Спорт
Новицки: Не заслужувам да играм на „Ол стар“ натпреварот
Најзаслужниот играч за минатосезонската титула на Далас Маверикс, Дирк Новицки, изјави дека заслужува да биде учесник на „Ол стар“ натпреварот.
Најзаслужниот играч за минатосезонската титула на Далас Маверикс, Дирк Новицки, изјави дека заслужува да биде учесник на „Ол стар“ натпреварот. Новицки, кој минатата сезона го предводеше Далас до првата шампионска титула во историјата на клубот, во тековната сезона постигнува 17,2 поени по натпревар, што е неговиот најлош просек уште од деби сезоната 1998/1999. Германецот не доби доволно гласови од навивачите за да се најде во стартната петорка на Западот, но тој може да учествува на „Ол стар“ натпреварот доколу во четврток биде избран од тренерот кој ќе го предводи Западот. Новицки е убеден дека на позицијата крилен центар, на која тој настапува, има неколку талентирани играчи кои заслужуваат место на „Ол стар“ натпреварот.„Постигнувајќи во просек по 15-16 поени, мислам дека не заслужувам да се најдам на „Ол стар“ натпреварот, но ќе мора да сочекаме и да видиме што ќе се случи. Мислам дека Ламаркус Олдриџ е извонреден последните години. Тој е одличен млад кошаркар, чија игра е задоволство да се следи. Знаете колку добро играат Блејк и Лак, има многу талентирани играчи на мојата позиција“, изјави Новицки. Коби Брајант, Кевин Гарнет и Тим Данкан се единствените активни играчи кои имаат повеќе настапи на „Ол стар“ натпреварите од Новицки. „За мене е поважно да се вратам во форма, да го вратам во вистински ритам своето тело. Мислам дека тоа е поважно од појавувањето на „Ол стар“ натпреварот. Ние (Далас Маверикс) посакуваме да го засилиме ритамот по „Ол стар“ натпреварот“, рече Германецот. Актуелниот првак во НБА лигата, Далас, во моментов се наоѓа на осмото место во Западната конференција со учинок од 14 победи и 11 порази. крај/б92/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино
Лошата сезона на Челзи кулминација доживеа синоќа на „Емирати“. Челси беше прегазен со 5:0 од градскиот ривал Арсенал.
Медиумите, а по нив и навивачите, за дебаклот го обвинија менаџерот Маурисио Покетино.
Револтираните навивачи на „сините“, како што пренесува „Фудбал инсајдер“, бараат аргентинскиот стручњак под итно да добие отказ.
Челси, досега има 13 победи, односно победи во една третина од натпреварите во Премиер лигата, премалку со оглед на вложувањата пред стартот на првенството.
Спорт
Судот одлучува за фантомскиот гол на Јамал? Лапорта ќе поднесе тужба против РФЕФ
Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради, како што смета, неправдата на Ел Класико.
Ова значи дека судот треба да пресуди дали топката по ударот на Ламине Јамал ја минала гол-линијата.
Барселона, во неделата, доживеа пораз во Мадрид од Реал (3:2).
Фантомскиот гол на Ламине Јамал се уште е тема на шпанските медиуми, но и ситуација од која не се откажуваат во канцелариите на „Камп Ноу“.
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта фи побара од РЕФЕ снимките од ВАР собата (видео и аудио комуникацијата). п
Федерацијата го одби барањето и соопшти дека нема да направи исклучок за Барселона. Сега Барселона сака да добие дозвола видео-записот да му го предаде судот. Лапорта побара и да се повтори Ел Класико.
Во шпанскиот шампионат нема гол-технологија, а ВАР сметаше дека топката не ја минала линијата со полн волумен.
Спорт
Капитенот реши да си замине од Атлетик Билбао
Икер Муниаин реши да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната.
Легендарниот офанзивец по освојувањето на Купот на кралот сфати дека тоа е најдобриот момент да се збогува со својот сакан клуб, по цели 20 години.
Муниаин е секако дете на клубот, а во академијата на Атлетико пристигна како 11-годишник и ќе замине втор на листата на одиграни натпревари, досега 557, но нема да го престигне недопирливиот Ќоп Ирибара, кој одигра 614.
Но, Муниан реши да си замине во вистински момент, има 31 година, конечно го освои Копа дел Реј, претходно Суперкупот на Шпанија во 2015 и 2021 година.
Нема намера да остане во Шпанија, голема е веројатноста да ја напушти и Европа, иако се уште нема донесено конечна одлука за тоа.
Својата одлука Муниаин веќе им ја соопштил на соиграчите и раководството на клубот, за до крајот на сезоната достојно да се збогуваат од навивачите и од „Сан Мамеш“.
Инаку, Муниан дебитираше за првиот тим уште на 30 јули 2009 година против Јанг Бојс и постигна 75 гола за Атлетик.
Погледнете го неговото емотивно видео кое го најавува неговото заминување од Атлетик Билбао…