Контакт

Спорт

Почнаа интензивните подготовки на каратистите

Објавено пред

Нашата најдобра спортистка Наташа Илиевска, нема време за одмор и празнување, таа и оваа година ја започнува со несмален интензитет и темпо на работа и веќе на 3-ти јануари заминува на закажаните подготовки во Струга во хотелот на Макпетрол.

dobivaj vesti na viber

Нашата најдобра спортистка Наташа Илиевска, нема време за одмор и празнување, таа и оваа година ја започнува со несмален интензитет и темпо на работа и веќе на 3-ти јануари заминува на закажаните подготовки во Струга во хотелот на Макпетрол.Еднонеделните подготовки ќе се одвиваат првенствено за поуспешен настап на нашите најдобри сениори на претстојниот овогодишен прв и најголем Светски турнир од Првиот премиер карате лига во Париз, кој ќе се одржи на 14 и 15 јануари. „Овогодишниот старт можеби е идентичен како и минатогодишниот. Новата 2012 година, на спортски план  ја започнуваме идентично. Време за одмор очигледно нема да имаме. Во 2012 година имаме многу богат календар за натпревари и активности (како никогаш досега) и ако сакаме да бидеме конкурентни и успешни како во изминатиот повеќегодишен период, мораме да ги засукаме ракавите и да за почнеме со макотрпна работа. Се одлучивме за заеднички подготовки и соработка со екипата на Металурзите, бидејќи досегашното искуство покажува дека тоа е исправно. Спортистите се свесни и знаат дека овие потези за рано отпочнување на подготвителниот период се објективни и ја сфаќаат сериозноста со која пристапуваме кон сето тоа што не очекува. Поради тоа подготвени се да го дадат својот максимум на првите подготовки и настапи кои ги очекуваат. Јас сум оптимистички расположен и верувам дека и оваа година каратистите ќе бидат во групата на најуспешни Македонски спортисти, кои ќе ја радуваат Македонската јавност со своите резултатски постигнувања“, изјави селекторот на карате репрезентацијата на Македонија и од скопскиот карате клуб „Макпетрол“,  Бошко ЗаборскиСе очекува македонските најдобри каратисти да ги запишат и првите бодови на Светската ранг листа. Заедно со Наташа Илиевска на подготовки заминуваат сите актуелни сениори од нашите два најреномирани карате клубови Макпетрол и Металург (Жарко Арсовски, Мартин Несторовски, Огнен Груевски, Наташа Стефановска, Бојан Јовановска, Томе Тодоровски, Ферат Корбуличи, Богдан Мицов, Иво Цветковски и многу други).Во истиот период, исто така, и младите репрезентативци (кадети и јуниори), членови на клубовите Макпетрол и Металург,  ќе се подготвуваат заедно со 20 спортисти од соседна Бугарија, бидејќи тие во периодот од 10 до 15 февруари, заминуваат на Европското првенство во Азербејџан, Баку. Вкупно 14 млади спортисти од двата клуба обезбедија статус на репрезентативец на Македонија и поради тоа нема одмор за стручните штабови на „нафташите“ и „металурзите“.„Соработката со Бугарската национална репрезентација и со клубот Макпетрол е на највисоко можно ниво. Поради фактот што во двата клуба имаме многу квалитетни спортисти во сите возрасни категории почнувајќи од најмладите кадетите, јуниори и сениори, и поради тоа што во новата 2012 година ќе изобилува со настапи на нашите каратисти на сите континенти и најелитни карате центри, бевме принудени да направиме рана мобилизација на комплетниот натпреварувачки состав од двата клуба. Заедно со Бугарската репрезентација со импозантна бројка на 70 квалитетни каратисти, ќе заминеме на подготовки во нашата зимска база хотелот на Макпетрол во Струга“, изјави од Мирче Јанушевски тренер на „Металург“./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) При резултат 5:1, во 92.минута Тонали намерно добил жолт картон?

Објавено пред

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) покрена дисциплинска постапка против играчот на Њукасл, Сандро Тонали (23), поради наводни прекршувања на обложувањето по неговата преселба во Премиер лигата.

dobivaj vesti na viber

За потсетување, италијанскиот играч од средниот ред веќе одлежува 10-месечна суспензија откако Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) го казни минатиот октомври поради прекршување на правилата за обложување додека беше играч на Милан.

Тонали призна дека ги прекршил правилата за коцкање во својата земја, се обложувал од 2020 до 2023 година на нелегални платформи, а неговата суспензија трае до 27 август.

