Спорт
Кире Лазаров е најдобар спортист во Македонија и странство
Македонскиот ракометар Кире Лазаров ги освои наградите за спортист на годината и најуспешен македонски спортист во странство на доделувањето на „Спортскиот оскар 2009 година“ кое се одржа вчера
„Признанието го посветувам на моите колеги, на добриот колектив кој го исфрли поединецот на сцена. Вложувајте во спортот, ние двојно ќе ви вратиме“ изјави Лазаров на доделувањето на наградите. Лазаров е најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства со постигнати 92 гола на последното првенство во Хрватска, а македонската ракометна репрезентација го освои 11-то место.Каратистката Наташа Ристевска ја освои наградата за најдобра спортистка во Македонија за 2009 година за освојување на сребрениот во Хрватска, и златниот медал на Европското универзитетско првенство во Шпанија.Најдобра машка репрезентација за 2009 година е кошаркарската репрезентација на Македонија, која го освои 9-то место од 16 најдобри селекции на Е.П. во Полска.„Овој Оскар е само дополнителен мотив за нашата репрезентација за во иднина“ изјави Врбица Стефанов.Женската ракометна репрезентација на Македонија е најдобрата женска селекција за 2009 година, а најуспешен тренер/селектор за 2009 година е Илија Темелковски, тренерот на машката ракометна репрезентација.Најуспешна спортска федерација за 2009 е ракометната федерација.Оскарот за животно дело постхумно му беше доделен на пионерот во кикбоксот Љупчо Неделковски. Специјален Оскар за млад спортист му беше доделен на каратистот Берат Јакупи, за млада спортистка за 2009 година наградата ја освои Наташа Андонова членка на ФК Неготино.Младиот пливач Андреј Стојановски е добитник на наградата за најуспешен спортист со телесен инвалидитет. Најуспешна спортска екипа од основните училишта е прогласена екипата на ОУ „Крсте Мисирков“ од Скопје, најуспешна спортска екипа од средните училишта е екипата на СЕУО Гостивар, а најуспешна спортска екипа од универзитетите беше прогласена екипата на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“Доделувањето на наградите „Спортски Оскар“ за 2009 година се одржа вчера во салата „Борис Трајковски“ во организација на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации../крај/сн/сл.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона сака да го врати Олмо
Дани Олмо, веројатно ќе го напушти Лајпциг во летниот преоден рок. Шпанскиот репрезентативец има откупна клаузула од 60.000.000 евра, сума која за богатите клубови не претставува никаков проблем.
Меѓу заинтересираните екипи се Манчестер јунајтед, Баерн и Барселона, од чија младинска школа потекнува Олмо.
Шпанецот оваа сезона одигра 22 натпревари за Лајпциг, постигна осум гола и забележа пет асистенции.
Како јуниор од Барселона премина во Динамо Загреб, како дел од трансферот на Ален Халиловиќ, а потоа за 29 милиони евра се пресели во Лајпциг.
Спорт
Ферстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18.место
Макс Ферстапен по победата во спринтот, доминираше и во квалификациите во пресрет на трката за Големата награда на Кина. Апсолутната доминација на Ред Бул ја потврди Серхио Перез кој трката ќе ја стартува од второто место.
Актуелниот светски првак со време 1:33.660 ја освои 37 пол-позиција во кариерата, а на Ред Бул му ја донесе јубилејната 100. победа во квалификациите.
Зад возачите на Ред Бул, од вториот ред трката ќе ја започнат Фернандо Алонсо (Астон Мартин и Ландо Норис (Мекларен).
Во Топ 10 место изборија Оскар Пјастри (Мекларен), двоецот од Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц, односно Џорџ Расел (Мерцедес), Нико Хулкенберг (Хас) и Валтери Ботас (Заубер).
Во квалификациите потфрли Луис Хамилтон. Седумкратниот светски првак, откако спринт трката ја заврши на второто место, во квалификациите заврши на 18.место.
Траката за Големата награда на Кина, утре ќе започне во 9 часот по македонско време.
Спорт
Капитенот на Реал го напушта клубот на крајот од сезоната
На капитенот на Реал, Начо Фернандез (34) му истекува договорот на крајот од сезоната. „Марка“ објави дека Начо го известил Флорентино Перез дека нема да потпише нов договор туку дека ќе го напушти клубот по истекот на постоечкиот.
Начо оваа сезона забележа 36 настапи и главно беше стартер, акумулирајќи 2497 минути на теренот. Сепак, тоа се должи на повредите на Давид Алаба, Едер Милитао и Антонио Ридигер.
Анчелоти претходно изјави дека случајот на Начо е идентичен со оној на Лука Модриќ и Тони Крос. Поточно, тој му порачал дека доколку како клупска легенда сака да потпише нов договор и да остане во Реал, може да го стори тоа. Очигледно тој решил поинаку.
Начо целата своја кариера е во Реал, со клубот освои 24 трофеи и одигра вкупно 348 натпревари, на кои постигна 16 гола, иако никогаш не беше прво име на одбраната.
Начо има 24 настапи и за шпанската репрезентација со која лани ја освои Лигата на нации. „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на пет милиони евра.
Според медиумите, Начо, кариерата ќе ја продолжи во Серија А, наводно прв фаворит за неговиот потпис е Интер.