Спорт
Евролига: Последна шанса за Антиќ и Олимпијакос
Вечерва и утре ќе бидат одиграни натпреварите од последното, шесто коло, во Топ 16 фазата, по кое ќе бидат познати сите четвртфиналисти во кошаркарската Евролига.
Вечерва и утре ќе бидат одиграни натпреварите од последното, шесто коло, во Топ 16 фазата, по кое ќе бидат познати сите четвртфиналисти во кошаркарската Евролига. Пласман меѓу најдобрите осум екипи на стариот континент веќе изборија Барселона, ЦСКА Москва, Панатинаикос и Макаби, вечерва можност да им се приклучи на овие тимови ќе има Уникс. Екипата на Уникс за која настапува Американецот со македонски пасош, Мајк Вилкинсон треба да го совлада Панатинаикос за да се пласира меѓу најдобрите осум, во спротивно четвртфиналните порти ќе му се отворат на Фенербахче, но под услов, турскиот тим да го совлада Армани. Група Г:18:30 ч. Уникс-Панатинаикос18:30 ч. Армани-ФенербахчеТабела: Панатинаикос 3-2, Уникс 3-2, Армани 2-3, Фенербахче 2-2Вечерашните натпревари во Х групата ќе имаат ревијален карактер, бидејќи уште во минатото коло Барса и Макаби обезбедија пласман во следната фаза.Група Х:18:45 ч. Жалгирис-Канту20:45 ч. Барселона-МакабиТабела: Барселона 5-0, Макаби 3-2, Канту 2-3, Жалгирис 0-5Утревечер на паркетот ќе истрчаат македонските репрезентативци Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб. Екипата на Перо Антиќ, Олимпијакос, за противник пред своите навивачи ќе го има турскиот Галатасарај. Математиката за екипата на Антиќ е јасна, со победа од најмалку два поени разлика, Олимпијакос ќе се пласира во четвртфиналето, каде од оваа група веќе се наоѓа ЦСКА.Група Е:18:45 ч. Анадолу Ефес-ЦСКА Москва20:45 ч. Олимпијакос-ГалатасарајТабела: ЦСКА 4-1, Галатасарај 3-2, Олимпијакос 2-3, Ефес 1-4.Неизвесно ќе биде во Ф групата, каде три тима конкурираат за двете места кои водат во четвртфиналето. Најголеми шанси за пласман меѓу најдобрите осум од оваа група имаат Монтепаски и Билбао, додека на Реал му е потребно вистинско чудо за да биде во следната рунда. Реал ќе му гостува на Монтепаски и ќе му биде потребн победа со најмалку 23 поени разлика за да биде четвртфиналист, во секоја друга варијанта Монтепаски и Билбао се во наредната фаза. Група Ф:20:45 ч. Уникаха-Билбао20:45 ч. Монтепаски-БилбаоТабела: Монтепаски 4-1, Билбао 3-2, Реал 3-2, Уникаха 0-5. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.