Спорт
Јувентус победник во дербито на Италија
Торинскиот клуб Јувентус на домашен терен го победи шампионот Интер во дербито на Италија со резултат од 2:1
Јувентус победи во саботниот Дерби натпревар против Интер од италијанската Серија А со конечен резултат од 2:1. Фелипе Мело во 20-та минута погоди за водство на „бјанко- нерите“ од 1:0 по несмасната одбрана на Цезар во шеснаесетникот на Интер. Самуел Ето израмни за Интер по само 6 минути а со нерешениот резултат играчите отидоа на паузата. Трите бода во второто полувреме за Јувентус му ги донесе младиот Клаудио Маркизио во 58-та минута. Во 87-та минута Мело го доби вториот жолт и автоматски црвен картон за стартот врз Балотели.„Нашата верба и убедување променија многу. Знаеме дека Интер се одличен клуб, но победата над Интер беше многу важна. Мораме да продолжи ме вака да играме и да не го изгубиме патот, и се разбира да не заборавиме дека Милан се на бод пред нас, „изјави Маркизио.Во неделата имаше уште еден дерби натпревар, но овојпат во Рим каде што градските ривали си ги одмерија силите, но Рома ги однесе трите бода, благодарение на голот од 78-та минута од Марко Касети.Давид Пизаро беше исклучен од тимот на Рома поради двата жолти картони во рок од само две минути. Милан убедливо славеше во Милано, против Сампдорија со резултат од 3:0, благодарение на головите на Марко Бориело, Кларенс Сидорф и Алесандре Пато во првото полувреме.Фиорентина на домашен терен ја совлада Аталанта со головите од Варгас во првото и Џилардино во второто полувреме. Истиот резултат остана на натпреварот Ливорно- Киево, каде гостите од Верона беа поуспешни со головите од Ригони во првото и Бентивољио во второто полувреме.Во средината на првото полувреме Ливорно остана со 10 играчи по исклучувањето на Лукарели. Џенова и Парма ги поделија бодовите откако одиграа нерешено 2:2. Палакио погоди за водство на домаќините во 14-та минута, но Бијабијану израмни во 37-та. Истиот играч во второто полувреме зголеми за 2:1, но Паладино израмни Џенова и за конечен резултат од 2:2.Интересен натпревар со многу пресврти, голови и црвени картони се одигра во Неапол каде Наполи го совлада Бари. Барето дури во второто полувреме го отвори резултатот, а Куагриарела израмни по 5 минути за Наполи. Ранорочија го зголеми резултатот за гостите во 62-та, а Маџо и Куаргиарела ги поставија конечните 3:2. Палермо дома на Сицилија го победи Калјари со резултат 2:1./крај/лс/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Претседателот на Ла Лига јавно кажа дека е навивач на Реал
Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас отворено призна дека навива за Реал Мадрид во интервју за „Експансион“. Овој факт е познат од поодамна, но сега за прв пат е и јавно потврден. Овој детал Тебас го откри додека го коментираше евентуалниот трансфер на Килијан Мбапе во Реал.
„Прво и основно, сето ова го кажувам како навивач на Реал Мадрид. Тоа е неверојатен трансфер, Мбапе е еден од најдобрите фудбалери во светот. Не можам да кажам дека е најдобар бидејќи мислам дека Белингам е најдобар, и зад него е Винисиус“, рече тој и потоа додаде:
„Мбапе е еден од најдобрите фудбалери во светот, затоа мора да бидеме среќни бидејќи таков играч доаѓа во нашата лига. Знам како Реал Мадрид планира да го обезбеди неговиот потпис, и покрај загриженоста и нестрпливоста на медиумите. Тоа го направија во добар момент.”
Да потсетиме, Мбапе на лето доаѓа во Реал Мадрид како слободен играч, откако ќе му заврши договорот со ПСЖ.
Спорт
(Видео) Кобајаши леташе 291 метар
Јапонскиот ски скокач Рјоју Кобајаши постави неофицијален светски рекорд во Исланд прелетувајќи 291 метар, што е за 37,5 метри подобро од официјалниот светски рекорд.
Рекордот Кобајаши го постави на специјално изградена скокалница во ски-центарот Хлидарфјал.
Кобајаши ги помести границите со летови од 256, 259 и 282 метри во двата дена од пробното натпреварување, а во средата го постави конечниот рекорд од 291 метар. Осум секунди бил во воздух и достигнал најголема брзина од 107,5 километри на час.
„Долго сонував за овој скок, отсекогаш сум сакал да летам подалеку од сите други и сакам да ги поместам границите“, изјави Кобајаши по најдолгиот лет во историјата.
Според соопштението за печатот на Ред Бул, специјалната скокалница е целосно изградена од снег. Врвот на залетиштето е на 1115 метри, а зоната на слетување завршува 360 метри подолу и има наклон од 36 степени.
Јапонецот во кариерата има 32 победи во Светскиот куп, два пати беше севкупен победник, има златен и сребрен медал од Олимписките игри во 2022 година, а три пати ја освојуваше и Новогодишната турнеја.
𝟐𝟗𝟏 𝐌𝐄𝐓𝐑𝐎́𝐖 ❗️
Ryoyu Kobayashi udowodnił, że niemożliwe nie istnieje ❗️#skijumpingfamily pic.twitter.com/Or7frTerSh
— Eurosport Polska (@Eurosport_PL) April 24, 2024
Спорт
Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино
Лошата сезона на Челзи кулминација доживеа синоќа на „Емирати“. Челси беше прегазен со 5:0 од градскиот ривал Арсенал.
Медиумите, а по нив и навивачите, за дебаклот го обвинија менаџерот Маурисио Покетино.
Револтираните навивачи на „сините“, како што пренесува „Фудбал инсајдер“, бараат аргентинскиот стручњак под итно да добие отказ.
Челси, досега има 13 победи, односно победи во една третина од натпреварите во Премиер лигата, премалку со оглед на вложувањата пред стартот на првенството.