Спорт
Шпански медиуми: Ел Класико во финалето на Лигата на шампиони
Италијанските медиуми се незадоволни од името на противникот, кој Милан го доби во четвртфиналната фаза во Лигата на шампиони.
Италијанските медиуми се незадоволни од името на противникот, кој Милан го доби во четвртфиналната фаза во Лигата на шампиони. Актуелниот италијански шампион за пласман во полуфиналето ќе се бори со актуелниот шпански, европски и светски првак, Барселона. „Исклучително тешка жрепка за Милан. Италијанскиот тим повторно го извлече големиот непријател, кој толку многу пати не има закопано – Барселона и Лионел Меси“, потсетува Кориере дело Спорт. Милан оваа сезона играше две средби во Х групата, во Барселона беше 2:2, а во Милано, Барселона победи со 3:2. Спротивно на италијанските колеги, шпанските новинари веќе започнаа да размислуваат за можното „Ел Класико“ во финалето, во Минхен, на 19. мај. Во Шпанија веќе ги отпишаа противниците на Барселона и Реал во четвртфиналето, Милан, односно АПОЕЛ. „Ел Класико во финалето во Минхен“ е насловот на Марка, по ждрепката во Нион. „Реал во полуфиналето ќе оди на Марсеј или Баерн, а Барса ќе игра против Челзи или Бенфика. Сонот за Ел Класико во финалето е реален“, смета Марка. Ас смета дека Реал и Барселона имале среќа на извлекувањето на двојките, бидејќи меѓусебе можат да се сретната дури во финалето. „Барселона има нешто потешка задача од Реал, но доколку се биде како што треба Барса во полуфиналето ќе играат против Челзи или Бенфика“, пишува Ас. Нешто поумерен во своите коментари е Ел Мундо Депортиво. „Хипотетички гледано, екипите на Мурињо и Гвардиола можат да се сретнат во финалето во лигата на шампиони, но претходно мора да ги совладаат АПОЕЛ, односно Милан, а потоа и да ги минат противниците во полуфиналето“, стои во коментарот на Ел Мундо Депортиво. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…
Спорт
Рома преговара за трансферот на Киеза
Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, кој го продолжи договорот со клубот, е голем фан на фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза. Де Роси не кри дека би сакал да го има во својот тим крилниот напаѓач.
Де Роси работеше со него додека му беше асистент на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.
Договорот на Киеза со Јувентус истекува во јуни 2025 година, што значи дека ова лето влегува во последната година од истиот.
Тоа значи дека ова лето е веројатно последна шанса клубот да заработи нешто од неговата продажба.
Свесни за ова, челниците на Рома веќе закажале состанок со неговиот менаџер Фали Рамадани.
Покрај Рома, интерес за Киеза покажува и Њукасл.