Спорт
Геј: За медал во Лондон ќе треба да се трча под 9,7 секунди
Финалната трка на 100 метри е еден од спортските настани кој ќе привлече најголемо внимание на Олимписките игри во Лондон.
Конкуренцијата за распределба на медалите ќе биде жестока, а Американецот Тајсон Геј, еден од фаворитите за освојување на медал, смета дека ниту одличен резултат нема да биде доволен за пласман на победничкиот пиедестал.„Некој би можел да биде подобар од 9,8 секунди и да остане без медал“, изјави за „Ројтерс“ човекот кој го има второто најбрзо време во историјата. „За медал ќе биде потребно за се трча под 9,7 секунди. Тоа е неверојатно“, рече Геј. Актуелниот светски рекордер, Усеин Болт е единствениот човек кој на едни олимписки игри патеката од 100 метри ја претрчал со време подобро од 9,7 секунди. Болт, пред четири години во Пекинг, го освои златниот медал со резултат 9,69 секунди. Тогаш второпласираниот Ричард Томпсон од Тринидад и Тобаго стигна до сребрениот медал со резултат 9,89 секунди. Атлетичарите од Јамајка, Усеин Болт и Џон Блејк, во Лондон ќе бидат првите фаворити за освојување на златниот медал, но од него нема лесно да се откажат Американците Тајсон Геј, Џастин Гетлинг, како и поранешниот светски рекордер Асафа Пауел.„Речиси е незамисливо четворица или петмина атлетичари, да имаат можност да трчаат под 9,7 секунди на една трка“, вели Геј чии личен рекорд изнесува 9,69 секунди истрчан во 2009 година. Актуелниот светски рекорд е во сопственост на Болт, во Берлин на Светското првенство во 2009 година тој истрча 9,58 секунди. Најдобриот резултат на Пауел е 9,72, додека Блејк оваа година патеката од 100 метри ја претрча за 9,75 секунди. Тајсон Геј поради операција на колкот имаше речиси едногодишна пауза, до март годинава воопшто не можеше да се натпреварува. По враќањето на патеките првата трка ја имаше во јуни, а на американските квалификации за пласман на олимпијадата го освои второто место, зад Џастин Гетлинг. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.