Контакт

Спорт

Роналдо го носи Реал кон титулата

Објавено пред

Реал Мадрид, со победата над Леванте, во последниот натпревар од 22-то коло во Примера, ја зголеми предноста во однос на Барселона на 10 бода.

dobivaj vesti na viber

Реал Мадрид, со победата над Леванте, во последниот натпревар од 22-то коло во Примера, ја зголеми предноста во однос на Барселона на 10 бода. Реал, на домашен терен го победи Леванте со 4:2, благодарение на хет-тркиот на Кристијано Роналдо. Леванте, единствениот тим кој покрај Барса го совлада Реал оваа сезона, поведе со голот на Кабрал. Во финишот на првиот дел Ибора заработи црвен картон, а Роналдо од пенал израмни на 1:1. Португалецот на стартот од второто полувреме постигна уште два гола, но Леванте и со играч помалку не се предаваше, Коне намали на 3:2, а Карим Бензема во 66-та минута го постави конечниот резултат. Реал на врвот сега има 58 бода и само чудо може да му ја одземе титулата, со која ќе ја прекине тригодишната доминација на Барселона. На другите натпревари во Примера, значајни победи на домашен терен забележаа Малага, Валенсија и Виљареал. Малага со пресврт ја совлада Мајорка со 3:1, со ист резултат Виљареал ја победи Гранада, додека Валенсија со 4:0 забележа победа над Спортинг. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Филаделфија за 30 секунди испушти +5 – Њујорк во серијата води со 2:0

Објавено пред

Њујорк Никс во нестварна завршница успеаја да ја совладаат Филаделфија со 104:101 и поведоа со 2-0 во серијата.

dobivaj vesti na viber

На Филаделфија не и помогна тоа што имаа водство од 101:96 на 30 секунди пред крајот на четвртата четвртина… Сепак, тогаш Брансон погоди тројка од дриблинг, а во следниот напад Донте ДиВинченцо покажа зошто тој е еден од најдобрите шутери во оваа сезона во НБА и тој погоди тројка.

На крајот, Тајрис Макси промаши, а Оу-Џи Ануноби од линијата за слободни фрлања го постави конечниот резултат 104:101. Џоел Ембид се обиде во последната секунда од тешка позиција, но не успеа да му донесе продолжение на својот тим.

Во демонстрација на физички напорна кошарка, која често недостасува во текот на регуларниот дел, беа забележани многу дуели кои беа полни со физички контакти.

Според американските медиуми, Сиксерси не биле задоволни од судењето, па ќе поднесат официјална жалба до раководството на НБА.

Џејлен Брунсон беше најефикасен кај победниците со 24 поени, но со очаен шут од поле – 8/29. Тој забележа и осум скока и шес асистенции. Џош Харт ги одигра сите 48 минути за тимот на Том Тибодо и за тоа време забележа 21 поен (7/16 од поле), 15 скока и три асистенции.

Донте ДиВинченцо додаде 19, Ајзеаа Хартенштајн 14, а Оу-Џи Ануноби 10 поени во тимот за кој, да потсетиме, поради повреда не настапува Џулиус Рендл.

Филаделфија го доби во нападот она што го бара од двајцата најдобри играчи, но целосно потфрли остатокот од екипата. Тајрис Максинатпреварот го заврши со 35 поени (12/22 од поле), девет скока и 10 асистенции.

Џоел Ембид одигра 39 минути и покрај тоа што се уште не е целосно закрепнат од повредата на коленото и имаше 34 поени (12/29 од поле, 8/12 слободни фрлања), 10 скока и шест асистенции.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Трипл-дабл на Јокиќ, Мареј погоди за победа со звукот на сирената

Објавено пред

Денвер Нагетс го победија Лос Анџелес Лејкерс со 101:99. Џамал Мареј го погоди шутот за победа, со звукот на сирената.

dobivaj vesti na viber

Актуелните шампиони водат во серијата против ЛА Лејкерс со 2:0. За Денвер од е 10. последовна победа над „езерџиите“.

Неверојатна натпревар се одигра во „Бол арената“ во која Денвер Нагетс заостануваа од првата до последната минута, единствениот пат кога имаа предност беше конечниот резултат 101:99.

Денвер губеше, со 15 разлика на полувреме и 20 разлика во третата четвртина, но успеа да се врати и да поведе со 2-0 во серијата.

Никола Јокиќ одигра брутален натпревар со 27 поени, 20 скока и 10 асистенции.

Мајкл Портер Јуниор мечот го заврши со 22 поени, а Мареј, кој до последните минути играше лошо, додаде 20 поени и шест асистенции.

Во поразениот тим Дејвис имаше учинок од 32 поени и 11 скока, а Леброн Џејмс 26 поени, осум скока и 12 асистенции.

Серијата сега се сели во Лос Анџелес за следните два натпревари.

Прикажи повеќе...

Спорт

Капело: Роналдо знае се но не е гениј како Меси, Марадона, Пеле и дебелиот Роналдо

Објавено пред

Тренерската легенда 77-годишниот Фабио Капело, дел од анализата на Ел Класико му посвети на тинејџерот Јамине Ламал.

dobivaj vesti na viber

Запрашан дали Јамал може еден ден да биде нешто слично како Лео Меси во Барселона, италијанскиот тренер многу јасно објасни како стојат работите.

„Го запознав Меси на Гампер купот и по 20-25 минути му пријдов на Рајкард и го замолив да ми го позајми таа сезона. Ламине беше генијален и тој е многу интересен фудбалер, но нема да биде гениј како Меси, Пеле и Марадона. Тие беа генијалци“, рече Капело и веднаш објасни зошто во оваа категорија го нема Кристијано Роналдо.

„Тој е одличен играч, освои многу трофеи, Златна топка, но како што реков претходно, тој не е голем како Меси. Роналдо е одличен стрелец и знае како да направи се, но тој не е гениј“, рече Капело.

И кога се чинеше дека Капело веќе ги дефинираше своите три најдобри фудбалски генијалци, Италијанецот повторно се огласи и го вклучи четвртиот член.

„Зборувајќи за генијалци, заборавив еден кој влегуваа во оваа категорија, дебелиот Роналдо“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

(Видео) Се судрија два воени хеликоптери во Малезија: загинаа сите членови на екипажот

Два малезиски воени хеликоптери се судрија и се урнаа за време на тренинг вежба, при што загинаа сите 10 членови...

Македонија14 минути

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет27 минути

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија37 минути

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Започна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места....

Свет51 минута

Украинските власти: Седум лица се повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија14 часа

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија15 часа

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија16 часа

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија18 часа

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија19 часа

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија20 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија20 часа

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија21 час

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија21 час

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...

Македонија22 часа

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу бргу од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

„Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека...

Македонија22 часа

„Кафеански озборувач, политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво“, Филипче најави тужба за клевета

„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека...

Европа22 часа

(Видео) Драма во Русија: три лица загинаа во пожар во фабрика во Воронеж

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека три лица загинале во пожар во индустриска зграда во Воронеж, на југозападот...

Европа23 часа

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европа е расположена за војна, дека се подготвува за војна и дека во...

Свет1 ден

Нетанјаху планира да го нападне Рафа: „Ќе му нанесеме нови тешки удари на Хамас“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера им вети на Израелците дека ќе го засили „воениот притисок“ врз Хамас „во наредните денови“,...

Европа1 ден

(Видео) Украина: Погодивме руски спасувачки брод на Крим

Војската на Украина вчера соопшти дека погодила и оштетила еден од најстарите руски спасувачки бродови во Севастопол, базата на руската...