Спорт
Металург против Загреб во ЛШ
Хрватскиот шампион Загреб е противникот со кој ракометарите на Металург ќе се соочат во осмина финалниот двомеч во Лигата на шампиони.
Хрватскиот шампион Загреб е противникот со кој ракометарите на Металург ќе се соочат во осмина финалниот двомеч во Лигата на шампиони. Ова е епилогот на извлекувањето на осмина финалните двојки, кое, претпладнево се случи во Хорсхолм, место кое се наоѓа во близина на данската престолнина Копенхаген. Металург и Загреб веќе еднаш се сретнаа во тековната сезона, во регионалната СЕХА лига, во Скопје, натпреварот заврши без победник. Загреб, фазата по групи во Лигата на шампиони ја заврши на второто место во А групата, веднаш зад Барселона. Хрватскиот првак, во А групата имаше учинок од осум победи и само два порази. Хрватскиот првак на теренот го предводи еден од најдобрите светски ракометари во изминатата деценија Ивано Балиќ, во ростерот на тимот се и хрватските репрезентативци Копљар, Гојун, Вукиќ, Штрлек, Валчиќ и Хорват кој со 69 постигнати гола е најефикасниот играч во фазата по групи. Загреб пред ждрепката беше еден од посакуваните противници, заедно со унгарскиот Веспрем. Осминафинални двојки во ЛШ:Берлин-БарселонаМонпеље-КилВисла-Атлетико МадридКадетен Шафхаузен-ХамбургАдемар Леон-ВеспремКиелце-КоперСавехов-КопенхагенМеталург-ЗагребПрвите осмина финални натпревари ќе се одиграат од 14 до 18.март, додека реваншите се на програмата од 21 до 25. март. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Челси го плати 62 милиона евра, тој одигра 36 минути и ја заврши сезоната
Челзи ги извести своите навивачи дека до крајот на сезоната е завршена за 20-годишниот играч од средниот ред Ромео Лавија. Кариерата на талентираниот фудбалер е забавена поради повредите, последната повреда е трета од доаѓањето во Челси.
Лавија пристигна во Манчестер сити од Андерлехт на 16-годишна возраст, а во тимот на Пеп Гвардиола дебитираше на 17-годишна возраст. Сепак, во 2022 година беше продаден на Саутемптон за нешто повеќе од 22 милиони евра. Челзи го донесе во август минатата година во трансфер кој надмина 62 милиони евра.
Оттогаш, тој пропушти 10 натпревари поради повреда на скочниот зглоб и пет поради фитнес проблеми, а потоа во декември минатата година заработи повреда на тетивата, поради која ја заврши сезоната.
Оваа сезона одигра само 36 минути, сите против Кристал Палас.
Спорт
Нејмар сака да се врати во Барселона
Нејмар по само една година, во која одигра само неколку натпревари за Ал-Хилал, бил подготвен да ја напушти Саудиска Арабија. Шпанските медиуми тврдат дека тој ќе се врати во Барселона.
Бразилецот наводно веќе разговарал со претседателот на Каталонците Џоан Лапорта.
Нејмар играше седум години на Камп Ноу, од 2010 до 2017 година, кога се пресели во француски ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.
Тој освои осум трофеи со Барса, вклучувајќи две титули во шпанската лига и една во Лигата на шампионите.
За Барселона одигра вкупно 186 натпревари, постигна 105 гола и забележа 76 асистенции.
По шест години минати во Париз, минатата година ја прифати астрономската понуда на Ал-Хилал од 150 милиони евра по сезона.
Сепак, по само пет натпревари, на кои постигна еден гол, ги повреди предните вкрстени лигаменти на левото колено.
Според Шпанците, пореално е да се очекува евентуалното враќање на Нејмар во Барса во летото 2025 година, кога ќе му истече договорот.
Причината се финансиските проблеми во каталонскиот клуб поради кои има ограничен буџет за трансфери и плати.
Спорт
Родри една година не доживеал пораз
Фудбалерот на Манчестер сити и шпанската репрезентација, Родри (27) зад себе има неверојатно достигнување. Еден од главните адути на Пеп Гвардиола нема загубено натпревар за клубот или репрезентација веќе една година.
Последниот пораз Родри го имаше во дресот на Шпанија од Шкотска во квалификациите за Европското првенство на 28 март минатата година.
Оттогаш Манчестер сити и Шпанија се непоразени во натпреварите во кои играше Родри. Шпанија неодамна загуби од Колумбија во пријателски натпревар, но со одлука на селекторот Луис де ла Фуенте Родри не играше на тој натпревар. Тој играше на следниот натпревар и со два гола беше најдобар играч во ремито (3:3) со Бразил.
Во овој период без пораз, Родри со Сити ги освои Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФА Купот, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство. Некои истакнуваат дека го загубил „Комјунити Шилд“ од Арсенал, на почетокот на сезоната, но тој натпревар официјално заврши без победник по 120 минути, подоцна Арсенал славеше по изведувањето пенали.