Спорт
МКФ го врати „Фајнал Ејт“ турнирот
Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Македонија (МКФ) на последната своја седница во оваа година изгласа и усвои неколку предлози
Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Македонија (МКФ) на последната своја седница во оваа година изгласа и усвои неколку предлози. Најинтересен, секако е предлогот со кој по две годишна пауза, МКФ го врати форматот со осум екипи кои ќе учествуваат на завршниот турнир во Купот на Македонија. Екипите кои ќе обезбедат пласман на „Фајнл Ејт“ турнирот, од 23 до 25 март ќе разигруваат за трофејот. Управниот одбор реши дека најдоцна до почетокот на февруари 2012, треба да се одреди организаторот на овој турнир по пат на лицитација. Одредена беше и почетната сума за наддавање која изнесува 400.000 денари. Изгласан беше и предлогот на комесарот Макревски за прилагодување на системот на натпреварување за наредната сезона (2012/13) поради настапот на МЗТ Скопје Аеродром во Јадранската лига. Првата лига ќе ја почнат 10 екипи, но без МЗТ Скопје Аеродром, кој ќе се приклучи директно во Суперлигата, поради настапот во регионалната лига во првиот период од сезоната. Од останатите 10 екипи, 5 обезбедуваат пласман во Суперлигата, а преостанатите 5 ќе играат плејаут. Сите вкупно шест екипи ќе ја почнат Суперлигата без бодови, но ќе бидат земени во предвид резултатите од меѓусебните дуели на тие екипи во првиот дел од сезоната, за евентуален влез во плејофот со предност. По завршувањето на тековната сезона, од Првата лига ќе испадне само последнопласираната екипа, додека во елитното друштво, промовирани ќе бидат три екипи. Најдобропласираните две од Втората лига и една екипа која ќе добие „вајлд карта“, со цел да се креира што покомпетентна Прва лига. крај/basketball.org.mk/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Отказ, па казна за Вујовиќ – му забранија да биде тренер во Хрватска
Дисциплинскиот судија на Хрватскиот ракометен сојуз ги изрече казни за претставниците на екипата на Нексе од Нашице за инцидентот на мечот со Загреб на 8 април.
Делегатот на тој натпревар, во мешаницата која настана кај записничјката маса, намерно беше удрен од играчот на Нексе, Словенецот Марко Безјак, а натпреварот набргу потоа беше прекинат.
Лекарска помош му беше укажана и на делегатот Анте Јосиќ, а судиите по дваесетина минути означија крај на натпреварот. Натпреварот подоцна беше регистриран со службен резултат 10:0 во корист на Загреб
Инцидентот се случи како последица на големото незадоволство на домашните поради низа судиски одлуки. Во еден момент сите тргнаа кон делегатот, таму беше и тренерот Веселин Вујовиќ, а врв на се беше неспортскиот потег на Безјак.
На се’ му претходеше протест на Вујовиќ до делегатот поради спорната одлука на судијата да го поништи голот на неговиот тим и наместо тоа да покаже седмерец.
Поради ова, дисциплинскиот судија Среќко Илиќ изрече забрана за играње ракомет на Безјак 12 месеци, а на Андраж Велкаврх му изрече суспензија на четири натпревари.
На Веселин Вујовиќ му е изречена дисциплинска мерка забрана за вршење на тренерска функција во траење од три месеци. Вујовиќ неодамна доби отказ од клупата на Нексе по поразот од Пореч. Тимот во преостанатиот дел од сезоната ќе го води поранешниот помошник Крешо Иванковиќ.
Покрај тоа, клубот е казнет со 4.000 евра.
Спорт
Але го пропушта натпреварот со Пари-Сен Жермен
Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але, речиси сигурно ќе го пропушти полуфиналето од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен следната недела, пренесува „Лекип“.
Репрезентатиецот на Брегот на Слоновата коска, го повреди скочниот зглоб на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах (2:1), Але ќе мора да паузира најмалку две недели.
Ова е лоша вест за напаѓачот кој неодамна се опорави од рак на тестисите и штотуку почнува да се враќа во добра форма.
Зимава настапуваше за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска со која го освои Африканскиот куп на нации.
Але одигра 40 натпревари за Дортмунд, постигна 12 гола и забележа шест асистенции.
Борусија се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите за прв пат по 2013 година, кога го елиминираше Реал Мадрид, а потоа загуби од Баерн Минхен во финалето на „Вембли“.
Спорт
Де Хеа во Бетис?
Давид Де Хеа, минатото лето, како слободен играч го напушти Манчестер јунајтед. Имаше понуди, најмногу од Саудиска Арабија, но тој реши да ја чека вистинската, поради што ја пропушти оваа сезона.
Де Хеа на почетокот на сезоната доби понуда и од Реал Мадрид, кој остана без првиот голман Тибо Куртоа, но одби да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Не откри дали го одбил „кралскиот клуб“ поради финансиската понуда или поради тоа што тој е „дете“ на Атлетико Мадрид.
Шпанските медиуми тврдат дека Де Хеа од наредната сезона се враќа меѓу стативите. Според овие извори тој ќе брани за Бетис. Ќе потпише договор со клубот од Севилја кога ќе започне преодниот рок.
Бетис моментално се седми на табелата во Примера.