Контакт

Спорт

Шарапова против Ивановиќ во полуфиналето

Објавено пред

Двете најатрактивни тенисерки на денешницата, Ана Ивановиќ и Марија Шарапова, ќе играат во полуфиналето на Мастерс турнирот во Индијан Велс.

Двете најатрактивни тенисерки на денешницата, Ана Ивановиќ и Марија Шарапова, ќе играат во полуфиналето на Мастерс турнирот во Индијан Велс. Ивановиќ, која во 2008 победи на овој турнир, а во 2009 играше во финалето, по подолго време се наоѓа во полуфиналето на еден голем турнир. Ивановиќ, во четвртфиналето ја победи седмата носителка во Индијан Велс, Марион Бартоли со 6:3 и 6:4. Многу повеќе проблеми за да се пласира меѓу најдобрите четири тенисерки имаше Шарапова против сонародничката Марија Кириленко. Шарапова по голема борба победи со 2:1 (3:6, 7:5, 6:2). Шарапова во меѓусебните дуели води против Ивановиќ со 3.2, последниот меч го имаат одиграно во 2008 година на Австралијан Опен, кога Шарапова победи со 7:5 и 6:3. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно

Спектакл во Минхен, Германија ја победи Португалија

Објавено пред

Германија, во спектакуларен натпревар, во Минхен, ја совлада Португалија со 4:2. Со оваа победа, Германците се доближија до осмина-финалето. Германија во последното коло, во Ф-групата, ќе игра против Унгарија, додека Португалија ќе игра против Франција.

Германија, ја декласира Португалија, во досега најдобриот натпревар од Европското првенство.

Силно притиснаа Германците од самиот почеток на мечот. ВАР им поништи гол, а во екот на најголемата иницијатива, Португалците организираа пеколна контра. Роналдо го отвори контра нападот, а потоа по додавањето од Жота го совлада Нојер.

Примениот гол само ја зголеми иницијативата, предводени од играчот на мечот Робин Госенс, кој ја уништи десната страна од португалската одбрана.

Потоа следува периодот во кој Германија направи целосен пресврт. Неверојатно е дека Португалците си постигнаа два авто-гола. Најпрвин Рубен Дијаш во 35., а потоа Гереиро во 39.минута.

Второто полувреме не смени ништо во одност на силите на теренот. Германците притискаа, а Португалците неорганизирано се бранеа.

Логично од татквата игра се роди уште еден блиц-криг на Германците. Хаверц во 50.минута, по додавањето на Госенс зголеми на 3:1, а девет минути подоцна Госенс за одличната игра се награди со гол.

Португалците, во 67.минута, го наламија резултатот. Жота ја искористи конфузната реакција на германската одбрана.

До крајот Ренато Санчез ја погоди стативата, а Горецка од добра позиција шутираше над голот.

На табелата во Ф-групата Франција има четири поени, Германија и Португалија по три, а Унгарија еден бод.

Прикажи повеќе...

Спорт

Барселона го потврди трансферот на Мемфис Депај

Објавено пред

Барселона, во екот на Европското првенство, го претстави третото бесплатно засилување во актуелниот преоден рок. По Ерик Гарсија и Серхио Агуеро, од наредната сезона дресот на Барселона ќе го носи и Мемфис Депај.

Дека Депај го потпишал договорот, Барселона обајви во текот на првото полувреме од натпреврот Германија-Португалија.

Овој 27-годишен напаѓа, претходните четири и пол години ги мина во редовите на Олимпик Лион. За францускиот тим одигра 178 натпревари на кои постигна 76 голови. Минатата сезона, на 40 натпревари за Лион, постигна 22 гола и забележа 12 асистенции.

Прикажи повеќе...

Спорт

Гризман открил каде ќе ја заврши кариерата

Објавено пред

Антоан Гризман, за кого Браселона пред две години плати 120 милиони евра, откри каде сака да ја заврши кариерата. Францускиот репрезентативец има договор со Барселона уште три години.

„Имам договор со Барселона до јуни 2024 година. Поота ќе одам во СД. Ми се допаѓа земјата, културата, ја сакам НБА лигата. Би сакал таму да ја завршам кариерата“, рекол Гризман.

Антоан Гризман има договор со Барселона, но прашање е дали ќе остане таму. Гласни се најавите дека Барселона ќе го продаде доколку добие добра понуда за него.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Индискиот сој потврден кај уште едно лице во земјава

Уште еден случај на индискиот сој на коронавирус е потврден во земјава. Се работи за уште еден Македонец кој дошол...

