Спорт
ОИ хронологија: Рим 1960
Донесуваме краток преглед на настаните од Седумнаесеттите олимписки игри, одржани во Рим во периодот од 25. август до 11. септември 1960 година (според официјалните податоци на МОК).
– број на учесници: 5338 (611 жени и 4727 мажи)- земји учеснички: 83- број на спортови: 17- број на дисциплини: 150Организацијата на олимпијадата која свечено ја отворил италијанскиот претседател Џовани Грончи, Рим ја добил во конкуренција на Лозана, Детроит, Будимпешта, Брисел, Мексико Сити и Токио. Атлетичарот Алберто Консолини ја добил честа да го запали олимпискиот оган на првите игри кои по пат на телевисискиот сигнал можеле да се гледаат и во прекуокеанските земји. Игрите во Рим биле последни на кои учествувале спортистите од Јужна Африка. МОК не можел да ја толерира расистичката политика која ја спроведувала тогашната јужноафриканска влада. Забраната траела цели 32 години се до олимпијадата во 1992 година во Барселона. Миленичка на публиката била 20-годишната американска спринтерка Вилма Рудолф, која во раната младост прележала детска парализа. Поради својата брзина и убавина таа го добила прекарот „црна газела“. Непосредно пред почетокот на олимпијадата, на првенствот на САД таа поставила нов светски рекорд на 200 метри (22,9 секунди), а на Игрите најпрвин во полуфиналето го израмнила светскиот рекорд на 100 метри 911,3 секунди), а потоа во финалето го подобрила за три десетинки, истиот поради силниот ветер не и бил признат. Рудолф освоила уште два златни медали на 200 метри и во штафетата 4×100 метри. Рим ќе го памети и Абебе Бикила од Етиопија кој трчајќи бос ја поразил конкуренцијата и го освоил златниот медал во маратонската трка. Славната боксерска кариера од Рим ја започнал Касијус Клеј (Мохамед Али) кој го освоил златниот медал во полутешка категорија. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.