Спорт
Три нови рекорди за спуштање на завесата во Сингапур
Кетрин Меаклим, Питер Маршал и Тереза Алшамар со нови светски рекорди на последниот ден од Светскиот куп во кратки базени што се одржа овој викенд во Сингапуркиот рекорд на 100 метри градно во Рим.
Кетрин Меаким од Јужна Африка го постави новиот светски рекорд на 400 метри мешано со ново време од 4.22.88 што е за три стотинки подобар резултат од тој на Миреија Белмонте Гарсија во декември 2008 година.Питер Маршал од САД е новиот рекордер на 50 метри грбно со време од 22.61, пред русинот Станислав Донетс кој исплива со време од 23.34 и Гилјерме Гуидо од Бразил 23.39.Тереза Алшамар беше најбрза на 50 метри пеперутка со нов светски рекорд 24.38. Инге Декер од Холандија освои сребро со испливани 25.09, а Мариеке Гуерер од Австралија се закити со бронзата со 25.14.Аркадиј Вјачанин од Русија се закити со злато на 200 метри грбно и за малку не го сруши рекордот од Арон Пирсол, бидејќи Русинот исплива во време од 1.46.41. Даниел Блекбороу освои сребро, а Авртон Дики бронза. На 100 метри мешано кај дамите најбрза беше Хинкелине Шрудер од Холандија со испливано време од 58.32, а сребрена беше Емили Сибом од Австралија, додека бронза освои Френ Маршал од Велика Британија.Во дисциплината 200 метри градно најбрза беше Кетрин Меаклим со 2.20.52 пред Австралијките Лејсел Џонс со 2.21.31 и Сара Катсолулис со 2.22.83.На 50 метри слободно Николас Дос Сантос од Бразил за една стотинка беше побрз од фаворитот Роланд Шојман. Бразилецот исплива со време од 20.74, а Шојман 20.75. Метју Абод од Австралија беше трет со време од 20.90.Џесика Шипер од Австралија ја оправда фаворитската улога со поставувањето на нов национален рекорд од 2.03.27 и златен медал во Сингапур, а Менди Лотс од Јужна Африка го освои среброто со време од 2.04.24. Фелисити Галвез од Австралија исплива во време од 2.04.30 доволно за бронзата. Мајкл Патерсон од Јужна Африка беше најбрз на 100 метри пеперутка со време од 49.51 пред Гарт Тјун со 50.36 и Геоф Хуегил со 50.47.Во Лос Анџелес, пак, беа доделени златните Гугл награди за најдобри американски пливачи каде доминираа Рајан Лохти и Ребека Сони.Рајан Лохти ја освои наградата за најдобар пливач и ја прекина двегодишната доминација на Мајкл Фелпс. Наградите дојдоа благодарение на одличните резултати на 200 метри мешано и во штафетата 4 пати по 200 метри слободно на светскиот шампионат во Рим оваа година.„Арон и Мајкл! Момчиња вие ме притиснавте до границата и не знам каде би бил сега без вас“, изјави Лохти. Ребека Сони пак, ја освои наградата на најдобра пливачка, бидејќи го подобри светскиот рекорд на 100 метри градно во Рим./крај/всм/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…
Спорт
Рома преговара за трансферот на Киеза
Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, кој го продолжи договорот со клубот, е голем фан на фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза. Де Роси не кри дека би сакал да го има во својот тим крилниот напаѓач.
Де Роси работеше со него додека му беше асистент на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.
Договорот на Киеза со Јувентус истекува во јуни 2025 година, што значи дека ова лето влегува во последната година од истиот.
Тоа значи дека ова лето е веројатно последна шанса клубот да заработи нешто од неговата продажба.
Свесни за ова, челниците на Рома веќе закажале состанок со неговиот менаџер Фали Рамадани.
Покрај Рома, интерес за Киеза покажува и Њукасл.