Домашен
300.000 денари за победниците на турнирот во мал фудбал „Скопје 2018“

Во преполниот спортски центар „Ново Лисиче“ на 12 јуни се одржа финалниот натпревар на седмиот по ред турнир во мал фудбал „Скопје 2018“ меѓу екипите на Маг логистик – Компанија Атанасовски.
Во рамките на настанот, градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, им додели награди на победничките екипи, информираат од Општината.
„На финалниот натпревар со резултат од 3:0 првото место и награда од 160.000 денари на турнирот го освои Компанија Атанасовски, а второто место и награда од 80.000 денари ѝ припадна на екипата на Маг логистик. Третото место, пак, и награда од 40.000 денари освои екипата на ТК Лока ферплеј во полуфиналниот натпревар против екипата на Фенербахче Кичево со резултат 3:2“, стои во соопштението од Општината.
Финалистите добиле пехари, медали, пригодни награди и признанија. Награди биле доделени и за најдобар стрелец на турнирот – Игор Стојковски, најдобар голман – Едо Пелевиќ, како и најдобар играч – Далибор Јовановски.
„На турнирот во мал фудбал ‘Скопје 2018’ учествуваа 32 екипи. Турнирот траеше еден месец и го организира здружението КБС 2012 под покровителство на Општина Аеродром, која го обезбеди наградниот фонд за победниците“, потенцираат од Општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен
Македонија три места подолу на ФИФА-листата

Резултатите што фудбалските репрезентации го постигнаа на Купот на Азија предизвикаа промени на листата на ФИФА која Светската куќа ја објави во четвртокот. Македонската репрезентација остана со 1.343 бода, меѓутоа назадуваше за три позиции.
Македонија до објавувањето на наредната листа ќе се наоѓа на 71. место. Од противниците со кои Македонија ќе игра во квалификациите за пласман на ЕУРО 2020 најдобро котира Полска (20 место), потоа на листата се Австрија (23), Словенија (63), а според рејтингот зад нашата репрезентација се Израел (92) и Латвија (131).
Инаку, на листата најголем прогрес забележа Катар, репрезентацијата што го освои Купот на Азија. Катарците напредуваа за 38 позиции и сега се на 55. место на листата. Јужна Кореа „скокна“ 15 места до 38. место, а Јапонија напредуваше за 23 места, до 27. позиција на ФИФА-листата.
На врвот нема никакви промени најдобрите десет се Белгија, Франција, Бразил, Хрватска, Англија, Португалија, Уругвај, Швајцарија, Шпанија и Данска.
фото/ffm.mk
Домашен
Дејан Недев двократен европски шампион во традиционално карате во кати и фукуго

Нашиот најдобар каратист, Дејан Недев, стана двократен Европски шампион во дисциплините кати и фукуго на 33. Европски шампионат во традиционално карате што се одржува во Белград, Србија.
Недев со овој резултат ја потврди врвната форма и докажа дека со години е во врвот на Европското и светското карате. Тој ги одбрани европските титули од минатиот ЕШ кој во 2016 година се одржа во Крањска гора, Словенија.
Јадранка Недева освои сребрен медал во кати за сениорки. ЕШ во Белград сè уште е во тек.
Домашен
АМС ќе му додели еднократна парична награда од 100 илјади денари и стипендија на младиот Пејчиноски

По повод херојскиот подвиг на младиот Марко Пејчиноски, кој успеа да го преплива Охридското Езеро, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, поднесе иницијатива, што беше усвоена при Советот на Агенцијата за млади и спорт, за еднократна парична награда од 100 илјади денари за македонската пливачка надеж, а воедно АМС ќе му додели и стипендија за млади таленти „Спортска надеж“, соопштија денеска од Агенција за млади и спорт.
Исто така, додаваат во соопштението, АМС се обврзала да обезбеди стручни лица што ќе подготват годишна програма за усовршување на Пејчиноски со цел да продолжи да се усовршува и да стане врвен пливач кој гордо ќе ја претставува Македонија.
Од АМС и денеска уште еднаш му упатија честитки на младиот Пејчиноски и му посакаа блескава кариера.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал