Спорт
Ливерпул е во неволја, Интер се спаси од ново реми
Ливерпул се соочува со можноста да не го продолжи патот во шеснаесетте најдобри во Лигата на шампионите, по доцниот гол на Лион. Ливерпул е на тешки маки по ремито во Лион, од вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите. Во 83-та минута црвените конечно поведоа со голот
Ливерпул се соочува со можноста да не го продолжи патот во шеснаесетте најдобри во Лигата на шампионите, по доцниот гол на ЛионЛиверпул е на тешки маки по ремито во Лион, од вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите. Во 83-та минута црвените конечно поведоа со голот на Рајан Бабел во 83-та минута, но Лисандро Лопез им ги расипа плановите со голот во судиското продолжение. Ливерпул се наоѓа на третото место во групата Е со освоени четири бода,пет бода помалку од Фиорентина која беше доста убедлива во својата победа вчера. Интер пак се спаси од ново реми во самиот финиш на натпреварот против Динамо Киев. Шевченко си го имаше својот мал момент на слатка одмазда против поранешниот тренер од редовите на Челзи, Жозе Мурињо. Динамо не издржа до крај под притисокот на Интер и во самиот крај на натпреварот прими два гола од Диего Милито и Весли Снајдер за целосен пресврт во Киев.Фиорентина не ги имаше истите проблеми како Ливерпул бидејќи дома во Фиренца го прегази Дебрецен со конечен резултат 5:2. Адријан Муту го отвори резултатот, но Рудолф израмни уште во првото полувреме. Второто полувреме беше резервирано за „виолетовите“ кои постигнаа 4 гола. Даниели ја почна серијата, Монтиловио продолжи, следеше гол од Маркиони во 61-та минута а ја заврши Џилардино. Рубин Казан повторно му покажа сила на европскиот шампион Барселона и одигра реми без голови во Казан.Двата гола на Фабрегас и по едниот гол од Насри и Дијаби беа повеќе од доволни Арсенал да ги освои трите бода од натпреварот против Аз Алкмар и да се зацементира на првото место во групата Х.Стандард беше изненадувачки подобар од Олимпијакос и конечниот резултат во Белгија беше 2:0 за Стандард.Нерешени резултати доминираа во групата Г. Севилја одигра 1:1 со Штутгарт. Навас погоди за Севилја во првото а Кузмановиќ за Штутгарт во второто полувреме.Униреа Узрицени и Ренџерс ги поделија бодовите по резултатот од 1:1 по доцниот гол на Меклиш во 79-та и на Онофас по десетина минути.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Челси ја прекина лошата низа, го победи Вулвехемптон
Фудбалерите на Челзи го совладаа Вулверхемптон со 3:1 во последниот натпревар од 22. коло на Премиер лигата.
„Сините“ влегоа во мечот против „волците“ со серија од пет натпревари без победа во англиската Премиер лига. И гостите беа во слична форма, два последовни порази, од вечерва три, по што според англиските медиуми сериозно е загрозена позицијата на тренерот Витор Переира кој пред два месеци пристигна во клубот.
Дефанзивецот Тосин Адарабијо, најдобро се снајде пред голот на Вулведхемптон во 24.минута и го отвори резултатот.
Тоа требаше да биде единствениот гол во првото полувреме, но Мет Доерти мислеше поинаку. Се играше петтата минута од судиското надополнување кога Роберт Санчез реагираше очајно по ударот од корнер, дозволувајќи му на Ирецот да израмни.
Во вториот дел на теренот постоеше само еден тим. Марк Кукуреља ја започна и ја заврши акцијата на домашните во 60. минута, додека конечниот резултат шест минути подоцна го постави Нони Мадуеке.
Со оваа победа, Челзи се врати на четвртото место, по 22 кола имаат 40 бода. Во следното коло му гостуваат на Сити на „Етихад“ во директна пресметка за четвртото место.
Вулверхемптон е прв над „линијата“ со ист број на бодови и подобра гол разлика од Ипсвич. Во следното коло ги очекува тешка задача бидејќи на „Молињу“ ќе гостува Арсенал.
Спорт
Рашфорд е пред трансфер во Барселона
Според шпанските медиуми, Маркус Рашфорд наскоро би можел да стане нов играч на Барселона.
Се работи за шестмесечна позајмица, додека останатите детали од договорот се уште не се познати, вклучително и дали Барселона ќе мора да го купи Англичанецот.
Единствена пречка е буџетот на Каталонците, бидејќи тие ќе треба да направат простор за да можат да земат 50 отсто од платата на Рашфорд, која изнесува девет милиони евра.
Англичанецот е свесен дека е во втор план под водство на португалскиот тренер Рубен Аморим, поради што сака да го смени клубот, иако од англиските медиуми пристигнуваат информации дека не сака да оди никаде.
Рашфорд оваа сезона одигра 24 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна седум гола и забележа три асистенции.
Спорт
(Видео) Браќата Душебаев не дозволија Шпанија да загуби од Шведска, Исланд лесно се справи со Словенија
Со спектакуларниот натпревар меѓу Шведска и Шпанија во Ф групата заврши првата фаза на 29. Светско првенство во ракомет. Шведска и Шпанија одиграа без победник 29:29, двете репрезентации во главната фаза носат по три бода, без бодови натпреварите во новоформираната група ќе стартува Чиле. Г групата ја освои Исланд, кој носи четири бода во втората фаза. Исланѓаните вечерва целосно ја надиграа Словенија и славеа со 23:18.
Шведска и Шпанија го одиграа најдобриот меч во досегашниот тек од турнирот. Швеѓаните доминираа 45 минути, на крајот не победија.
Шведкса ја градеше својата предност од самиот почеток, највисоката разлика изнесуваше седум гола. Шпанците не сакаа да се предадат, а селекторот Џорди Ривера уште еднаш ја покажа својата класа.
Во последните 15 минути Шпанците го пореметија шведскиот напад со одбраната 3-2-1, а уште поголем проблем имаа Швеѓаните со нападот на противникот „седум на шест“.
Мечот беше решен во последните 20 секунди. Откако Екберг реализираше седмерец за водство на Шведска 29:28, на шест секунди до крајот 29. гол за Шпанија го постигна Алекс Душебаев, а потоа неговиот брат Даниел го одбрани шутот од центар на Мелер.
Втпрата фаза ќе биде интересна во новоформираната четири бода пренесе Португалија, по три Шведска и Шпанија, два Бразил, а без бодови се Норвешка и Чиле.
Vintage Alex Dujshebaev levels it for Spain with the last shot!!
Spain come back from 6 down to claim a crucial draw! pic.twitter.com/1DvkzJabLs
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) January 20, 2025
Исланд на чело со голманот Халмгринсон (15 одбрани) ја декласира Словенија, иако тоа не го покажува конечниот резултат. Во 21.минута Исланд стекна предност 10:4, во последните 15 минути разликата беше и девет гола.
Од оваа група во втората фаза ќе играат и Зеленорстките острови. групата вкрстува со групата во која се Египет, Хрватска и Аргентина.