Спорт
Продолжува ЛШ, Тричковски со АПОЕЛ гостува во Лион
По две месечна пауза, вечерва продолжуваат натпреварите во елитното фудбалско натпреварување, Лига на шампиони.
По две месечна пауза, вечерва продолжуваат натпреварите во елитното фудбалско натпреварување, Лига на шампиони. Вечерва на програмата се првите осминафинални натпревари, во кои на терен ќе истрча еден од двајцата македонски преставници во оваа фаза, Иван Тричковски. Тричко со АПОЕЛ, во првиот меч ќе му гостува на Олимпик Лион. АПОЕЛ е најпријатното изненадување оваа сезона во Лигата на шампиони, кипарскиот шампион, до пласманот меѓу најдобрите 16 екипи, дојде откако го освои првото место во групата, во која беа Зенит, Порто и Шахтјор. Тричковски, кој е незаменлив член на стартите 11, на српскиот стратег Иван Јовановиќ, во првата фаза ги одигра сите шест натпревари, во кои постигна еден гол. Олимпик Лион, се протна со осминафиналето, откако во последното коло, во натпревар за кој многу се зборување, го победи Динамо во Загреб со 7:1. Францускиот тим ја нема повеќе моќта од пред неколку сезони, но избраниците на Реми Жарде, во овој двомеч влегуваат како благи фаворити. Покрај дуелот на Лион и АПОЕЛ, вечерва ќе се одигра и натпреварот во Левекузен, каде Баер за противник ќе го има европскиот првак Барселона. Во Леверкузен се свесни дека Барса е апсолутен фаворит, но ќе сторат се за што поскапо да ја „продадат кожата“. Леверкузен викендов го загуби дербито против Борусија во Дортмунд. Барселона на „Бај Арена“ пристигна по болниот пораз, со кој речиси сигурно ја загубија домашната титула, од Осасуна. Каталонците сега со сите сили ќе се обидат да ја одбраната европската титула, а без оглед на моменталната форма тие се фаворити во двомечот со германскиот тим. Натпреварите на „Жерлан“ и „Бај Арена“ ќе започнат во 20:45 часот. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино
Лошата сезона на Челзи кулминација доживеа синоќа на „Емирати“. Челси беше прегазен со 5:0 од градскиот ривал Арсенал.
Медиумите, а по нив и навивачите, за дебаклот го обвинија менаџерот Маурисио Покетино.
Револтираните навивачи на „сините“, како што пренесува „Фудбал инсајдер“, бараат аргентинскиот стручњак под итно да добие отказ.
Челси, досега има 13 победи, односно победи во една третина од натпреварите во Премиер лигата, премалку со оглед на вложувањата пред стартот на првенството.
Спорт
Судот одлучува за фантомскиот гол на Јамал? Лапорта ќе поднесе тужба против РФЕФ
Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради, како што смета, неправдата на Ел Класико.
Ова значи дека судот треба да пресуди дали топката по ударот на Ламине Јамал ја минала гол-линијата.
Барселона, во неделата, доживеа пораз во Мадрид од Реал (3:2).
Фантомскиот гол на Ламине Јамал се уште е тема на шпанските медиуми, но и ситуација од која не се откажуваат во канцелариите на „Камп Ноу“.
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта фи побара од РЕФЕ снимките од ВАР собата (видео и аудио комуникацијата). п
Федерацијата го одби барањето и соопшти дека нема да направи исклучок за Барселона. Сега Барселона сака да добие дозвола видео-записот да му го предаде судот. Лапорта побара и да се повтори Ел Класико.
Во шпанскиот шампионат нема гол-технологија, а ВАР сметаше дека топката не ја минала линијата со полн волумен.
Спорт
Капитенот реши да си замине од Атлетик Билбао
Икер Муниаин реши да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната.
Легендарниот офанзивец по освојувањето на Купот на кралот сфати дека тоа е најдобриот момент да се збогува со својот сакан клуб, по цели 20 години.
Муниаин е секако дете на клубот, а во академијата на Атлетико пристигна како 11-годишник и ќе замине втор на листата на одиграни натпревари, досега 557, но нема да го престигне недопирливиот Ќоп Ирибара, кој одигра 614.
Но, Муниан реши да си замине во вистински момент, има 31 година, конечно го освои Копа дел Реј, претходно Суперкупот на Шпанија во 2015 и 2021 година.
Нема намера да остане во Шпанија, голема е веројатноста да ја напушти и Европа, иако се уште нема донесено конечна одлука за тоа.
Својата одлука Муниаин веќе им ја соопштил на соиграчите и раководството на клубот, за до крајот на сезоната достојно да се збогуваат од навивачите и од „Сан Мамеш“.
Инаку, Муниан дебитираше за првиот тим уште на 30 јули 2009 година против Јанг Бојс и постигна 75 гола за Атлетик.
Погледнете го неговото емотивно видео кое го најавува неговото заминување од Атлетик Билбао…