Спорт
Дејвид Бекам се врати во Милан
Англискиот фубалер Дејвид Бекам во понеделник официјално се врати во Милан по втор пат во неговата кариера
Бекам ќе игра за клубот од Милано, до јуни 2010 година а ова е вториот трансфер како позајмица од Лос Анџелес Галакси во Милан. Фудбалерот уште пред да го прифати привремениот трансфер во Милан, изјави дека единствената причина поради која се согласил да дојде во Милан, е за да биде во добра форма пред стартот на Светското првенство кое ќе се одржи во Јужна Африка 2010 година.„Морам да си ја дадам најдобрата шанса за да бидам дел од англиската репрезентација, а позајмицата во Милан ќе го направи токму тоа, “ изјави Бекам. Во февруари 2010 година Бекам ќе има можност да игра против поранешниот тим Манчестер Јунајтед во нок- аут фазата од Лигата на шампионите. Првата позајмица во Милан за Бекам беше во 2008 година кога помина три месеци во клубот од Милано, каде постигна 2 гола имаше пет асистенции на 18 натпревари од италијанската Серија А./крај/дм/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Димитров го растури Алкараз во Мајами
Григор Димитров го победи Карлос Алкараз со 6:2, 6:4 во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами. Ова беше петти меѓусебен дуел на Бугаринот и Шпанецот и втора победа по ред за Димитров.
„Направи да се чувствувам како да имам 13 години“ – го опиша Карлос Алкараз поразот од Бугаринот
„Не се сеќавам некој да ме натерал да се чувствувам вака. Вакво нешто одамна не ми се случило. Не знаев што да правам. Барав решенија, но тој не ми даде. Почувствував неверојатна фрустрација.“
А 32-годишниот Димитров навистина одигра перфектно. Мечот го заврши со 24 винери.
„Генијалноста е често во едноставноста. Знаев дека морам да бидам поагресивен, да ги водам поените. Против него е многу тешко да се направи тоа“ – објасни Бугаринот како го победи шампионот на Индијан Велс.
Можеше и побрзо да победи бидејќи водеше со 4:1 во вториот сет, но потоа Алкараз успеа да врати еден брејк, но не успеа да се врати во мечот.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.