Контакт

Спорт

Кастратовиќ: Потребни ни се луѓе што го сакаат спортот

Објавено пред

Да се биде професионален спортист го сметам за привилегија бидејќи тоа се едни од ретките луѓе кои го работат од се срце она што го сакаат и од тоа заработуваат.

dobivaj vesti na viber

Кастратовиќ: Спортистот се гради преку натпреварувањето, затоа турнирите се најбитниот дел од креирањето на спортистот. Потребно е да создадеме повеќе клубови, кои ќе бидат финансирани од јаки спонзори, доколку сакаме врвни спортисти кои ќе се истакнуваат преку квалитетни лиги- вели Кастратовиќ

Женскиот ракомет на времето додека Вие игравте беше најразвиениот спорт во Македонија. На кое ниво е според Вас денес ракометот, дали ги следите младите?Кастратовиќ: Да, тогаш женскиот ракомет беше гордоста на Македонија. Сега доаѓаме до една фаза кога тој е во застој. Сега имаме само два активни женски тима, Вардар и Металург, но два тима не се доволни за да имаме квалитетна лига. Секојдневно од 2003 година па до денеска сум инволвирана во следењето на младите бидејќи имам свое ракометно училиште и ги следам сите категории на младинци.

Што треба да се направи, според Вас за да почнеме да доживуваме подем на женскиот ракомет?Кастратовиќ: Најпрво ни се потребни луѓе кои ќе го сакаат спортот и ќе бидат во можност да вложуваат во него, но потребно е и да се вложи во изградба на терени за да имаат децата каде да тренираат. Кога се имаат финансиите се друго е полесно. Можат да се огранизираат турнири надвор од Македонија за девојките да можат да ја почувствуваат атмосферата како е да се игра против некој кој не е нивен. Да можат да учат од противникот и да се надоградуваат. Исто така, потребно е и да имаме повеќе клубови за да можеме да создадеме квалитетна лига. Според мене, вежбањето и спроведувањето на тактиките за време на натпреварувањата се клучниот фактор за успех. Во моментов имаме само два активни клубови, Вардар и Металург, и само со нив не можеме да создадеме лига. Потребно е како некогаш да се развијат ракометни клубови низ целата држава за да можеме да го издвоиме квалитетот од квантитетот.

Која е разликата помеѓу ракометот пред десет години и сега?Кастратовиќ: Системот на работа е различен. Секоја генерација си носи нешто ново. Во мое време никој нас пред натпревар не не прашуваше дали сме психички подготвени, туку излегувавме на терен и да го дававме својот максимум. Сега акцентот се става на друго место, дали спортистот е во депресија и слично. Тоа е единствената разлика од некогаш и сега.Но, мора и секој спортист да работи на својата самодоверба доколку сака да биде успешен. Треба и да се научи дека се излегува на терен за да се победи, а не само да се учествува.

Од неодамна сте и тренер на ЖРК Вардар, какви се амбициите, дали може да се повтори успехот на Кометал Ѓорче Петров од 2002 година кога ни ја поделивте најголемата радост, европска титула?Кастратовиќ: Имаме амбиции, но тие се на долги стази. Ова ни е прва година. Сега работиме на програмата и нејзината реализација. Успехот не се случува преку ноќ. И ние преку ноќ со Кометал не станавме шампиони. Игравме години и години за да дојдеме до тоа ниво, но успеавме. И затоа велам дека е потребна е континуирана работа за да се дојде до успех. За една година не се прават чуда, сега сме во фаза кога ги увидуваме работите за да знаеме на кој начин треба да продолжиме. Имаме сериозни амбиции со Вардар, затоа и пред некој ден ми беше понудено да потпишам нов договор од три години и се надеваме дека полека, но сигурно се ќе си дојде на свое место.

Направени се измени на Законот за спорт во делот на трансформацијата на спортските клубови во акционерски друштва. Како Вие како поранешен спортист гледате на овие измени?Кастратовиќ: Измените ги сметам за позитивни. Сметам дека професионалните спортисти треба да имаат платен стаж. Истовремено, да се биде професионален спортист го сметам и за привилегија бидејќи тоа се едни од ретките луѓе кои го работат од се срце она што го сакаат и од тоа заработуваат.

Агенцијата за млади и спорт доделува 500 стипендии за талентирани спортисти. Како Вие гледате на овој проект?Кастратовиќ: Позитивно ги оценувам сипендиите кои им се даваат на младите талентирани спортисти бидејќи тие дополнително ги мотивираат да продолжат да работат и да се усовршуваат на секој можен начин. Со добивањето на стипендија, детето -спортист добива желба и понатаму да се докажува и од ден на ден да биде се подобро во тоа што го прави.

