Спорт
83 поени за тандемот на Минесота, Бил и Вестбрук ја добија пресметката со Мичел и Инглс
Четворица кошаркари синоќа постигнаа 40+ поени во НБА -лигата, а петмина ја префрлија бројката од 35 поени. Никогаш не се случило девет играчи во едно коло да постигнат 35 или повеќе поени.
Еден од најлошите тимови во НБА-лигата, Минесота, забележа победа над Финикс Санс 123:119. Блескаше тандемот Карл-Ентони Таунс и Ентони Едвардс со вкупно 83 поени. Едвардс забележа 42 поена и седум скока, а Таунс мечот го заврши со 41 поен, 10 скока и осум асистенции. На спортивната страна Девин Букер натпреварот го заврши со 35 поени.
Неверојатен меч одиграа Вашингтон Визардс и Јута Џез. Визардс ја прекинаа серијата од пет порази со победата 131:122. Јута има пет порази на последните десет натпревари.
Вистинска шутерска пресметка се случи помеѓу Бредли Бил и Расел Вестбрук, од една страна, и Донован Мичел и Џо Инглс, од друга.
Бил постигна 43 поени, а Вестбрук забележа трипл-дабл со 35 поени, 15 скока и 13 асистенции. Кај Јута, Мичел уфрли 42 поена, а Инглс мечот го заврши со 34 поени.
Леброн Џејмс ги предводеше ЛА Лејкерс со 37 поени до побеата над Шарлот Хорнетс 116:105.
Портланд запишаа победа во дуелот со Њу Орлеанс Пеликанс 101:93. Демијан Лилард беше најдобар кај победниците со 36 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рома преговара околу трансферот на Киеза
Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, кој го продолжи договорот со клубот, е голем фан на фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза. Де Роси не кри дека би сакал да го има во својот тим крилниот напаѓач.
Де Роси работеше со него додека му беше асистент на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.
Договорот на Киеза со Јувентус истекува во јуни 2025 година, што значи дека ова лето влегува во последната година од истиот.
Тоа значи дека ова лето е веројатно последна шанса клубот да заработи нешто од неговата продажба.
Свесни за ова, челниците на Рома веќе закажале состанок со неговиот менаџер Фали Рамадани.
Покрај Рома, интерес за Киеза покажува и Њукасл.
Спорт
Манчестер сити подготвува мега трансфер, мета е играч на Баерн
Манчестер сити, во летниот преоден рок ќе се обиде да го нагажира Џамал Мусиала (21), тврди „Гардијан“. Информацијата е пласирана во јавноста откако Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите го исфрли тимот на Пеп Гвардиола, кој нема да може да ја одбрани титулата европски првак од минатата година.
Гвардиола сака дополнителни опции во редот за врска, а главна цел е еден од најголемите таленти во светот. Пред да пристигне во Баерн во 2019 година, Мусиала играше за германски СГ Барокштад Фулда-Ленерц, а потоа и за Саутемптон и Челзи во Англија.
За првиот тим дебитираше во 2020 година и досега има одиграно 161 натпревар, има постигнато 43 гола со 30 асистенции. Досега со Баерн осови 10 трофеи. Иако е роден во Штутгарт, има германско и англиско државјанство. Избра да игра за Германија, во чиј дрес досега одигра 27 натпревари и постигна два гола.
„Трансфермаркт“, веб-страницата која се занимава со проценка на вредноста на фудбалерите, наведува дека Мусиала вреди 110 милиони евра, што го прави еден од најскапите во светот, веднаш зад Фил Фоден и Букаја Сака (130 милиони евра), Винисиус Жуниор (150), Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд и Џуд Белингем (180).
Сепак, Баерн нема намера да го пушти Мусијала, кој има договор до летото 2026 година.
За потсетување, најскап играч на Манчестер сити е Џек Грилиш, кој во 2021 година пристигна од Астон Вила за 117,5 милиони евра. Богатите арапски сопственици на Сити веројатно би морале да го соборат тој рекорд за Мусиала.
Спорт
Озил: Барселона е виновна што ел класико повеќе не е најголемиот натпревар во светот
Месут Озил, поранешен фудбалер на Реал, во интервју за „Марка“, го коментираше ривалството помеѓу Реал и Барселона.
„Кога играв во Реал, Ел Класико беше најважниот натпревар на светот. За наша жал, игравме против најдобрата Барселона во историјата. Сега вниманието на гледачите е повеќе насочено кон натпреварите како Ливерпул – Сити или други дерби натпревари во Премиер лигата. Ел Класико не предизвикува толкаво внимание, за тоа виновен Реал, туку Барселона, која е во пад“, вели поранешниот германски репрезентативец.
Тој смета дека неговиот поранешен клуб Реал е најблиску до освојување на Лигата на шампионите.
„Натпреварот против Сити беше фантастичен. Англичаните доминираа речиси во текот на целиот натпревар, но Реал играше интелигентно и се бранеше брилијантно. Извикав „Хала Мадрид“, по последниот пенал. Верувам дека Реал ќе ја освои Лигата на шампионите”.
Европско првенство?
„Англија и Франција имаат неверојатни екипи. Не само првите 11, туку и ширината на нивниот ростер е неверојатна. Сепак, на вакви турнири треба да имате и малку среќа. Мислам дека Шпанија, Португалија или Германија исто така би можеле да стигнат до финалето”.
Озил кариерата ја започна во Шалке, од кој по две години замина во Вердер. За Реал играше од 2010 до 2013 година, а потоа мина осум години во Арсенал. Кариерата ја заврши во Турција каде прво настапуваше за Фенербахче, а потоа и за Истанбул Башакшехир.