Спорт
ОИ хронологија: Мелбурн 1956
Донесуваме краток преглед на збиднувањата на Шеснаесеттите олимписки игри, кои се одржани во Мелбурн од 22. ноември до 8. декември 1956 година (според официјалните податоци на МОК).
– број на учесници: 3314 (376 жени и 2938 мажи)- земји учеснички: 72- број на спортови: 17- број на дисциплини: 145Војводата од Единбург ги отворил игрите од Мелбурн, а честа да го запали олимпискиот оган во чест на Игрите кои за прв пат се организирани на австралиска почва ја добил атлетичерот Рон Кларк. Поради строгите австралиски мерки за заштита, натпреварите во коњичките спортови се одржувале во Стокхолм, ова се единствените игри кои се доржани на два континенти. На предлог на Кинезот Џон Јан Винг кој живеел во Австралија, одлучено е на церемонијата на затворањето, сите спортисти да одат заедно, како симбол на светското единство.Игрите минале во знакот на австралискиот пливач Мареј Роус и советската гимнастичарка Лариса Латинина. Роус, 17-годишен пливач победил на трките на 400 и 1.500 метри и во штафетата 4×200 метри. Една година повозрасната Латинина олимпијадата ја завршила со три златни медали во поединечна и еден во екипна конкуренција. Латинина е учесникна три олимпијади на кои освоила 18 медали (9 златни, 5 сребрени и 4 бронзени). Оваа гимнастичарка на гоелмите натпреварувања има освоено дури 46 медали. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Куртоа се враќа до крајот на сезоната
Tренерот на Реал, Карло Анчелоти денеска изјави дека голманот Тибо Куртоа треба да се врати во тренажен процес за десет дена, пренесуваат шпанските медиуми.
На 20 март Куртоа беше опериран поради скинат менискус на десното колено. Шпанските медиуми потсетуваат дека белгискиот голман требаше да паузира до крајот на сезоната, но Анчелоти тврди дека Куртоа успешно се опоравува.
„Куртоа добро закрепнува, би можел да биде во тимот против Кадиз“, изјави Анчелоти.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Куртоа сигурно ќе го пропушти натпреварот против Реал Сосиедад во Ла Лига, како и првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн.
Натпреварот од 34. коло во шпанското првенство помеѓу Реал и Кадиз ќе се одигра на четврти мај во Мадрид.
Спорт
Евролигата нема да го толерира однесувањето на Атаман
Кошаркарската Евролигата се огласи по бурната реакција и изјава на Ергин Атаман по поразот на Панатинаикос од Макаби, во Атина на стартот од четвртфиналната серија.
Во соопштението на веб-страницата на елитното натпреварување, се нагласува дека е недозволиво Атаман да ги етикетира судиите, дека таков приситсок нема да биде толериран и дека е покрената дисциплинска постапка против тренерот на Панатинаикос.
За потсетување, Атаман веднаш по натпреварот потенцираше дека судиите му доделиле шест поени на Балдивин, бидејќи досудиле два непостоечки, смешни фаули при шут за три поени, но во исто време нагласи дека ПАО продолжува понатаму, до завршниот турнир во Берлин.
Атаман на прес-конференцијата отиде чекор понатаму, велејќи дека ќе го напушти Панатинаикос доколку не избори пласман на завршниот турнир.
Макаби води во четвртфиналната серија со 1-0, вториот меч се игра вечерва повторно во Атина, а потоа следуваат два натпревари во Белград – 30 април и 2 мај, а евентуалната мајсторка ќе се игра на 8 мај во Атина.
Спорт
Гвардиола за Жоао Кансело: Ќе видиме на крајот на сезоната
Жоао Кансело е член на Манчестер Сити, а моментално е на позајмица во Барселона до крајот на сезоната. Прашање е дали Барселона сака да го отткупи неговиот договор, откако Португалецот беше означен како еден од главните виновници за елиминацијата од ПСЖ од Лигата на шампионите и поразот од Реал во Ел Класико.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека на крајот на сезоната ќе одлучи дали Кансело ќе се врати во клубот, пренесуваат британските медиуми.
„Се уште не сме разговарале за иднината на Кансело во нашиот клуб. Ќе разговараме на крајот на сезоната“, изјави Гвардиола.
Кансело (29) е член на Манчестер Сити од 2019 година. Тој има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.
Вториот дел од минатата сезона Кансело го мина на позајмица во Баерн, а потоа Манчестер Сити го испрати португалскиот фудбалер на едногодишна позајмица во Барселона.
Кансело оваа сезона одигра 36 натпревари за Барселона и постигна четири гола.