Агенцијата за млади и спорт отвори Спортска Академија во која има паралелка за ракомет. Ова е проект во европски рамки. Што мислите за Спортската академија?Кастратовиќ: Директно сум вклучена во проектот и сметам дека ваква академија е нешто што навистина ни е потребно. Мораме да знаеме дека секогаш првата година е најтешка, како во спортот, па така и во приватниот живот. Но, мора да се издржи. Првата година ќе ни покаже каде грешиме и во кој дел треба да се поправиме за се да функционира перфектно. Потоа ќе биде полесно. Но, потребно и е родителите на децата-спортисти да се запознаат подетално за академијата и нивното образование да го насочат токму во тој правец и од нив професионалците со кои ќе работат да створат врвни спортисти.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Милик му обезбеди финале во Купот на Јувентус

Објавено пред

Фудбалерите на Јувентус загубија од Лацио во Рим со 2:1, во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. И покрај поразот Јувентус се пласира во своето 22. финале во Купот. Пресуди првиот меч кој Јувентус го доб со 2:0.

dobivaj vesti na viber

Лацио многу подобро го започна натпреварот, веќе во 12. минута поведе. Валентин Тати Кастеланос погоди на асистенција на Луис Алберто.

До крајот на првото полувреме немаше промена на резултатот.

Кастељанос погоди и во 49. минута, а асистент уште еднаш беше Луис Алберто – 2:0.

Се чинеше дека дуелот ќе оди во продолженија, но Јувентус успеа да се извлече во финишот.

Акрадиуш Милик, во 83.минута, во првиот контакт со топката намали на 2:1. Полјакот влезе на теренот на местото на Влаховиќ.

Јувентус во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта.

Тимот од Фиренца успеа да слави на првиот натпревар со 1:0, реваншот е утре во Бергамо.

Финалето е на програмата на 15.мај.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Арсенал го декласира Челси

Објавено пред

Арсенал го декласира Челси во заостанатиот натпревар од 29.коло во Премиер лигата. во градската пресметка со 5:0. „Тобџиите“ дојдоа до 77 бода, први се на табелата, имаат три бода повеќе од Ливерпул и три од Манчестер сити, но црвените имаат еден, а „граѓаните“ два натпревари помалку.

dobivaj vesti na viber

Арсенал во градската пресметка ги декласира „сините“ во второто полувреме. Првиот дел заврши со 1:0, со голот што го постигна Торсар во четвртата минута.

Во вториот дел се случи канонада кон глот на Челси. Вајт погоди во 52 минута, потоа Хаверц постигна два гола во 57. и 65.минута, а серијата ја заврши Вајт во 70.минута.

Прикажи повеќе...

Спорт

Брејк на Макаби во Атина

Објавено пред

Плеј-офот во кошаркарската Евролига започна со брејк на Макаби во ОАКА арената во Атина. Макаби го победи Панатинаикос 91:87.

dobivaj vesti na viber

Панатинаикос го контролираше натпреварот 32.минути, неколку пати зелените имаа предност од 12 поени, но не успеаја да го решат натпреварот.

Трагичар е Костас Слукас кој на 20 секунди до крајот продаде топка, а Џош Нибо од линијата за слободи го постави конечниот резултат. До тој момент Слукас одигра совршен натпревар (12 поени, 13 скокови, без загубена топка).

Најдобриот учинок во редовите на Макаби го имаше Бонзи Колсон, која забележа 18 поени со два скока, а го следеа Лоренцо Браун со 16 поени, четири скока и три асистенции, Вејд Болдвин со 15 поени со седум скока. Болдвин поради повреда не играше во последните осум минути.

Двоцифрен беше и Џош Ниебо со 12 поени и осум скока.

Кај Панатинаикос се истакна Матијас Лесор со 22 поени и шест скока, но и очајна реализација на слободните фрлања 4/11, а двоцифрени беа и Џериан Грант и Мариус Григонис со по 11 поени.

Вториот натпревар се игра за два дена исто така во Атина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија8 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија10 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија12 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија14 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија15 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет15 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија15 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет16 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија16 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет16 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија1 ден

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија1 ден

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија1 ден

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија1 ден

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија2 дена

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија2 дена

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...