Спорт
Добра организација и возбудливи трки на шампионатот во ендуро во Лазарополе
Под покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија, a во техничка организација на мото клубот „Александар“ од Скопје, а со на 18-ти и 19-ти август во Лазарополе се одржаа четвртиот и петтиот натпревар од Шампионатот на Македонија во ендуро за сезоната 2012.
Патеката со должина од десет километри натпреварувачите ја минуваа по четири пати, а највозбудливо беше на брзинскиот испит Речиште каде најуспешните и најбрзите беа поздравени од публиката со громогласни аплаузи.
Во Е1 класата видовме интересна борба за првото место меѓу двајца млади натпреварувачи. Шампионот од мотокрос Никола Гулевски (МК Мотостарс) по првпат годинава се појави на ендуро патеките, но тоа не го спречи да победи во двата натпреварувачки денови. Уште повеќе, Гулевски беше генерално најдобар на вториот ден и го оствари најбрзото време 2:03,94 на брзинскиот испит. Втор заврши Драган Ванов (МК Мото Велес), а трет беше дебитантот Јован Ставрески (МК К’ј антенине). На еден натпревар пред крајот Ванов ја обезбеди својата прва титула со 116 бодови.
Во класата Е2 во првиот ден одличен беше Бојан Лазов (МК Мото Велес) и со убедливо најдобро возење победи пред големите конкуренти Валентин Тошев (МК Брзкруг) и Ивица Милошевиќ (МК Мотори). За жал, Лазов имаше непријатен пад на брзинецот во текот на вториот ден и поради повреда мораше да се откаже од борбата за висок пласман. Победи Тошев пред Милошевиќ и дебитантот Горан Димитријоски (МК Александар). На крајот Тошев беше вкупно прв пред Милошевиќ и Лазов. Во генералниот пласман води Милошевиќ со 109 пред Тошев со 97 бодови.
Во класата Е3 за првпат годинава Борче Костов (МК Мотостарс) беше подобар од Горан Тасиќ (МК Мото Велес) во двата натпреварувачки денови. Третото место го освои Ѓоко Филиповски (МК Мото Велес). Сега Тасиќ води со 119 пред Костов со 109 бодови.
Во првата трка од класата Т1 двократниот шампион Виктор Ефремов (МК Мото Велес) извојува победа пред Баже Шишковски (МК Александар) и Николчо Николов (МК Ендуранс тим). Техничкиот проблем на мотоциклот го спречи Ефремов да стигне до максималниот број бодови во втората трка. Тоа го искористи дебитантот Иле Чингаров (МК Брзкруг) кој победи пред Николов и Шишковски. Сепак во вкупниот пласман по два дена најмногу бодови освои Ефремов и ја извојува победата со само 1 бод повеќе од Николов и Шишковски. Ефремов води во генералниот пласман со 118, пред Шишковски со 101 и Николов со 100 бодови./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Премиер лигата им забрани на собирачите на топки да ја враќаат топката во игра
Премиер лигата воведе ново правило кое се однесува на момчињата кои ги собираат топките, пишуваат англиските медиуми. Тие повеќе нема да смеат да им ги фрлаат топките на играчите, туку ќе мора да ги ставаат на одредени места до теренот. Оваа измена е воведена за домашните екипи да не имаат неправедна предност.
Во последниве години, тренерите почнаа да им придаваат се поголемо значење на собирачите на топки, некои од нив дури лично да им даваат инструкции како да ја вршат својата работа.
Најчесто акцентот се ставаше на побрзо фрлање на топката кон играчите за да се забрза играта во обид да се изненади противникот. Исто така, собирачите на топки знаеја да прават мали опструкции кога нивниот тим ја има предноста.
Со воведувањето на оваа промена, Премиер лигата се обидува да создаде еднакви услови и за домашните и за гостинските екипи.
Спорт
Чаби Алонсо ги одби гигантите ќе остане во Леверкузен
Чаби Алонсо потврди дека и наредната сезона ќе го предводи Баер Леверкузен. Шпанецот со „фармацевтите“ е на добра пат да ја освои првата Бундес лигата во клупската историја. Неговиот тим, во сите натпреварувања од почетокот на сезоната, нема доживеано ниту еден пораз.
Чаби Алонсо долго време се поврзуваше со Ливерпул и Баерн Минен, клубови за кои играше во кариерата, но денес стави крај на тие шпекулации.
„Имав многу добри разговори со челниците на клубот и им кажав дека сакам да останам во Баер. Ова е најдоброто место за мене “, изјави Чаби Алонсо и продолжи:
„Нема да коментирам за Ливерпул или Баерн. Тие се големи клубови и јас сум поврзан со нив. Сепак, сега сум таму каде што сакам да бидам. Сега не е време да зборувам за иднината, сакам да се развивам понатаму во Баер. Веќе им ја соопштив одлуката на играчите “, рече 42-годишниот тренер.
Алонсо го презеде Леверкузен во октомври 2022 година, а пред тоа го тренираше вториот тим на Реал Сосиедад.
Спорт
Шекил: Сакам Симонс да ме научи како за 55 натпревари заработи 80 милиони долари
Изјавата на Шекил О’Нил во еден подкаст, во пресрет на почетокот на плеј-офот во НБА лигата, привлече големо внимание во САД.
Еден од најдобрите центри во историјата на кошарката, саркастично одговори на прашањето за кои играчи би платил карта да ги гледа во живо.
„Бен Симонс, затоа што сакам да научам како можеш да заработиш 80 милиони, а да одиграш само 55 натпревари. Научи ме човеку. Научи ме како можеш да одиграш 55 натпревари во три сезони и да добиеш 30 милиони, 40 милиони и уште 40 милиони само за да рекол дека го боли грбот“, рече четирикратниот шампион во НБА.
Симонс во 2016 година беше прв пик на драфтот, го избра Филалделфија, во чии редови беше до 2022 година кога се пресели во Бруклин Нетс. За Бруклин во првата сезона одигра 40 натпревари, а оваа само 15.