Спорт
Аргентина се квалификува на С.П. во Јужна Африка
Аргентина минимално го победи Уругвај и се квалификува на Светското првенство (СП) во Јужна Африка.
Аргентина минимално го победи Уругвај и се квалификува на Светското првенство (СП) во Јужна Африка.Единствениот гол на Марио Болати во 85-та минута ја однесе Аргентина на С.П. во Јужна Африка, заедно со Бразил, Чиле и Парагвај.Уругвај кој заврши на петото место во групата ќе игра во бараж натпреварот против Костарика во ноември. „Им благодарам на моите фудбалери. Денеска бев загрижен како тренер, но сега се пласиравме на С.П. со сите почести.“изјави тренерот на Аргентина, Диего Марадона. Португалија со убедливата победа од 4:0 против Малта си обезбеди место во баражот. Шведска иако со 4:1 ја победи Албанија, за само еден бод на табелата во првата група не успеа да се квалификува во Баражот. Данска веќе квалификувана можеше да си дозволи да изгуби од Унгарија со единствениот гол на Бужаку во првото полувреме. Грција исто така се пласира во бараж натпреварите по победата над Луксембург од 2:1. Во првото полувреме Грција водеше со 2:0 благодарение на головите од Торосидис и Гекас а во судиското продолжение Пападопулос му подари авто-гол на Луксембург кој од 58-та остана без Пајал поради црвен картон.Во групата три Словенија е таа која ќе се натпреварува во бараж натпреварот по победата од 3:0 над аутсајдерите Сан Марино. На Русија и беше доволен и бод за баражот во натпреварот против Азербејџан, Шпанија не дозволи изненадување во Сараево па ја торпедира Босна и Херцеговина со 5:2. Головите за Шпанија ги постигнаа Пике, Силва, Иниеста, Мата а два постигна Негредо. Во судиското продолжение Џеко и Мисимовиќ го ублажија поразот, но си заминаа задоволни бидејќи ќе се борат за карта на С.П. во баражите во ноември. Украина ќе може да се надева на пласман на С.П. најмногу поради услугата од Англија, а во последното квалификационо коло со шест гола ја торпедира Андора. Хрватска иако го победи Казахстан на гости остана без шанси за бараж. Англија рутински ја победи Белорусија со двата гола на Питер Крауч и еден на Шон Рајт Филипс.Финалистот на последното С.П. Франција исто така обезбеди место во баражот во натпреварот против Австрија. Бензема, Анри и Гињак беа креатори на победата од 3:1.Поразот на Србија од Литванија не го промени изгледот на табелата во седмата група. Ирска и со нерешениот резултат без голови дома успеа да се пасира во баражот, а шампионите Италија со хет трикот на Џилардино и со пресврт во второто полувреме дојдоа до победата над Кипар. Во последната група во која е и Македонија, Норвешка ќе игра во баражот за пласман на С.П. Иако имаше исти бодови со Шкотска, Норвешка се пласира на второто место поради подобрата гол разлика.Од КОКАКАФ групата Хондурас извади виза за Јужна Африка по вчерашната победа на гости против Ел Салвадор. Голот за Хондурас го постигна Павон во второто полувреме./крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.