Спорт
Ќе бидат обелоденети имињата на функционери на ФИФА што примале мито

Судот во Швајцарија денеска го отфрли барањето да се забрани објавувањето на документи во кои се наведени имињата на функционери на ФИФА кои примале мито во аферата со продажбата на телевизиските права, пренесуваат денеска швајцарските медиуми.
Судот во Швајцарија денеска го отфрли барањето да се забрани објавувањето на документи во кои се наведени имињата на функционери на ФИФА кои примале мито во аферата со продажбата на телевизиските права, пренесуваат денеска швајцарските медиуми.Објавувањето на документите го најави претседателот на ФИФА Сеп Блатер со намера на овој скандал по десет години да му се стави крај, во кој функционери на ФИФА примале мито за да обезбедат компанијата ИСЛ да ги добие телевизиските права за натпреварите од Светското првенство.Со одлука на судот, документот ќе може да биде објавен.Според наводите на медиумите, во документот се имињата на поранешниот претседател на ФИФА Жоао Авеланж и претседателот на Организациониот одбор на Светското првенство 2014 во Бразил Рикардо Тексеира. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Столе Димитриевски во тимот на колото во Топ 5 лигите во Европа

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски доби место во најдобриот тим на изминатото коло во Топ 5 лигите во Европа. Тој бранеше фантастично на „Камп Ноу“ и ја спречи Барселона да дојде до победа на стартот од новата сезона во Ла Лига.
Левандовски, Рафиња, Ансу Фати и останатите ѕвезди на Барселона не успеаја да ја затресат мрежата на Рајо Ваљекано.
Рајо Ваљекано замина непоразен од „Камп Ноу“ по ремито без голови.
Quite a team, huh? ????#BestXI #TOTW #Dimitrievski #James #Pavard #Mee #Alaba #DeBruyne #KDB #Jensen #JoaoFelix #Felix #Neymar #Ney #NeymarJr #NeyJr #GabrielJesus #Jesus #Vlahovic #365Scores pic.twitter.com/rJXumADCrp
— 365Scores (@365Scores) August 16, 2022
Спорт
Шок за Барселона: Манчестер Сити бара 100 милиони фунти за Бернардо Силва

Англискиот првак Манчестер Сити бара огромна сума за продажба на играчот од средниот ред, Бернардо Силва. Барселона го сака Португалецот и „граѓаните“ се подготвени да го пуштат да се пресели на „Камп Ноу“, но само доколку добијат 100 милиони фунти, откриваат медиумите на Островот.
Не е тајна дека самиот Бернардо Силва сака да се пресели во Барселона. Тоа јасно им го кажал на сопствениците на „граѓаните“. На „Етихад“ сепак знаат дека тој е премногу вреден играч за тимот, а покрај тоа, евентуалната зделка ќе се случи во последните денови од преодниот рок, кога на клубот ќе му биде тешко да најде соодветна замена за него.
Со моментната финансиска ситуација во која се наоѓа Барселона, каталонскиот клуб нема шанси да плати толкава цена за 28-годишниот Португалец.
Бернардо Силва дојде на „Етихад“ од Монако во 2017 година за 70 милиони, евра плус дополнителни бонуси. Во изминатите 6 сезони, тој стана клучен играч на Сити, забележувајќи 253 настапи, со 48 гола и 50 асистенции во сите натпреварувања.
Спорт
Теодор Симиќ потпиша за Игокеа, а како позајмен ќе игра за Борац Бања Лука

Македонскиот кошаркарски бисер Теодор Симиќ, кој по четири години во Барселона донесе одлука да замине од каталонскиот клуб, потпиша договор со Игокеа, која во моментот ја предводи довчерашниот македонски селектор Драган Бајиќ.
Талентираниот центар потпиша четиригодишен договор со тимот од Лакташи, а во првата сезона ќе настапува за Борац Бања Лука кој игра во АБА 2 лигата.