Топ4 часа

Починат затвореник пронајден во кумановскиот затвор

Во затворот „Кшање“ во Куманово ноќеска бил пронајден мртов 58-годишен затвореник од с.Старо Нагоричане. „ На 19.06.2021 во 02.45 часот...

Македонија6 часа

Еден починат и четири нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени четири нови случаи на коронавирус, едно лице почина, а 68 оздравеа, соопшти...

Македонија6 часа

Филипче: Не е вистина дека пациенти не се оперираат и дека скопските клиники се во колапс

Не е вистина дека пациенти не се оперираат и системот на скопските клиники е во колапс, тврди министерот за здравство,...

Македонија7 часа

Пендаровски и Вселенскиот Патријарх разговараа за решавање на статусот на МПЦ

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Истанбул, Турција, се сретна со Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски...

Спорт10 часа

Македонците за четири дена го „испиле целото пиво“ во Букурешт

Фудбалската репрезентација на Македонија, во четвртокот, го напушти Букурешт и се пресели во Амстердам, каде ќе го одигра последниот натпревар...

Свет10 часа

(Видео) Трамп се огласи за спремните одговори на Бајден: Затоа државата оди по ѓаволите

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, се огласи за видеото на кое се гледа неговиот наследник, Џо Бајден, со спремни...

Македонија11 час

За еден ден казнети 627 возачи за брзо возење

Полицијата за еден ден казни 627 возачи за брзо возење на територија на целата држава, соопшти Министерството за внатрешни работи....

Регион11 час

САД ја поздравија Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора

Американскиот Стејт департмент ја поздрави Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора во петокот. „Позицијата на САД во...

Топ24 часа

300 килограми кокаин во пакувања од „Чикаго булс“ и ПСЖ, македонски државјанин уапсен во Драч

Околу 300 килограми кокаин во пакувања со амблемите на спортските тимови „Чикаго Булс“ и „Париз Сен Жермен“, но и луксузниот...

Свет1 ден

Во Русија откриена нова опасна мутација на Ковид-19

Руската Федерална медицинско-биолошка служба (ФМБА) открила нова мутација на коронавирусот, способна да ја намали ефикасноста на медицинските третмани и превентивните...

Спорт1 ден

Премиерот најави промена на името на Фудбалската федерација на Македонија

Премиерот Зоран Заев во интервју за грчката „ЕРТ“ изјави дека по жалбата на Атина на логото на Фудбалската федерација на...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Направен е голем исчекор во македонско-бугарскиот пријателски дијалог

Премиерот Зоран Заев денеска одржа прес-конференција на завршницата од Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Виена, каде присуствуваше на...

Македонија1 ден

Во Македонија 19 нови случаи на коронавирус, починаа две лица

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани 19 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 14 пациенти, а две...

Регион1 ден

Црногорски министер сменет од функцијата, одбил да го нарече злосторството во Сребреница геноцид

Министерот за правда на Црна Гора, Владимир Лепосавиќ, е сменет од функцијата затоа што одби да го нарече злосторството во...

Македонија1 ден

Кривична пријава за едно лице кое се заканувало на новинари на „Фејсбук“, ЗНМ очекува судска разрешница

МВР поднесе кривична пријава против едно лице од тетовско Теарце за кривично дело загрозување на сигурноста против новинари, соопшти Здружението...

Регион1 ден

Во Србија целосно вакцинирани 40 проценти од населението

Во Србија досега се дадени вкупно 5.058.165 дози вакцини против коронавирус. Првата доза ја примиле 2.673.634 лица, а 2.384.531 граѓани...

Спорт2 дена

Ангеловски и Пандев ги прекршиле ковид-протоколите

Селекторот и капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски и Горан Пандев, по вечерашниот натпревар на ЕУРО 2020, против...

Спорт2 дена

Холанѓаните ја „решија“ Австрија и ја потврдија елиминацијата на Македонија

Холандија се пласираше во осминафиналето на ЕУРО 2020 по 2:0 победата над Австрија, резултат кој дефинитивно ги заврши и теоретските...

Регион2 дена

Курц: Западен Балкан да се врати високо на агендата на ЕУ

Во организација на австриската влада утре во Виена ќе се одржи конференција за Западен Балкан. Домаќинот на состанокот, австрискиот канцелар...

Досие