Спорт
Сé е подготвено за почетокот на Параолимписките игри
Сé е подготвено за отворањето ан 14-те параолимписки игри кои од сред 29-ти август до 9-ти септември ќе се одржат во Лондон. На игрите ќе настапат рекордни 4.200 спортисти од 165 земји во 20 спортови и 500 дисциплини, при што 15 земји првпат ќе учествуваат на игрите.
Откако го восхитија светот со одличната организација на Олимписките игри, домаќините најавуваат исто така спектакуларно организирање и на Параолимписките игри (ПОИ). Спортските објекти и Олимпиското село се прилагодени за потребите на спортистите со инвалидитет, а дури и по Лондон на повеќе места се поставени специјалните рампи и лифтови за да им се олесни движењето на спортистите.
Последните денови забрзано се приведуваат кон крајот и подготовките за свеченоста на отворањето за коешто организаторите велат дека ќе биде исто така спектакуларно како и оние за отворањето и затворањето на Олимписките игри. Засега сите детали од шоуто се држат во тајност, особено кој ќе го запали олимпискиот оган. Се знае само дека свеченоста ќе трае три часа, оти режисери на свечената церемонија се Џени Силеј и Бредли Хемингс, а ќе учествуваат повеќе од три илјади волонтери.
„Се е подготвено за почетокот на игрите коишто ќе бидат исто сјајни како и Олимписките. Светот параолимписките игри почна со поголемо внимание да ги следи од Пекинг, а во Лондон очекуваме медиумски залет“, изјави претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет, Филип Крејвен.
Интересот на гледачите за параолимпијадата е исто така извонреден. Досега се продадени повеќе од 2,3 милиони влезници, а преносите од натпреварите директно ќе бидат пренесувани во повеќе од 100 земји.
Македонскиот параолимписки тим го рпетставуваат стрелците Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов, Македонските стрелци ќе се натпреваруваат во три дисциплини – воздушен пиштол (10 метри), спортски пиштол (25 метри) и малокалибарски пиштол, слободен избор (50 метри). Тие ќе настапат на 30-ти и 31-ви август во дисциплината воздушен пиштол, потоа на 3-ти септември во дисциплината спортски пиштол на 25 метри и на 6-ти септември ќе биде заокружен нивниот настап во дисциплината малокалибарски пиштол на 50 метри. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Челси го плати 62 милиони евра, тој одигра 36 минути и ја заврши сезоната
Челзи ги извести своите навивачи дека до крајот на сезоната е завршена за 20-годишниот играч од средниот ред Ромео Лавија. Кариерата на талентираниот фудбалер е забавена поради повредите, последната повреда е трета од доаѓањето во Челси.
Лавија пристигна во Манчестер сити од Андерлехт на 16-годишна возраст, а во тимот на Пеп Гвардиола дебитираше на 17-годишна возраст. Сепак, во 2022 година беше продаден на Саутемптон за нешто повеќе од 22 милиони евра. Челзи го донесе во август минатата година во трансфер кој надмина 62 милиони евра.
Оттогаш, тој пропушти 10 натпревари поради повреда на скочниот зглоб и пет поради фитнес проблеми, а потоа во декември минатата година заработи повреда на тетивата, поради која ја заврши сезоната.
Оваа сезона одигра само 36 минути, сите против Кристал Палас.
Спорт
Нејмар сака да се врати во Барселона
Нејмар по само една година, во која одигра само неколку натпревари за Ал-Хилал, бил подготвен да ја напушти Саудиска Арабија. Шпанските медиуми тврдат дека тој ќе се врати во Барселона.
Бразилецот наводно веќе разговарал со претседателот на Каталонците Џоан Лапорта.
Нејмар играше седум години на Камп Ноу, од 2010 до 2017 година, кога се пресели во француски ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.
Тој освои осум трофеи со Барса, вклучувајќи две титули во шпанската лига и една во Лигата на шампионите.
За Барселона одигра вкупно 186 натпревари, постигна 105 гола и забележа 76 асистенции.
По шест години минати во Париз, минатата година ја прифати астрономската понуда на Ал-Хилал од 150 милиони евра по сезона.
Сепак, по само пет натпревари, на кои постигна еден гол, ги повреди предните вкрстени лигаменти на левото колено.
Според Шпанците, пореално е да се очекува евентуалното враќање на Нејмар во Барса во летото 2025 година, кога ќе му истече договорот.
Причината се финансиските проблеми во каталонскиот клуб поради кои има ограничен буџет за трансфери и плати.
Спорт
Родри една година не доживеал пораз
Фудбалерот на Манчестер сити и шпанската репрезентација, Родри (27) зад себе има неверојатно достигнување. Еден од главните адути на Пеп Гвардиола нема загубено натпревар за клубот или репрезентација веќе една година.
Последниот пораз Родри го имаше во дресот на Шпанија од Шкотска во квалификациите за Европското првенство на 28 март минатата година.
Оттогаш Манчестер сити и Шпанија се непоразени во натпреварите во кои играше Родри. Шпанија неодамна загуби од Колумбија во пријателски натпревар, но со одлука на селекторот Луис де ла Фуенте Родри не играше на тој натпревар. Тој играше на следниот натпревар и со два гола беше најдобар играч во ремито (3:3) со Бразил.
Во овој период без пораз, Родри со Сити ги освои Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФА Купот, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство. Некои истакнуваат дека го загубил „Комјунити Шилд“ од Арсенал, на почетокот на сезоната, но тој натпревар официјално заврши без победник по 120 минути, подоцна Арсенал славеше по изведувањето пенали.