Контакт

Спорт

Лазаров втор најдобар играч во ЛШ, прв е Јурецки

Објавено пред

Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија и играч на Атлетико Мадрид, Кирил Лазаров, според читателите на специјализираната ракометна интернет страница „Handball-planet.com“ е избран за втор најдобар играч во првата фаза во Лигата на шампиони.

dobivaj vesti na viber

Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија и играч на Атлетико Мадрид, Кирил Лазаров, според читателите на специјализираната ракометна интернет страница „Handball-planet.com“ е избран за втор најдобар играч во првата фаза во Лигата на шампиони. Според гласањето, во кое учествувале повеќе од 15.000 посетители на интернет страницата на „Handball-planet.com“ прв е играчот на полскиот Киелце, Михал Јурецки кој добил 37,74 отсто од гласовите, Лазаров е втор со освоени 5.164 гласа, или 35,36 отсто. Трет во овој избор е унгарецот Габор Часар од Веспрем, додека на четвртото место, според изборот на читателите на страницата е голманот на Металург Дарко Станиќ, кој освоил 7,52 отсто од вкупниот број на гласови. Најдобрите пет, кога станува збор за првата фаза во Лигата на шампиони ја комплетира ракометарот на Пик Сегед, Словакот Франтишек Шулц. Во Топ 10 уште се наоѓаат најдобриот стрелец по првата фаза Златко Хорват (Загреб), Микел Хансен (Копенхаген), Ласло Наѓи (Барселона), Филип Јиха (Кил) и Ханс Линдберг (Хамбург). крај/ Handball-planet.com /нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Ферстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18.место

Објавено пред

Макс Ферстапен по победата во спринтот, доминираше и во квалификациите во пресрет на трката за Големата награда на Кина. Апсолутната доминација на Ред Бул ја потврди Серхио Перез кој трката ќе ја стартува од второто место.

dobivaj vesti na viber

Актуелниот светски првак со време 1:33.660 ја освои 37 пол-позиција во кариерата, а на Ред Бул му ја донесе јубилејната 100. победа во квалификациите.

Зад возачите на Ред Бул, од вториот ред трката ќе ја започнат Фернандо Алонсо (Астон Мартин и Ландо Норис (Мекларен).

Во Топ 10 место изборија Оскар Пјастри (Мекларен), двоецот од Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц, односно Џорџ Расел (Мерцедес), Нико Хулкенберг (Хас) и Валтери Ботас (Заубер).

Во квалификациите потфрли Луис Хамилтон. Седумкратниот светски првак, откако спринт трката ја заврши на второто место, во квалификациите заврши на 18.место.

Траката за Големата награда на Кина, утре ќе започне во 9 часот по македонско време.

Прикажи повеќе...

Спорт

Капитенот на Реал го напушта клубот на крајот од сезоната

Објавено пред

На капитенот на Реал, Начо Фернандез (34) му истекува договорот на крајот од сезоната. „Марка“ објави дека Начо го известил Флорентино Перез дека нема да потпише нов договор туку дека ќе го напушти клубот по истекот на постоечкиот.

dobivaj vesti na viber

Начо оваа сезона забележа 36 настапи и главно беше стартер, акумулирајќи 2497 минути на теренот. Сепак, тоа се должи на повредите на Давид Алаба, Едер Милитао и Антонио Ридигер.

Анчелоти претходно изјави дека случајот на Начо е идентичен со оној на Лука Модриќ и Тони Крос. Поточно, тој му порачал дека доколку како клупска легенда сака да потпише нов договор и да остане во Реал, може да го стори тоа. Очигледно тој решил поинаку.

Начо целата своја кариера е во Реал, со клубот освои 24 трофеи и одигра вкупно 348 натпревари, на кои постигна 16 гола, иако никогаш не беше прво име на одбраната.

Начо има 24 настапи и за шпанската репрезентација со која лани ја освои Лигата на нации. „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на пет милиони евра.

Според медиумите, Начо, кариерата ќе ја продолжи во Серија А, наводно прв фаворит за неговиот потпис е Интер.

Прикажи повеќе...

Спорт

Пиоли ќе добие отказ, постои список со пет имиња за негов наследник

Објавено пред

Стефано Пиоли ќе биде тренер на Милан до крајот на сезоната, по што ќе добие отказ, пишуваат италијанските медиуми. Тоа ќе биде крај на петгодишната соработка која на Милан му ја донесе првата титула во Серија А по 11 години во 2022 година. На „Сан Сиро“ веќе размислуваат кој ќе биде нов тренер, а моментално се издвојуваат пет кандидати.

dobivaj vesti na viber

Според „газета дело Спорт“, најголеми фаворити се Пауло Фонсека и Хулен Лопетеги.

Фонсека е 51-годишен Португалец кој моментално раководи со Лил, а две години работеше во Италија како тренер на Рома. Лопетеги (57) оваа сезона е без работа откако се раздели со Вулверхемптон, во минатото тој беше тренер на Реал и Севилја и селектор на Шпанија.

Како резервни опции се споменуваат Кристоф Галтиер, поранешниот тренер на ПСЖ кој сега го води катарскиот Ал-Духаил и Марсело Гаљардо, долгогодишниот тренер на Ривер Плата, кој моментално го тренира саудискиот Ал-Итихад.

Во потрагата по нов тренер се приклучи и клупскиот советник Златан Ибрахимовиќ, а „Тутоспорт“, пишува дека тој го предложил Марк ван Бомел. Ван Бомел е актуелен тренер на Антверпен, со кој беше и шампион на Белгија, а во Милан играше во сезоната 2011/12 кога му беше соиграч Ибрахимовиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион17 минути

(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а...

Свет1 час

Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок

Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им...

Македонија1 час

Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ

Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората...

Свет1 час

Северна Кореја тестираше „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала боева глава со „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета. Тестот за моќност на...

Македонија3 часа

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици...

Македонија3 часа

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија3 часа

Силјановска-Давкова со 8 прашања, како граѓаните да се решат дали и за кого ќе гласаат на изборите 

Во својот говор на синоќешниот митинг во Крива Паланка професорката Горданa Силјановска -Давкова порача дека оваа власт не креира рационални политики,...

Македонија14 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија15 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија15 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија15 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија20 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија20 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија21 час

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија23 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија1 ден

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет1 ден

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет1 ден

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија1 ден

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија1 ден

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...