Спорт
Сан Антонио и Њујорк ги продолжија победничките серии
Кошаркарите на Сан Антонио ја имаа најдолгата победничка серија во НБА лигата, изминатата ноќ, во Торонто, тие ја забележаа десетата победа во низа.
Кошаркарите на Сан Антонио ја имаа најдолгата победничка серија во НБА лигата, изминатата ноќ, во Торонто, тие ја забележаа десетата победа во низа. Тони Паркер постигна 34 поени на кои придодаде 14 асистенции, а Сан Антонио победи со 113:106. Најефикасен во екипата од Канада беше Демар Дерозан со 29 поени. За разлика од Сан Антонио, Шарлот ја има најдолгата серија на порази во лигата. Шарлот загуби од Минесота со 102:90, со што го запиша 16-от последовен пораз. Минесота до победата ја предводеше центарскиот двоец, Кевин Лав (30 поени и 18 скока) и Никола Пековиќ (21 поен и 11 скока). Кај Шарлот, кој сезонава има мизерен ефект од само три победи и дури 26 порази, најпрецизен беше Кемба Вокер со 21 поен. Во серија на порази се наоѓа и Њу Џерси, Нетси загубија по седми пат во низа, откако на домашен терен загубија од Мемфис со 105:100. Руди Геј со 25, Тони Ален со 21 и Марис Спајтс со 20 поени беа најпрецизни кај Мемфис, додека Њу Џерси го предводеше Дерон Вилијамс со 26 коша. Њујорк и без најголемата звезда, Кармело Ентони, продолжува со блескавите игри. До седмата победа во низа, Њујорк стигна против Сакраменто, кого го победија со 100:85. Дури седуммина кошаркари на Њујорк натпреварот го завршија со двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Лендри Филдс со 15 поени и 11 скока, новата НБА звезда Џереми Лин постигна 10 коша, на кои придодаде 13 асистенции. Резултати од останатите натпревари:Орландо-Филаделфија 103:87Бостон-Детроит 88:98Кливленд-Индијана 98:87Хјустон-Оклахома 96:95Милвоки-Њу Орлеанс 89:92Далас-Денвер 102:84Феникс-Атланта 99:101Голден Стејт-Портланд 91:93ЛА Клиперс-Вашингтон 102:84. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ: Сакам да учествувам и на ОИ во 2028 година
Новак Ѓоковиќ го искористи петтото прогласување за најдобар спортист на планетата за да ги открие своите идни планови.
Српскиот тенисер, на новинарите во Мадрид им откри дека се ште не размислува за пензионирање.
„Мојата најважна цел годинава е златен медал на Олимписките игри во Париз. Верувам дека е можно, да не верувам, немаше ни да играм. Секогаш мора да верувате дека се е можно во животот. Којзнае дали повторно ќе имам таква шанса. Сакам да учествувам на Игрите во Лос Анџелес во 2028 година, но никогаш не се знае што ќе се случи.
Тој објасни и зошто решил да не игра на Мастерсот во Мадрид.
„Го подготвувам своето тело за Ролан Гарос, Вимблдон, Игрите и Ју-ес Опен и овој период е исклучително важен за мене. Планирам за две недели да учествувам на Мастерсот во Рим. Се надевам дека следната година ќе играм во Мадрид. Сè уште сум млад, ми останува уште многу време за игра“, се пошегува Ѓоковиќ, кој за околу еден месец полни 37 години.
Спорт
Крај на сезоната за Де Јонг
Фудбалерот на Барселона Френки де Јонг го повреди скочниот зглоб на натпреварот против Реал Мадрид. Холанѓанецот во финишот на првото полувреме, со помош на лекарскиот тим го напушти теренот.
Барселона ја потврди повредата на Де Јонг без да прецизира колку време ќе биде надвор од терените.
Каталонските медиуми објавија дека Холанѓанецот ќе отсуствува пет недели, што значи дека оваа сезона за него заврши.
Според истите извори, 26-годишниот холандски репрезентативец би требало да биде подготвен за Европското првенство кое е закажано од 14 јуни до 14 јули.
Холандија на ЕП ќе игра во групата Д со Франција, Полска и Австрија.
Спорт
(Видео) Филаделфија за 30 секунди испушти +5 – Њујорк во серијата води со 2:0
Њујорк Никс во нестварна завршница успеаја да ја совладаат Филаделфија со 104:101 и поведоа со 2-0 во серијата.
На Филаделфија не и помогна тоа што имаа водство од 101:96 на 30 секунди пред крајот на четвртата четвртина… Сепак, тогаш Брансон погоди тројка од дриблинг, а во следниот напад Донте ДиВинченцо покажа зошто тој е еден од најдобрите шутери во оваа сезона во НБА и тој погоди тројка.
На крајот, Тајрис Макси промаши, а Оу-Џи Ануноби од линијата за слободни фрлања го постави конечниот резултат 104:101. Џоел Ембид се обиде во последната секунда од тешка позиција, но не успеа да му донесе продолжение на својот тим.
Во демонстрација на физички напорна кошарка, која често недостасува во текот на регуларниот дел, беа забележани многу дуели кои беа полни со физички контакти.
Според американските медиуми, Сиксерси не биле задоволни од судењето, па ќе поднесат официјална жалба до раководството на НБА.
Џејлен Брунсон беше најефикасен кај победниците со 24 поени, но со очаен шут од поле – 8/29. Тој забележа и осум скока и шес асистенции. Џош Харт ги одигра сите 48 минути за тимот на Том Тибодо и за тоа време забележа 21 поен (7/16 од поле), 15 скока и три асистенции.
Донте ДиВинченцо додаде 19, Ајзеаа Хартенштајн 14, а Оу-Џи Ануноби 10 поени во тимот за кој, да потсетиме, поради повреда не настапува Џулиус Рендл.
Филаделфија го доби во нападот она што го бара од двајцата најдобри играчи, но целосно потфрли остатокот од екипата. Тајрис Максинатпреварот го заврши со 35 поени (12/22 од поле), девет скока и 10 асистенции.
Џоел Ембид одигра 39 минути и покрај тоа што се уште не е целосно закрепнат од повредата на коленото и имаше 34 поени (12/29 од поле, 8/12 слободни фрлања), 10 скока и шест асистенции.