Контакт

Спорт

Вечната класика повторно возбудува

Објавено пред

Во пресрет на неделното дерби во Барселона, мал историјат за најдобрите дерби натпревари во Ла Примера, натпреварите со најмногу голови, но и најинтересните моменти од вечната класика во Шпанија

dobivaj vesti na viber

Во 154-те меѓусебните дуели, најмногу победи  издвојувал „Кралскиот клуб“ вкупно 68 а Барселона има вкупно 60 победи. Нерешено се одиграле вкупно 30 натпревари. Барселона на „Ноу Камп“ победила 38 пати а Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабе“ победил 39 пати. Најголемата победа Реал ја остварил во далечната 1935 година на домашен терен кога ја совладал Барселона со резултат 8:2, а најголемата победа Барселона ја оствари минатата година кога на Сантијаго Бернабе го совлада Реал Мадрид со 6:2. Најмногу голови на еден натпревар биле постигнати во 1943 година во Барселона каде конечниот резултат на натпреварот бил 5:5.Формата на Реал во изминатите 5 натпревари: 25 ноември  Реал Мадрид-Цирих 1:0 (Лига на шампиони)21 ноември Реал Мадрид- Расинг Сантандер 1:0 (Ла Лига)10 ноември Реал Мадрид- Алкоркон 1:0 (Копа дел Реј)7 ноември Атлетико Мадрид- Реал Мадрид 2:3 (Ла Лига) 3 ноември Милан- Реал Мадрид 1:1 (Лига на шампиони)Формата на Барселона во изминативе 5 натпревари:24 ноември Барселона- Интер 2:0 (Лига на шампиони)21 ноември Атлетик Билбао- Барселона 1:1 (Ла лига)10 ноември Барселона- Културал леонеса 5:0 (Копа дел Реј)7 ноември Барселона- Малјорка 4:2 (Ла лига)4 ноември Рубин Казан-Барселона 0:0 (Лига на шампиони)Во прилог се најинтересните Ел Класико натпревари во изминатата декада:

1. Натпреварот со „Свинската глава“

23 април 2002 година првиот натпревар од полу-финалниот натпревар од Лигата на шампионите.

Барселона- Реал Мадрид 0:2Само две години пред овој натпревар Луис Фиго ги напушти „Каталонците“ за да потпише со вечните ривали „Кралевите“, а на овој натпревар тој се врати по повредата. Многумина неговото преминување во тимот на Реал го сметаа за предавство со оглед на фактот дека во редовите на Барселона тој беше еден од омилените играчи на навивачите на Барселона . Во текот на целиот натпревар Фиго беше исвиркуван, плукан но и навивачите фрлаа се што ќе стигнат по него. Но најужасниот момент на натпреварот беше кога Луис Фиго отиде во корнерот за да упати шут, и во истиот момент непознат навивач фрли свинска глава кон него. 2.„Галактикосите“10 април 2005 година, Реал Мадрид-Барселона 4:2„Најголемиот момент“ на Флорентино Перез кој и ги донесе „Галактикосите“ Луис Фиго, Зинедин Зидан, Роналдо, Дејвид Бекам и Мајкл Овен на Сантијаго Бернабе. За момент галактикосите заблескаа и ја победија Барселона 4:2 во Мадрид. 3.Чудото од дете созреа10 март 2007 Барселона-Реал Мадрид 3:3Натпреварот на Ноу Камп ја донесе можеби најдобрата игра од „Чудото од дете“ и штитеник на Барселона, Лионел Меси, со огледа на фактот дека го имаше своето деби во првиот тим само две години претходно. Меси го постигна својот прв хет трик во својата кариера и на три пати го израмнуваше резултатот. 97. 823-те навивачи присутни беа во делириум. 4.Тежок пораз на „Кралевите“ среде Мадрид2 мај 2009 Реал Мадрид- Барселона 2:6Сезоната се ближеше кон крајот но „Каталонците“ се соземаа и со головите на Пујол, Пике и по двата гола на Анри и Меси успеаа да го поразат Реал на домашен терен и да ја осигураат титулата во Шпанското првенство. По само неколку недели Барселона ја освои титулата и во Лигата на шампионите со Меси повторно во главната улога./крај/гол/сл



