Спорт
Чикаго падна во Атланта, Мајами лидер во НБА лигата
Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа десет натпревари, на нив сигурни победи забележаа Мајами, Далас, Оклахома, Сан Антонио и Њујорк, од фаворитите пораз запиша само Чикаго.
Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа десет натпревари, на нив сигурни победи забележаа Мајами, Далас, Оклахома, Сан Антонио и Њујорк, од фаворитите пораз запиша само Чикаго.Атланта на домашен терен, му го нанесе вториот пораз на Чикаго во деветтиот натпревар сезонава. Атланта, победи со 109:94, Хоукси, до шестиот триумф сезонава ги предводеше Џош Смит со 25 поени, по 17 поени уфрлија Радмановиќ и Лукас, а поен помалку реализира Џо Џонсон. По поразот на Чикаго, Мајами е екипата која го има најдобриот резултат во лигата, осум победи и само еден пораз. Осмата победа Мајами ја забележа против Њу Џерси 101:90. Леброн Џејсм беше најдобар кај победникот со 32 поени, 7 скока и 9 асистенции. Кај поразениот тим Крис Хамфриз заврши со 25 поени и 12 скока. Оклахома има скор 7-2 од почетокот на сезоната, до седмиот триумф Тандерс стигнаа во Хјустон, 94:109. Кевин Дурент со 26 и Расел Вестрбрук со 25 поени беа најефикасни во редовите на победникот. Актуелниот првак Далас против Њу Орлеанс ја запиша четвртата победа во деветтиот натпревар сезонава. Далас забележа победа од 96:81, а најефикасен беше Ал-Фарук Амин со 15 поени и 12 скока, Дирк Новицки постигна скромни 10 коша. Сан Антонио во најефикасниот натпревар го совлада Денвер со 121:117. Во победата на Спарси дури седум кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени, најмногу Дени Грин, кој влегувајќи од клупата реализира 24 поени, Паркер и Џеферсон постигнаа по 19, а Нил, Блер, Данкан и Сплитер уфрлија по 10 поени. Поразениот Денвер со 31 кош го предводеше Данило Галинари. Најнеизвесниот меч го одиграа Голден Стејт и Јута, а победа забележаа Џезерите 87:88. Победничкиот кош го постигна Гордон Хејворд на 11 секунди до истекот на мечот. Токму Хејфорд со 18 поени беше најефикасен кај Јута, на спортивната страна Монта Елис постигна 32 коша. На останатите средби се постигнаа следните резултати: Индијана-Шарлот 99:77, Детроит-Њујорк 80:103, Филаделфија-Торонто 97:62 и ЛА Клиперс-Милвоки 92:86. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА
Кошаркарот на Торонто Репторс, Џонтеј Портер, доживотно е суспендиран од НБА лигата поради коцкање.
Челниците на НБА одлучија дека тој повеќе не може да се натпреварува во најдобрата кошаркарска лига во светот.
Така на неславен начин ја заврши кариерата. Џонтеј е брат на кошаркарот на Денвер Нагетс, Мајкл Портер Јуниор.
По аферата која изби во изминатите два месеци, пронајдени се непобитни докази дека Портер се коцкал обложувајќи се на себе.
За комесарот на лигата Адам Силвер немаше дилема, тој мораше да ја донесе оваа одлука.
Според правилата на НБА, секој играч кој ќе се обложи со пари или ќе вложи било каква вредност на натпревар или настан организиран од лигата или Развојната лига може да се соочи со казни од комесарот на лигата Адам Силвер.
Портер, кој е брат на Мајкл Портер од Денвер, во 26 натпревари имаше просек од 4,4 поени, 3,2 скока и 2,3 асистенции.
Спорт
Надал елиминиран од Де Минор
Рафаел Надал го заврши својот настап во второто коло на турнирот во Барселона. Шпанецот во два сета загуби од Алекс Де Минор (5:7, 1:6).
Надал против Де Минор се држеше до финишот на првиот сет. Австралиецот во 11.гем направи брејк, а патоа и го освои сетот. Во вториот сет немаше никава неизвесност, Де Минор го прегази својот противник.
Тој ја забележа првата победа во дуелите со Надал на земјана подлога и втора во петтата меѓсебна пресметка со еден од најдобрите во историјата на тенисот.
Де Минор во третото коло ќе игра против подобриот од пресметката меѓу Даниел Алтмаер и Артур Фис.
На крајот публиката со овации го испрати Надал. Веројатно ова беше последен пат во кариерата да настапи на турнирот кој го освоил 12 пати.
Спорт
Воска спорт и Тиквеш ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија
Foto/ facebookFC-Voska-Sport
Воска спорт и Тиквеш ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија. Воска спорт во два натпревари го елиминира бранителот на трофејот Македонија ЃП, а Тиквеш во пебал-рулетот беа подобри од Шкупи. Двата тима прв пат изборија место во големото финале.
Воска спорт доживеа пораз во реваншот од Македонија ЃП (2:1), но во финалето се пласира благодарение на победата 2:0 во првиот натпревар, во Охрид.
Гостите го постигнаа првиот гол на натпреварот, преку Јахији во 13.минута. Екипата од Ѓорче Петров натпави пресврт со головите на Фазли во 25. и Велковски во 64.минута, но тоа не им беше доволно да се пласираа во финалето.
Во Кавадарци, Тиквеш и Шкупи одиграа идентично како и во првиот натпревар, без голови. Тиквеш пенал серијата ја доби со 5:3. Сите играчи на домашниот тим беа прецизни од белата точка, а кај Шкендија трагичарот беше Илиевски чии удар голманот Ренер го одбрани во првата серија.