Сега постапка против него покрена и ФА откако 50 пати ги прекршил правилата, обложувајќи се на фудбалски натпревари помеѓу 12 август и 12 октомври 2023 година.

Откако беше објавено дека Тонали е под истрага и од Англија, се појави видео од натпреварот Њукасл-Астон Вила на 12 август, кога тој дебитираше за „страчките“.

Тонали, беше заменет во 92.минута, а бидејќи бавно ги напушташе теренот доби жолт каротн. Инаку во тој момент Њукасл имаше предност 5:1.

Многумина веруваат дека Тонали точно знаел што прави во оваа ситуација и дека намерно добил жолт картон, бидејќи се обложил. Италијанскиот играч за врска има рок до 5 април да одговори на обвинувањата на ФА.

Тонали во јули минатата година од Милан се пресели во Њукасл за 70 милиони евра, што го прави најскапиот италијански играч во историјата.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Богдановиќ и Мареј ги срушија Бостон Селтикс

Објавено пред

Атланта Хокс по едно продолжение ги победија Бостон Селтикс со 123:122. Богдан Богдановиќ и Дежонте Мареј му пресудија на лидерот во НБА лигата. Првиот погоди два пати во финишот на регуларниот дел, а вториот ги постигна сите поени за Атланта во продолжението.

dobivaj vesti na viber

Атланта Хокс ја забележаа четвртата последователна победа во НБА лигата, а капитенот на српската репрезентација, со две последователни тројки им овозможи на домаќините продолженијата.

Богдановиќ за 43 минути игра имаше 24 поени (9/19 од поле, 2/8 за три, 4/4 од поле), седум скока и пет асистенции.

Атланта до победата ја предводеше Дежонте Мареј со рекорд во кариерата од 44 поени, за што му беа потребни дури 44 шута кон кошот на Бостон.

Тој ги постигна поените за победа на 0,1 секунда пред крајот на продолжението. Мареј беше единствениот играч на Хокс кој постигна поени во продолжението.

Тој имаше и седум скока, седум асистенции и две украдени топки. Коби Брајант и Расел Вестбрук се единствените играчи кои имаат повеќе шутеви од игра од Мареј во последните 20 сезони.

Брајант имаше шест натпревари со најмалку 44 шута. Толку такви настапи имаше Рик Бери, а четири Елгин Бејлор. Апсолутен рекордер е Вилт Чембрлен со дури 58 натпревари. За илустрација Мајкл Џордан само еднаш во кариерата на еден натпревар 44 пати шутирал кон кошот на противникот.

Инаку, Мареј имаше повеќе шутеви на овој натпревар отколку првите ѕвезди на Селтикс Џејсон Тејтум (22) и Џејлен Браун (17) заедно.

Кај Хокс уште се истакнаа и Деандре Хантер со 21 поен и 13 скока и Клинт Капела, кој додаде 12 поени и 13 скока.

Во тимот на Бостон Џејсон Тејтум постигна 31 поен со 13 скока и пет асистенции, Дерик Вајт додаде 22 поени, седум скока и пет асистенции, а Кристапс Порзингис имаше 20 поени и седум скока.

Бостон е најдобриот тим во НБА со 57 победи и 16 порази и го обезбеди првото место пред плеј-офот во Источната конференција.

Со 34 победи и 39 порази, Атланта е на 10. место кое води во плеј-ин.

Прикажи повеќе...

Спорт

Поранешниот селектор на Кина призна дека примил 10 милиони евра мито

Објавено пред

Поранешниот селектор на фудбалска репрезентација на Кина, Ли Те, во случајот со пред судот, во процесот што се води против него, признал дека примил повеќе од 10 милиони евра мито.

dobivaj vesti na viber

Ле, кој ја водеше Кина од јануари 2020 до декември 2021 година е обвинет за давање и примање мито и учество во местење натпревари, се вели во соопштението за медиумите на провинцискиот суд во Хубеи.

Во текот на повеќемесечниот процес, Ле призна дека добил повеќе од 9,8 милиони евра во периодот од 2017 до 2021 година.

„Ли Те ја призна вината и изрази каење“, се вели во соопштението на судот и се додава дека пресудата ќе биде објавена подоцна.

Кинеските медиуми во вторникот објавија дека поранешниот претседател на кинеската фудбалска федерација Чен Џујуан, кој призна дека примал мито, е осуден на доживотен затвор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион2 часа

Почна нова детална потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион2 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа2 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет2 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа3 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија15 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија17 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија18 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија19 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија21 час

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ22 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија22 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија22 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија1 ден

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет1 ден

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет1 ден

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија1 ден

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион1 ден

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...