Спорт
ОИ хронологија: Атланта 1996
Донесуваме краток преглед на настаните од 26-те олимписки игри, одржани во Атланта, во периодот од 19.јули до 4. август 1996 година (според официјалните податоци на МОК).
– број на учесници: 10.318 (3512 жени и 6806 мажи)- земји учеснички: 197- број на спортови: 26- број на дисциплини: 271Бил Клинтон тогашниот претседател на САД ги отворил игрите во градот на Кока-Кола, а честа да го запали олимпискиот оган ја добил легендарниот боксер Мохамед Али, кој во кариерата освоил златен олимписки медал. Во Атланта бројот на спортисти-учесници за прв пат во историјата ја минал бројката од 10.000 илјади, а надминат е и рекордот според бројот на земји учеснички, најповеќе како последица од распаѓањето на Советскиот сојуз и СФР Југославија. На Игрите во Атланта за прв пат било развиорено и македонското знаме. Македонија учествувала со 11 спортисти (осум мажи и три жени): Лазар Поповски, Ненад Трпоски, Кире Филиповски, Александар Маленко, Дарко Насески, Владо Соколов, Шабан Трстена, Валери Верхушин, Наташа Мешковска, Мирјана Бошевска, Ана Угриновска. Атланта се памети по неверојатниот подвиг на Мајкл Џонсон, поради него се менувала сатницата на атлетските натпревари, а тој го постигна неверојатното победи на трките на 200 и 400 метри. Џонсон седум години бил непобедлив на патеката од 400 метри. Овој легендарен атлетичар во кариерата има пет златни олимписки медали. Игрите се паметат и по дамите, Мишел Смит од Ирска и Еми ван Дикен од САД. На пливачките натпревари, Смит освои три златни и еден бронзен медал, додека Ван Дикен освои четири златни медали. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
УЕФА го суспендира Емилијано Мартинез
Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, поради суспензија ќе го пропушти првиот полуфинален натпревар од Конференциската лига против Олимпијакос, потврди Европската фудбалска унија (УЕФА).
Мартинез, во четвртокот, во реваншот од четвртфиналето против Лил доби жолт картон во 39. минута, а втор жолт картон при изведувањето на пенали поради неспортско однесување кон домашните навивачи.
Аргентинскиот голман не беше исклучен, бидејќи жолтите картони во текот на натпреварот не важат во пенал серијата.
Сепак светскиот првак со Аргентина доби суспензија. УЕФА го казни Мартинез бидејќи во пенал-серијата константно ја провоцираше домашната публика.
Астон Вила по изведувањето пенали го победи Лил со 4:3, а Мартинез одбрани два пенали, во првата и петтата серија им одбрани на Бенталеб и Андре.
Првиот натпревар од полуфиналето на Конференциската лига меѓу Астон Вила и Олимпијакос ќе се одигра на 2 мај во Бирмингем, а реваншот седум дена подоцна во Грција.
Спорт
Барселона сака да го врати Олмо
Дани Олмо, веројатно ќе го напушти Лајпциг во летниот преоден рок. Шпанскиот репрезентативец има откупна клаузула од 60.000.000 евра, сума која за богатите клубови не претставува никаков проблем.
Меѓу заинтересираните екипи се Манчестер јунајтед, Баерн и Барселона, од чија младинска школа потекнува Олмо.
Шпанецот оваа сезона одигра 22 натпревари за Лајпциг, постигна осум гола и забележа пет асистенции.
Како јуниор од Барселона премина во Динамо Загреб, како дел од трансферот на Ален Халиловиќ, а потоа за 29 милиони евра се пресели во Лајпциг.
Спорт
Ферстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18.место
Макс Ферстапен по победата во спринтот, доминираше и во квалификациите во пресрет на трката за Големата награда на Кина. Апсолутната доминација на Ред Бул ја потврди Серхио Перез кој трката ќе ја стартува од второто место.
Актуелниот светски првак со време 1:33.660 ја освои 37 пол-позиција во кариерата, а на Ред Бул му ја донесе јубилејната 100. победа во квалификациите.
Зад возачите на Ред Бул, од вториот ред трката ќе ја започнат Фернандо Алонсо (Астон Мартин и Ландо Норис (Мекларен).
Во Топ 10 место изборија Оскар Пјастри (Мекларен), двоецот од Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц, односно Џорџ Расел (Мерцедес), Нико Хулкенберг (Хас) и Валтери Ботас (Заубер).
Во квалификациите потфрли Луис Хамилтон. Седумкратниот светски првак, откако спринт трката ја заврши на второто место, во квалификациите заврши на 18.место.
Траката за Големата награда на Кина, утре ќе започне во 9 часот по македонско време.