Спорт
Лазаров: Можеме да се надигруваме и да ја победиме Германија
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров и овде во Ниш, го потврдува статусот, дека е вистинска ѕвезда, на европскиот ракомет.
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров и овде во Ниш, го потврдува статусот, дека е вистинска ѕвезда, на европскиот ракомет.Лазаров, кој е рекордер според бројот на постигнати голови на едно Светско првенство, е магнет за новинарите кои, овде во Ниш, го следат Еуро 2012. Најдобриот македонски ракометар, е задоволен од освоениот бод против Шведска и изненаден од победата на Чешка над Германија од 27:24. Според Лазаров, ваквиот расплет по првото коло, ја прави Б групата најинтересна на Еуро 2012. Натпреварот против Германија, кој Македонија ќе го одигра во вторник, ќе биде клучен за пласман во втората фаза. Капитенот е задоволен од прикажаното против Шведска, особено од психолошкиот момент, Македонија не се предаде и кога во финишот имаше негатива од три гола (22:25), туку со серија од 4:1, стигна до конечни 26:26. Без оглед на тоа што Германија загуби од Чешка и што за „панцирите“ мечот со нашата селекција ќе биде клучен за опстанок на шампионатот, Лазаров смета дека, многу полесен за игра ќе биде натпреварот против избраниците на Мартин Хојбергер.„Зошто да не можеме да одиграме добро против Германија, кога една Чешка, против нив константно водеше сите 60 минути“, вели Лазаров, надополнувајќи дека забележал голема несигурност кај германските репрезентативци.„Тоа се млади играчи, кои имаат освојувано светски и европски првенства во младински категории, тие се фаворити против нас, но ние ќе пробаме со нашата верба и нашите навивачи да изненадиме. Ние едноставно можеме да се надигруваме со Германија. Мое мислење е дека играта на Германија повеќе ни одговара отколку што тоа беше случај со играта на Шведска. Со Германија можеме да се надигруваме, особено кога станува збор за играта во нападот“, рече капитенот на ракометната репрезентација на Македонија.Натпреварот Македонија – Германија, во рамките на второто коло во Б групата, ќе се одигра вечерва од 18:15 часот. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.