Спорт
Дурент и Вестбрук го прелетаа суперменот Хауард
Нема крај на победничката серија на екипата на Оклахома Тандерс, која предводена од двоецот Кевин Дурент-Расел Вестбрук, сериозно ја истакнува кандидатурата за освојување на шампионскиот прстен.
Нема крај на победничката серија на екипата на Оклахома Тандерс, која предводена од двоецот Кевин Дурент-Расел Вестбрук, сериозно ја истакнува кандидатурата за освојување на шампионскиот прстен. Оклахома, во дербито на вечерта во НБА лигата победи во Орландо со 102:105. Дурент и Вестбрук одиграа уште една симултанка, овозможувајќи му на тимот да ја забележи во седмата последовна победа, вкупно 29-та во сезоната. Дурент имаше 38 поени и 11 скока, а Вестрбрук 29 поени и 10 асистенции, покрај овие двајца, двоцифрен број на поени, 13, постигна Џејмс Харден. Орландо го запиша 14-от пораз во сезоната, екипата во поразот ја предводеше Двајт Хауард со 33 поени и 9 скока. Покрај него, целата стартна петорка на Магичните заврши со двоцифрен кошгетерски ефект Ричардсон 16, Нелсон и Андерсон 15, Хауард 11. Гостинска победа забележа и Мајами, која ја запиша 28-та победа и зад лидерот на Истокот, Чикаго, заостанува за една победа. Мајами предводен од Леброн Џејмс (38 поени) и Двејн Вејд (33 поени и 10 асистенции) победи во Портланд со 107:93. ЛА Клиперси се радуваа на победата во Сакрамнето од 108:100. Крис Пол со 22 поени и 9 асистенции ги предводеше Клиперси до 21-та победа, во 33-от натпревар оваа сеозна. Феникс, со тимска игхра, во која шестмина играчи постигнаа двоцифрен број на поени, на домашен терен ја победи Минесота со 104:95. Ветеранот Стив Неш потсети на своите најдобри денови, тој со 13 поени и 17 асистенции го предводеше Феникс до победата. Најефикасен играч кај Феникс беше вториот ветеран Грент Хил, кој постигна 20 поени. Минесота ја предводеше Кевин Лав со 23 поени и 9 скока. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
УЕФА го суспендира Емилијано Мартинез
Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, поради суспензија ќе го пропушти првиот полуфинален натпревар од Конференциската лига против Олимпијакос, потврди Европската фудбалска унија (УЕФА).
Мартинез, во четвртокот, во реваншот од четвртфиналето против Лил доби жолт картон во 39. минута, а втор жолт картон при изведувањето на пенали поради неспортско однесување кон домашните навивачи.
Аргентинскиот голман не беше исклучен, бидејќи жолтите картони во текот на натпреварот не важат во пенал серијата.
Сепак светскиот првак со Аргентина доби суспензија. УЕФА го казни Мартинез бидејќи во пенал-серијата константно ја провоцираше домашната публика.
Астон Вила по изведувањето пенали го победи Лил со 4:3, а Мартинез одбрани два пенали, во првата и петтата серија им одбрани на Бенталеб и Андре.
Првиот натпревар од полуфиналето на Конференциската лига меѓу Астон Вила и Олимпијакос ќе се одигра на 2 мај во Бирмингем, а реваншот седум дена подоцна во Грција.
Спорт
Барселона сака да го врати Олмо
Дани Олмо, веројатно ќе го напушти Лајпциг во летниот преоден рок. Шпанскиот репрезентативец има откупна клаузула од 60.000.000 евра, сума која за богатите клубови не претставува никаков проблем.
Меѓу заинтересираните екипи се Манчестер јунајтед, Баерн и Барселона, од чија младинска школа потекнува Олмо.
Шпанецот оваа сезона одигра 22 натпревари за Лајпциг, постигна осум гола и забележа пет асистенции.
Како јуниор од Барселона премина во Динамо Загреб, како дел од трансферот на Ален Халиловиќ, а потоа за 29 милиони евра се пресели во Лајпциг.
Спорт
Ферстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18.место
Макс Ферстапен по победата во спринтот, доминираше и во квалификациите во пресрет на трката за Големата награда на Кина. Апсолутната доминација на Ред Бул ја потврди Серхио Перез кој трката ќе ја стартува од второто место.
Актуелниот светски првак со време 1:33.660 ја освои 37 пол-позиција во кариерата, а на Ред Бул му ја донесе јубилејната 100. победа во квалификациите.
Зад возачите на Ред Бул, од вториот ред трката ќе ја започнат Фернандо Алонсо (Астон Мартин и Ландо Норис (Мекларен).
Во Топ 10 место изборија Оскар Пјастри (Мекларен), двоецот од Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц, односно Џорџ Расел (Мерцедес), Нико Хулкенберг (Хас) и Валтери Ботас (Заубер).
Во квалификациите потфрли Луис Хамилтон. Седумкратниот светски првак, откако спринт трката ја заврши на второто место, во квалификациите заврши на 18.место.
Траката за Големата награда на Кина, утре ќе започне во 9 часот по македонско време.