе...

Спорт

Батшуаји: Селекторот со солзи се збогуваше со нас

Објавено пред

Белгискиот фудбалер Миши Батшуаји изјави дека сите во тимот се разочарани по елиминацијата од Светското првенство во Катар по групната фаза.

dobivaj vesti na viber

Тој изјави и дека Роберто Мартинез во солзи им рекол дека ја напушта тренерската позиција.

„Разочарани сме затоа што сме елиминирани. Жал ми е што не играв, напаѓач сум, ни требаше гол и моја работа е да постигнам. Тешко ми е да зборувам дали заслуживме испаднат или не, но мислам дека сме на турнирот и дефинитивно требаше да играме подобро“, рече Батшуаји.

„Тешко е, ова не е пријателски турнир, туку Светско првенство“, додаде тој.

Фудбалската репрезентација на Белгија одигра 0:0 со Хрватска во последното коло од групата Ф на Светското првенство во Катар и тој бод не и беше доволен за пласман во следната фаза на турнирот.

Белгија го заврши натпреварувањето во групата со четири бода, односно бод помалку од Хрватска, која продолжи како втора.

Белгија по натпреварот остана без селектор, бидејќи таа позиција ја напушти Роберто Мартинез.

„Мартинез ни кажа дека заминува, тоа го кажа во солзи“, рече Батшуаји.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион14 минути

Ескобар: Србија мора да ја почитува границата со Република Српска

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар даде целосна поддршка на евроатлантските интеграции на...

Економија2 часа

СДСМ: Даночна реформа, нема нови даноци и се укинува прогресивното оданочување

Владата предводена од СДСМ од почетокот на наредната година почнува со етапно воведување нов даночен систем, чија главна карактеристика е...

Топ2 часа

Во Германија запленети 2.100 лажни часовници, наменети за македонскиот пазар

Повеќе од 2.100 фалсификувани луксузни часовници се запленети во четвртокот на аеродромот во Франкфурт, соопшти полицијата. Во меѓувреме се појавија...

Македонија2 часа

Приватните превозници утрово на протест на „Илинденска“

Превозниците од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утрово повторно го блокираа сообраќајот во Скопје на десната лента на булеварот „Илинден“. Директорот...

Свет3 часа

Бајден и Макрон: Русија е одговорна за воените злосторства во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон ветија дека Русија ќе одговара за „широко документираните злосторства и воени...

Свет3 часа

Бајден: Не планирам да разговарам со Путин во скоро време

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека не планира наскоро да разговара со рускиот колега Владимир Путин, но е подготвен да...

Свет3 часа

Столтенберг: НАТО нема да биде вовлечен во војната на Путин

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Северноатлантската алијанса нема да биде вовлечена во војната на Путин. “Руската...

Македонија20 часа

Дојави за бомби во осум училишта во Скопје

Попладнево, во полицијата било пријавено дека на електронски адреси на осум училишта во Скопје им е упатена закана за поставена...

Македонија20 часа

Град Скопје го раскина договорот со здружението на приватните превозници „Слобода превоз“

Договорот со здружението на приватните превозници „Слобода превоз“ денес е раскинат поради неисполнување на обврските што произлегуваат од договорот. „Во...

Економија20 часа

Мицкоски: РЕК „Битола“ од вчера работи со еден блок на 75 отсто од инсталираниот капацитет

„Владата најавуваше дека ќе работат од 1 ноември до крајот на грејната сезона со трите блока во Битола, едниот блок...

Македонија21 час

Османи: Во фокусот на нашето претседавање ќе биде враќањето на мирот и стабилноста во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ во Лоѓ, денес оствари билатерална средба со...

Економија22 часа

Дизелот поевтинува, цените на другите горива остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Европа22 часа

Лукашенко: Украина го користи секој изговор за да го вовлече НАТО во конфликт

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека Украина го користи секој изговор за да ги вовлече силите на земјите...

Македонија23 часа

(Видео) Пендаровски: Брзината на интеграцијата во ЕУ зависи најмногу од нас

Општиот впечаток меѓу нашите граѓани, за жал, е дека некои од преземените реформи или не се одржливи на долг рок...

Свет1 ден

Лавров: Западот го осакати Советот на Европа не оставајќи му никакви шанси за закрепнување

Сергеј Лавров рече дека Западот го осакати Советот на Европа, без никакви шанси за закрепнување. „Западот го осакати Советот на...

Свет1 ден

Маск најави тестирање мозочен чип на луѓе, ќе почне за шест месеци

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека очекува клиничките испитувања на безжичниот мозочен чип развиен од неговата компанија Neuralink да почнат...

Свет1 ден

Белата куќа објави нови пакет-санкции против Северна Кореја

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан објави дека САД работат на нови пакет-санкции насочени кон Северна Кореја. Саливан изјави...

Свет1 ден

Кинески амбасадор: Кина не ја снабдува Русија со оружје

Кина не ја снабдува Русија со оружје, изјави кинескиот амбасадор во Франција, Лу Ша. „Не. Мислам дека на Русија не...

Свет1 ден

Џјинпинг: Кина ги продолжува координацијата и комуникацијата со Европската Унија

Кина ќе продолжи да ги зајакнува комуникацијата и координацијата со Европската Унија, изјави денеска кинескиот претседател на средбата во Пекинг...

Свет1 ден

Пет лица пронајдени мртви во куќа во предградие на Чикаго

Пет лица се пронајдени мртви во куќа во предградие на Чикаго, соопшти полицијата. Според полицијата, во средата во 11.12 часот...