Спорт
Далас е подготвен за „Ол Стар“ натпреварот
Егзибиционистичкиот натпревар во НБА лигата, наречен Ол Стар вечерва ќе се одигра на Каубојс стадионот на кој игра фудбалскиот клуб Далас каубојс во Далас, Тексас.
Егзибиционистичкиот натпревар во НБА лигата, наречен Ол Стар вечерва ќе се одигра на Каубојс стадионот на кој игра фудбалскиот клуб Далас каубојс во Далас, Тексас.
Овогодинешниот Ол стар натпревар ќе прв по тоа што ќе се одигра на затворен стадион на кој собира и до 90 илјадна публика, а оваа година публиката нема да може да ги гледа ѕвездите на НБА, Коби Брајант, Ален Ајверсон, Крис Пол и Брендон Рој.
Меѓу ѕвездите кои ќе настапат во тимот на источната конференција ќе бидат Двејн Вејд, Леброн Џејмс, Дерик Роуз и Кевин Гарнет, додека пак во тимот на западната конференција ќе настапат Стив Неш, Кармело Ентони, Тим Данкан, Дирк Новицки, и По Гасол.
Тренер на источната конференција ќе биде тренерот на Денвер Нагетс, Џорџ Карл на кого ова ќе му бите четврти пат да биде тренер на Ол Стар тим а на источната тренерот на Орландо Меџик, Стен ван Гунди кој по втор пат ќе води Ол Стар тим.
Американската химна ќе ја испее кантри – пејачката Гречен Вилсон, а канадската, четворица тенори. На полувремето публиката ќе биде забавувана од пејачите Алиша Кис, Шакира и Ашер.
На вчерашниот Ол стар натпревар во забивање, победи кошаркарот на Њујорк Никс, Нејт Робинсон, во шутирање од линијата за три поени, победи Пол Пирс од Бостон Селтикс а Стив Неш беше победник во дриблање./крај/нба/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.