Спорт
НБА класика: Лејкерси подобри од вечниот ривал Бостон
Изминатата ноќ во НБА лигата го донесе дербито на двете најтрофејни екипи во лигата, ЛА Лејкерс и Бостон Селтикс.
Изминатата ноќ во НБА лигата го донесе дербито на двете најтрофејни екипи во лигата, ЛА Лејкерс и Бостон Селтикс. Победата, по голема бора ја однесе екипата од Калифорнија, која предводена од Коби Брајант славеше со 97:94. Коби постигна 26 поени, и беше најзаслужен за серијата од 8:0, со која Лејкерси на нешто повеќе од 90 секунди до крајот ја надополнија негативата од пет поени и стигнаа до победата. Покрај Коби, вообичаено се истакнаа и центрите на „езерџиите“, Бајнам и Гасол кои остварија двоен ефект. Бајнам имаше 20 поени и 14 скокови, а Гасол 13 поени и 13 скокови. Во екипата на Бостон петмина кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени: Рондо 24 поени и 10 асистенции, Гарнет 14 поени и 10 скока, Ален 17 поени, 6 асистенции и 4 скока, Пирс 13 поени и 9 асистенции и Бас 15 поени и 8 скока. Филаделфија му го нанесе петтиот последовен пораз на Њујорк победувајќи го со 106:94. Клуч на за победа на Филаделфија беше играта во третиот период кој заврши со 38:24. Лоу Вилијамс со 28 поени ја предводеше Филаделфија до победата, одличен меч одигра и Андре Тарнер (24 поени и 15 скока). Кармело Ентони со 22 поени го имаше најдобриот ефект кај Њујорк. Орландо во дербито на истокот ја победи Индијана со 107:94. Двајт Хауард со 30 поени и 13 скокови беше лидер на својот тим, каде Џеј Џеј Редик имаше учинок од 18 поени и 9 асистенции. Шпекулациите кои доаѓаат од НБА лигата говорат дека Хауард вечерва против Мајами ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Орландо и дека потоа ќе биде разменет во некоја друга екипа. На другите натпревари:Кливленд-Хјустон 118:107Торонто-Милвоки 99:105Денвер-Мемфис 91:94Сакраменто-Атланта 99:106ЛА Клиперс-Голден Стејт 93:97. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Куртоа се враќа до крајот на сезоната
Tренерот на Реал, Карло Анчелоти денеска изјави дека голманот Тибо Куртоа треба да се врати во тренажен процес за десет дена, пренесуваат шпанските медиуми.
На 20 март Куртоа беше опериран поради скинат менискус на десното колено. Шпанските медиуми потсетуваат дека белгискиот голман требаше да паузира до крајот на сезоната, но Анчелоти тврди дека Куртоа успешно се опоравува.
„Куртоа добро закрепнува, би можел да биде во тимот против Кадиз“, изјави Анчелоти.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Куртоа сигурно ќе го пропушти натпреварот против Реал Сосиедад во Ла Лига, како и првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн.
Натпреварот од 34. коло во шпанското првенство помеѓу Реал и Кадиз ќе се одигра на четврти мај во Мадрид.
Спорт
Евролигата нема да го толерира однесувањето на Атаман
Кошаркарската Евролигата се огласи по бурната реакција и изјава на Ергин Атаман по поразот на Панатинаикос од Макаби, во Атина на стартот од четвртфиналната серија.
Во соопштението на веб-страницата на елитното натпреварување, се нагласува дека е недозволиво Атаман да ги етикетира судиите, дека таков приситсок нема да биде толериран и дека е покрената дисциплинска постапка против тренерот на Панатинаикос.
За потсетување, Атаман веднаш по натпреварот потенцираше дека судиите му доделиле шест поени на Балдивин, бидејќи досудиле два непостоечки, смешни фаули при шут за три поени, но во исто време нагласи дека ПАО продолжува понатаму, до завршниот турнир во Берлин.
Атаман на прес-конференцијата отиде чекор понатаму, велејќи дека ќе го напушти Панатинаикос доколку не избори пласман на завршниот турнир.
Макаби води во четвртфиналната серија со 1-0, вториот меч се игра вечерва повторно во Атина, а потоа следуваат два натпревари во Белград – 30 април и 2 мај, а евентуалната мајсторка ќе се игра на 8 мај во Атина.
Спорт
Гвардиола за Жоао Кансело: Ќе видиме на крајот на сезоната
Жоао Кансело е член на Манчестер Сити, а моментално е на позајмица во Барселона до крајот на сезоната. Прашање е дали Барселона сака да го отткупи неговиот договор, откако Португалецот беше означен како еден од главните виновници за елиминацијата од ПСЖ од Лигата на шампионите и поразот од Реал во Ел Класико.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека на крајот на сезоната ќе одлучи дали Кансело ќе се врати во клубот, пренесуваат британските медиуми.
„Се уште не сме разговарале за иднината на Кансело во нашиот клуб. Ќе разговараме на крајот на сезоната“, изјави Гвардиола.
Кансело (29) е член на Манчестер Сити од 2019 година. Тој има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.
Вториот дел од минатата сезона Кансело го мина на позајмица во Баерн, а потоа Манчестер Сити го испрати португалскиот фудбалер на едногодишна позајмица во Барселона.
Кансело оваа сезона одигра 36 натпревари за Барселона и постигна четири гола.