Спорт
Фудбалска лекција за Интер од шампионот
Интер беше надмудрен од шампионот Барселона во вчерашниот натпревар од петтото коло од Лигата на шампионите, а Ливерпул ќе мора да се задоволи само со Европа Лигата
Интер беше надмудрен од шампионот Барселона во вчерашниот натпревар од петтото коло од Лигата на шампионите, а Ливерпул ќе мора да се задоволи само со Европа Лигата.
Барселона триумфира на Интер во вчерашниот натпревар на Ноу Камп со резултат од 2:0. Головите за Каталонците ги постигнаа Џерард Пике во 10-та минута и Педро Родригез во 26-та минута. Избраниците на Пеп Гвардиола доминираа во текот на целиот натпревар и не му дозволија на противникот да ја има топката во посед, ниту да се приближи до шеснаесетникот на Виктор Валдез.„ Знаевме дека ни недостигаат клучни играчи како Ибрахимовиќ и Меси, но овој тим игра со меморија. Сите си ја знаеја својата позиција, и кога играме така, ние сме непобедливи. Овој натпревар беше за враќање на нашата самодоверба. “ изјави Чави по натпреварот. Дури и тренерот на Интер, Жозе Мурињо имаше пофални зборови за играта на Барселона: „Барса играа многу добро. Не им завидувам бидејќи и, мојот тим е квалитетен. Сепак има играчи во Барселона кои се уникатни. Колку Чави и Инисета има во светот? Само по еден.“ изјави Мурињо. Во групата Ф, Рубин Казан и Динамо Киев одиграа нерешено без голови и на едно коло пред крајот на натпреварите по групи Барселона се наоѓа на водечката позиција со 8 бода пред Интер и Рубин со 6 и Динамо со 5.
Ливерпул минимално со голот на Давид Нгог во 4-та минута го совлада Дебрецен на гостински терен, но сепак Ливерпул нема да го продолжат патот во Лигата на шампионите, туку во Европа лигата. И покрај крајот на Ливерпул во ова натпреварување Рафаел Бенитез добил уверување од челниците на клубот дека и понатаму ќе остане тренер на „црвените“. „Се разбира дека сме разочарани, бидејќи ова е големо натпреварување во кое нашиот тим играше добро ви изминативе три или четири години“ изјави голманот на Ливерпул, Пепе Реина.
Фиорентина исто така минимално го совлада Лион со единствениот гол од пенал Хозе Мануел Варгас и како првопласирана во групата Е со 12 бода ќе го продолжи натпреварувањето во Лигата на шампионите. Лион е втор со 10 бода. Штутгарт со победата над Ренџерс од 2:0 во гости си ги подгреа надежите дека ќе се квалификува во нок аут фазата од Лигата на шампионите.
Головите за Штутгарт ги постигнаа Себастијан Руди во 16-та и Здравко Кузмановиќ во 59-та минута. Униера ја совлада Севилја минимално со 1:0.
Групата Г е доста замрсена а сите патници во Лигата на шампионите и Европа лигата ќе бидат познати во последното коло на 9 декември. Арсенал се пласираа во нок аут фазата откако вчера вечер го победија Стандард со резултат од 2:0. „Топџиите“ на коло пред крајот имаа 13 бода, 6 пред второпласираниот Олимпијакос кој одигра реми без голови со Аз Алкмар. Головите за Арсенал ги постигнаа Самир Насри во 35-та и Денилсон во 45-та минута. /крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.