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Премиер лигата им забрани на собирачите на топки да ја враќаат топката во игра

Објавено пред

Премиер лигата воведе ново правило кое се однесува на момчињата кои ги собираат топките, пишуваат англиските медиуми. Тие повеќе нема да смеат да им ги фрлаат топките на играчите, туку ќе мора да ги ставаат на одредени места до теренот. Оваа измена е воведена за домашните екипи да не имаат неправедна предност.

dobivaj vesti na viber

Во последниве години, тренерите почнаа да им придаваат се поголемо значење на собирачите на топки, некои од нив дури лично да им даваат инструкции како да ја вршат својата работа.

Најчесто акцентот се ставаше на побрзо фрлање на топката кон играчите за да се забрза играта во обид да се изненади противникот. Исто така, собирачите на топки знаеја да прават мали опструкции кога нивниот тим ја има предноста.

Со воведувањето на оваа промена, Премиер лигата се обидува да создаде еднакви услови и за домашните и за гостинските екипи.

Прикажи повеќе...

Спорт

Чаби Алонсо ги одби гигантите ќе остане во Леверкузен

Објавено пред

Чаби Алонсо потврди дека и наредната сезона ќе го предводи Баер Леверкузен. Шпанецот со „фармацевтите“ е на добра пат да ја освои првата Бундес лигата во клупската историја. Неговиот тим, во сите натпреварувања од почетокот на сезоната, нема доживеано ниту еден пораз.

dobivaj vesti na viber

Чаби Алонсо долго време се поврзуваше со Ливерпул и Баерн Минен, клубови за кои играше во кариерата, но денес стави крај на тие шпекулации.

„Имав многу добри разговори со челниците на клубот и им кажав дека сакам да останам во Баер. Ова е најдоброто место за мене “, изјави Чаби Алонсо и продолжи:

„Нема да коментирам за Ливерпул или Баерн. Тие се големи клубови и јас сум поврзан со нив. Сепак, сега сум таму каде што сакам да бидам. Сега не е време да зборувам за иднината, сакам да се развивам понатаму во Баер. Веќе им ја соопштив одлуката на играчите “, рече 42-годишниот тренер.

Алонсо го презеде Леверкузен во октомври 2022 година, а пред тоа го тренираше вториот тим на Реал Сосиедад.

Прикажи повеќе...

Спорт

Шекил: Сакам Симонс да ме научи како за 55 натпревари заработи 80 милиони долари

Објавено пред

Изјавата на Шекил О’Нил во еден подкаст, во пресрет на почетокот на плеј-офот во НБА лигата, привлече големо внимание во САД.

dobivaj vesti na viber

Еден од најдобрите центри во историјата на кошарката, саркастично одговори на прашањето за кои играчи би платил карта да ги гледа во живо.

„Бен Симонс, затоа што сакам да научам како можеш да заработиш 80 милиони, а да одиграш само 55 натпревари. Научи ме човеку. Научи ме како можеш да одиграш 55 натпревари во три сезони и да добиеш 30 милиони, 40 милиони и уште 40 милиони само за да рекол дека го боли грбот“, рече четирикратниот шампион во НБА.

Симонс во 2016 година беше прв пик на драфтот, го избра Филалделфија, во чии редови беше до 2022 година кога се пресели во Бруклин Нетс. За Бруклин во првата сезона одигра 40 натпревари, а оваа само 15.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка

Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два...

Топ2 часа

Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница

Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ застанува зад бранот промени за стабилна и силна Македонија

Денес потпишавме Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја...

Топ4 часа

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – три млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски...

Македонија5 часа

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки,...

Македонија6 часа

Притвор од 48 часа за две лица задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион7 часа

Почна нова детаљна потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион7 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа8 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет8 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа8 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија20 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија22 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија24 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија1 ден

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија1 ден

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ1 ден

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија1 ден

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија1 ден

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...