Спорт
Челзи и Манчестер меѓу најдобрите шеснаесет
Челзи и Манчестер Јунајтед се првите кои се квалификуваа во шеснаесетте најдобри тима во Лигата на шампионите. На Челзи му беше доволен само бод за да се квалификува меѓу шеснаесетте најдобри во Лигата на шампионите.
Челзи и Манчестер Јунајтед се првите кои се квалификуваа во шеснаесетте најдобри тима во Лигата на шампионите.На Челзи му беше доволен само бод за да се квалификува меѓу шеснаесетте најдобри во Лигата на шампионите. Сите четири гола на натпреварот Атлетико Мадрид против Челзи беа постигнати во второто полувреме. Серџо Агуеро дури во 66-та минута го отвори резултатот а Дрогба израмни во 82-та минута. Истиот играч го зголеми резултатот во корист на „Сините“, но по само две минути Агуеро беше повторно спасителот за Атлетико. Интересен трилер натпревар одиграа Манчестер Јунајтед и ЦСКА Москва каде „ѓаволите“ иако губеа 1:3 во поголемиот дел од натпреварот, израмнија на 3:3 на самиот крај. Алан Џагоев прв погоди за водство на ЦСКА, а по само четири минути Мајкл Овен израмни. ЦСКА возврати преку Милош Красиќ и Василиј Березутски кон крајот на првото и почетокот на второто полувреме. До самиот крај на натпреварот иако голманот на ЦСКА, Игор Акинфеев имаше неколку одлични одбрани не можеше да спречи Манчестер да даде уште два гола преку Пол Сколс и Валенсија во самиот финиш на натпреварот. Милан не го повтори натпреварот од пред две недели во Мадрид, и одигра нерешено со „кралскиот клуб“. Карим Бензема погоди за водство на Реал во 29-та минута, но Роналдињо возврати со голот од пенал на само десет минути пред крајот. Милан беше оштетен во текот на натпреварот кога му беше поништен регуларен гол на Алесандре Пато. Волфсбург на гости кај Бешикташ ги собра трите бода, благодарение на босанското дуо Звездан Мисимовиќ и Един Џеко, но и на Кристијан Гентнер. Баерн Минхен со свирежи беше испратен од Алијанц Арената во Минхен, по поразот од Бордо кој исто така се квалификува во најдобрите 16 тима. Головите за Бодро ги постигнаа Јохан Гуркуф во првото и Маруан Шамах во второто полувреме.Јувентус на гости кај макаби Хаифа дојде до трите бода преку голот на Мауро Каморанези. Марсеј и Цирих го одиграа натпреварот на кој беа постигнати дури седум гола а во кој Цирих беше поразен со дури шест примени гола. Силван Аргертер со автогол му донесе рано водство на Марсеј, а Фабрис Абриел го зголеми водството на 2:0. Алпхонес во првото полувреме погоди за да го намали резултатот но потоа Марсеј стапи на сцена и во второто полувреме Мамаду Нианг, и бразилците Хилтон и Брандао постигнаа по еден гол за конечни 6:1 за Марсеј. Порто минимално со голот на Фалкао кон крајот на натпреварот дојде до победа против АПОЕЛ Никозија./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Турбо ракомет во Осло, по бод за Португалија и Шведска
Шведска и Португалија ремизираа 37:37 во првото коло, во Групата 3, во втората фаза на 29. Светско првенство во ракомет.
Врвен натпевар одиграа селекциите кои целат на пласман во четвртфиналето. Во текот на сите 60 минути се водеше изедначена борба, ниту една репрезентација немаше предност поголема од два гола.
Бод на Португалија и донесе Соуса во финишот на мечот. Интересно тој гол беше единствен за Соуса на натпреварот. Шведска потоа не го искористи последниот напад.
Фраде односно Лагергрен со по седум гола ги предводеа своите репрезентации.
Групата 3 ја предводи Португалија со пет бода, Шведска и Бразил имаат по четири, Шпанија со натпревар помалку три, без бодови се Норвешка и Чиле.
Во вториот меч одигран во терминот од 18 часот, во рамките на Групата 4, Хрватска ги декласира Зеленортските острови со 44:24.
Спорт
Бешикташ го размонтира Атлетик Билбао
Фудбалерите на Бешикташ го совладаа Атлетик Билбао со 4:1 во Истанбул, во претпоследното коло од првата фаза во Лига Европа.
Ова беше и деби триумф на Оле Гунар Солскјер на клупата на Бешикташ.
Блескаше во тимот на Бешикташ Милон Рашица со два гола и асистенција.
Рашица ја искористи првата добра шанса во 17. минута. Тој одлично ја смести топката на додавањето на Силва и погоди од работ на шеснаесетникот.
Билбао лошо го започна натпреварот, но вториот дел од првото полувреме беше значително подобар за нив. Унаи Гомез ја круниса добрата игра во финишот на првото полувреме. Тој во 45. минута со волеј го совлада голманот на Бешикташ и го израмни резултатот.
Домашните влегоафуриозно во вториот дел. Шанси имаа Имобиле, Силва и Рашица, а крилниот напаѓач на Бешикташ ја искористи шансата во 60. минута и вторпат му донесе водство на својот тим.
Билбао мораше да напаѓа, а Бешикташ тоа знаеше да го казни. Силва погоди во 77. минута, а точка на натпреварот стави со гол од пенал Жоао Марио во 92. минута.
Бешикташ со овој триумф значително си ги зголеми шансите за пласман во плејофот, со девет бода е на 18. место, а во последното коло игра со Твенте. Од друга страна, Билбао останува втор со 16 бодови.
Спорт
„Шумарите“ ќе го урнат клупскиот рекорд – Куња пред трансфер во Нотингем Форест
Нотингем Форест ја игра најдобрата сезона во поновата историја на клубот. „Шумарите“ се изедначени на второто место во Премиер лигата, а нивната цел во јануарскиот преоден рок покажува дека се сериозни за останување меѓу најдобрите четири екипи.
Нотингем Форест го има еден од најдобрите напаѓачи во лигата оваа сезона според бројките. Крис Вуд блеска оваа сезона. Напаѓачот на Форест постигна 14 гола на 22 меча, а како што стојат рабтите тој наскоро ќе добие конкуренција.
Имено, Нотингем е подготвен да го собори клупскиот рекорд и да се засили со Матеус Куња. Бразилскиот интернационалец не е задоволен од Вулвс, кој има големи проблеми и на резултатски и во клупски план. Вулверхемптон до крајот на сезоната ќе се борат за опстанок во Премиер лигата.
Нотингем Форест е подготвен да плати дури 60 милиони фунти за Куња. Според првичните информации, тоа би било доволно Вулверхемптон да го одобрат трансферот. .
Куња е во Волвс од почетокот на сезоната 2023/24, кога за нешто помалку од 50 милиони евра пристигна од Атлетико Мадрид. Неговиот договор истекува во јуни 2027 година.