Спорт
ОИ хронологија: Монтреал 1976
Донесуваме краток преглед на настаните 21-те олимписки игри, одржани во Монтреал во периодот од 17. јули до 1. август 1976 година (според официјалните податоци на МОК).
– број на учесници: 6084 (1260 жени и 4824 мажи)- земји учеснички: 92- број на спортови: 21- број на дисциплини: 198Лос Анџелес и Москва, градовите на суперсилите САД и СССР му беа противкандидати на Монтреал во трка за добивањето на организацијата на ОИ во 1976 година. Игрите во канада ги отвори кралицата Елизабета II, а олимпискиот оган го запалија атлетичарите Стефан Префонтен и Сандра Хендерсон. Од ОИ во Монтреал започна бојкотирањето на Игрите, имено 22 земји од Африка не дојдоа во Канада во знак на протест откако МОК не го усвои нивното барање да го исклучи Нов Зеланд. Имено, рагби репрезентацијата на Нов Зеланд била гостин во Јужна Африка каде во тоа време владеење апартхејдот. Кога станува збор за спортискиот дел од Игрите, тие минале во знак на две тинејџерки, 15-годишната Романка, Надиа Команечи и 18-годишната пливачка од Источна Германија, Корнелиа Ендер. Младата Романка која за својата вежба од судиите доби чиста десетка. Таа освои сребрен медал во повеќебој, злато на греда и разбој и бронза на партер. Ендер за малку во Монтреал ќе го надминела рекордот на Шпиц. Германката се закитила со пет златни медали, на 100 и 200 метри слободно, 100 метри пеперутка, и во штафетите 4×100 метри слободно и 4×100 метри мешано. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино
Лошата сезона на Челзи кулминација доживеа синоќа на „Емирати“. Челси беше прегазен со 5:0 од градскиот ривал Арсенал.
Медиумите, а по нив и навивачите, за дебаклот го обвинија менаџерот Маурисио Покетино.
Револтираните навивачи на „сините“, како што пренесува „Фудбал инсајдер“, бараат аргентинскиот стручњак под итно да добие отказ.
Челси, досега има 13 победи, односно победи во една третина од натпреварите во Премиер лигата, премалку со оглед на вложувањата пред стартот на првенството.
Спорт
Судот одлучува за фантомскиот гол на Јамал? Лапорта ќе поднесе тужба против РФЕФ
Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради, како што смета, неправдата на Ел Класико.
Ова значи дека судот треба да пресуди дали топката по ударот на Ламине Јамал ја минала гол-линијата.
Барселона, во неделата, доживеа пораз во Мадрид од Реал (3:2).
Фантомскиот гол на Ламине Јамал се уште е тема на шпанските медиуми, но и ситуација од која не се откажуваат во канцелариите на „Камп Ноу“.
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта фи побара од РЕФЕ снимките од ВАР собата (видео и аудио комуникацијата). п
Федерацијата го одби барањето и соопшти дека нема да направи исклучок за Барселона. Сега Барселона сака да добие дозвола видео-записот да му го предаде судот. Лапорта побара и да се повтори Ел Класико.
Во шпанскиот шампионат нема гол-технологија, а ВАР сметаше дека топката не ја минала линијата со полн волумен.
Спорт
Капитенот реши да си замине од Атлетик Билбао
Икер Муниаин реши да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната.
Легендарниот офанзивец по освојувањето на Купот на кралот сфати дека тоа е најдобриот момент да се збогува со својот сакан клуб, по цели 20 години.
Муниаин е секако дете на клубот, а во академијата на Атлетико пристигна како 11-годишник и ќе замине втор на листата на одиграни натпревари, досега 557, но нема да го престигне недопирливиот Ќоп Ирибара, кој одигра 614.
Но, Муниан реши да си замине во вистински момент, има 31 година, конечно го освои Копа дел Реј, претходно Суперкупот на Шпанија во 2015 и 2021 година.
Нема намера да остане во Шпанија, голема е веројатноста да ја напушти и Европа, иако се уште нема донесено конечна одлука за тоа.
Својата одлука Муниаин веќе им ја соопштил на соиграчите и раководството на клубот, за до крајот на сезоната достојно да се збогуваат од навивачите и од „Сан Мамеш“.
Инаку, Муниан дебитираше за првиот тим уште на 30 јули 2009 година против Јанг Бојс и постигна 75 гола за Атлетик.
Погледнете го неговото емотивно видео кое го најавува неговото заминување од Атлетик Билбао…